Министерството за образование и наука поднесе тужба против рецензентите на учебникот по предметот Општество за петто одделение за деветгодишното основно образование.
Либерално-демократската младина ЛиДеМ и советничката група на ЛДП во Собаранието на Град Скопје поденесоа инцијатива за воведување бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај во главниот град за редовно запишаните студенти на сите државни и приватни универзитети.
Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во август годинава изнесуваше 11.891 денар и во однос на претходниот месец е на истото ниво.
Двесте и десет апликации се пристигнати за 60-те станови за млади брачни парови во населбата Лисиче во општина Аеродром, што по електронски пат ќе бидат распределени денеска, информира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.