Една од најтрагичните последици на канцелариската политика е тоа што несигурниот или неспособниот шеф обично го опкружуваат идиоти, додека способните луѓе или ги отпуштаат или ги праќаат во најдалечниот агол.
Зар не е прекрасно што можете да ткаете килимчиња од стари хулахопки! И што можте да ги победите и најбрзите тинејџери од вашето маало? Секој си има свое хоби. Меѓутоа според мое мислење луѓето што нестрпливо ги очекуваат викендите за да им се оддадат на своите хобија и не мислат на ништо друго ни во текот на неделата, се чувствуваат несреќни на своите работни места и би требало да си побараат ново.
Постојат голем број услови за безбедност на производите, кои домашните компании мора да ги исполнуваат за да можат своите производи да ги извезуваат во земјите на Европската унија.
Како да ги натераме своите колеги да го прават тоа што сакаме ние кога не се должни за тоа? Или дури и кога се должни? Не го претпочита секој овој вид "преувeличување на пречките", што бара туѓа помош, но јас немам ништо против да го користам.
Следниот проект не ве остава на мир. А крaткиот рок истекува. Добро, значи мора да позајмите неколку идеи. Една моја пријателка од Калифорнија, составувачка на реклами, неодамна итно ми се јави во Њујорк. “Помош!
На својата нова должност можете да играте две основни улоги. Или да бидете беспрекорна, стегната, ефикасна, аналитична, критична, цврста деловна жена што дува како ураган, која постојано ги претвора двете ливчиња со завршена работа во огромен куп, или да одите помирно (за восхит на сите).
Да бидете совршена во работата, тоа е многу секси. Таквата жена е многу поинтересна отколку некоја мрзливка или несмасница. Мажите ги сакаат несмасниците на своето работно место исто колку што ги сакаат и дома.
Можно е се уште да не сте ја постигнале таа состојба на свеста и да не планирате менување на работното место. Но за ништо на светот не треба да си дозволите да бидете макар и една година повеќе само секретарка без никакви гаранции за нешто подобро во блиска иднина!
А што да речеме за луѓето што не чувствуваат никаков страв? За оние што се подготвени за големи дела, но како се уште да не узреале за нив? (Некои готвачи, како и некои шефови, едноставно не знаат кога да ја извадат тортата од рерната.)
Една од моите успешни пријателки тврди дека во целиот приод на извршување на ропските должности, жената никогаш не треба да заборава да се претставува како богата и успешна!
Како се совладува уметноста да бидеме облечени истовремено и секси и пристојно на работното место?
Пристојното нека оди по ѓаволите! Суштината на проблемот повеќе е како да се облечеме доволно секси за да му помогнеме на развојот на кариерата.
Не можеме да ги одминеме ни жените шефови, како и другите повисоко поставени службеници од женскиот пол во офисот. Познати се како посебно гадна сорта – пикаат запалени прачки под нозете на кутрите секретарки и други слични ужаси.
Не можеме да ги одминеме ни жените шефови, како и другите повисоко поставени службеници од женскиот пол во офисот. Познати се како посебно гадна сорта – пикаат запалени прачки под нозете на кутрите секретарки и други слични ужаси.
Ако сакате, поврзете се и со мафијата, но никогаш и за ништо на светот не мешајте се во меѓусебните односи на својот шеф и телефонистките од централата!
Освен постојаното дополнување на самодовербата на шефот со дискретни, мали комплименти, ваша постојана обврска е да го избирате најдоброто од службениот озборувачки канал, како и да бидете во чекор со задолжителните слухови за групирања, банкроти и откази во фирмата.
Повеќето шефови страдаат од секундарно стекната несигурност (како впрочем целиот човечки род), поради што чувсрвуваат постојана потреба да бидат уверени дека некој ги сака. Тоа не мора да сте лично вие.
Проблемот е во тоа што таквите врски обично завршуваат несреќно. Има две можности – или се венчавате – што не е најлошото од се, но сигурно ќе ги измени вашите односи, и тоа не во ваша корист; или тој веќе е женет и вие не можете да поднесете да ги гледате како се шетаат држејќи се за рака, а тој упорно одбива да се разведе и да се ожени за вас
„Ако си добра секретарка, ќе ги уживаш поддршката и почитта на некои од најмоќните мажи на светот, но ако работиш нешто друго, веднаш ќе те истераат! Но ако успееш да се пикнеш внатре, гледај и планирај го својот следен потег!“