Катастрофалниот земјотресот во Чиле, којшто е петтиот по јачина во последните 100 години, може да влијае позитивно на економијата во земјата во оваа година. Ова го прогнозираат од американската инвестициона банка JPMorgan, затоа што според нив, заздравувањето од земјотресот со јачина од 8,8 степени по Рихтер, ќе ја зголеми економската активност.
Главниот извршен директор на „Џенерал Моторс“, Ед Витакер, ќе добива годишна плата од 1,7 милиони долари, како и акции во вредност од 7,3 милиони американски долари, предава БиБиСи.
Џобс на чело на „Епл“ дошол во 1997 година, кога компанијата имала поголеми проблеми. Меѓутоа тој, во изминатите 13 години, значително го унапреди работењето и имиџот на познатиот произведувач на компјутери и друга информатичка опрема.
На светскиот пазар на труд дури 43 милиони луѓе би можеле да останат без работа, доколку владите на земјите прерано ги укинат мерките за стимулирање на економијата, предупреди Меѓународната организација на труд (МОТ).
Европските банки излегоа од кризата поголеми, отколку што беа пред неа и на тој начин се претворија во уште поголема закана за европските економии. Петнаесет европски банки веќе имаат активи поголеми од бруто-домашниот производ на земјите во кои се базирани, предава „Блумберг“.
НАТО сојузот, кој е синоним за воена надмоќ и влијание, заглави во финансиски проблеми. Неговите 28 членки трошат повеќе пари отколку што се сливаат во касата на Сојузот, а такво нешто се уште не е забележано во неговата 60 - годишна историја.
Познатата модна куќа „Манго’“ претстави шест женски маички со апликации на различни слогани од реномираниот бразилски писател Пауло Коелјо. Мини колекцијата „Манго и Пауло Коелјо„ ќе биде достапна во многу продажни места на „Манго“ ширум светот.
Со одлука на владата на Република Македонија, поскапе патната такса за моторните и патничките возила. Па така во зависност од возилото и неговата големина таа ќе изнесува:
Претседателот на Светска Банка, Роберт Зелик, ги повика САД да не го сметаат доларот како загарантирана резервна светска валута. Причината за тоа се согледува во развиените неколку алтернативи во оваа област, смета Зелик.
Совети за рано станување Некои од нас се ноќни птици, други пак рано го започнуваат денот. Во зависност од тоа каков хронотип сме зависи кога и колку долго спиеме. Во светот повеќето луѓе стануваат рано и рано го започнуваат денот.
Во последната година Lehman Brothers се претвори во најчесто споменуван играч во финансискиот сектор. Тоа јасно се гледа во сите извори на информации. Парадоксот се состои во тоа што по банкротот на банката, не успеа да ја искористи својата зголемена популарност.
Цената на златото го надмина клучното ниво од 1.000 долари за унца во почетокот на неделата, што е покачување со над 5 отсто за последниот месец и речиси 15 отсто од почетокот на годината.
Аргументите за светска валута се многу подобри од што можеби мислите. Јасно е дека алтернативата на доларот има перспективен пазар кој може да се развива дури и тоа да не им одговара на САД.
Американскиор економист Нуриел Рубини го оцени развојот на економската криза. Специјалистот изјави дека не верува во способноста на Кина, да биде земјата- двигател кој ќе го извлече светот од рецесијата.
Социјалната мрежа „Фејсбук“ планира да го зголеми својот персонал за 50 отсто во текот на оваа година, за да го искористи вишокот на инженери на пазарот на труд поради рецесијата, соопшти извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг.
Околу 150 до 200 банки во САД нема да ја „преживеат “ сегашната економска криза, изјави аналитичарот Ричард Боув, познат по многубројните предвидени банкроти во земјата за оваа година.
10 јули (Bloomberg) – Економијата на САД ќе се развива побрзо отколку претходно направената прогноза од втората половина на оваа година и 2010 год. како што заживувањето на потрошувачката сигнализира завршување на рецесијата, спрема анкетата на Bloomberg News
Грција прави пакет на економски стимулации кои ке бидат вклучени во каков било компромис што се однесува до решавање на името со проблемот со Република Македонија.