Четврток
18.03.2010










Во банките повеќе магистри и доктори - помалку средношколци

Финансискиот сектор се „наоружува“ со стручни кадри

20090626_banki
Во банките е присутен трендот на постепено зголемување на учеството на вработените со високо образование, доктори на науки, магистри и вработени со висока стручна подготовка, за сметка на намалувањето на учеството на вработените со понизок степен на образование, вработени со виша стручна подготовка, средна стручна подготовка и останати профили на кадри. На ниво на поодделните групи банки, најповолна квалификациска структура на вработените и понатаму е присутна кај групата средни банки, каде што вработените со повисок степен на образование (доктори на науки, магистри и вработени со ВСС) претставуваат над 60% од вкупниот број вработени

Домашниот банкарски сектор се „наоружува“ со стручни кадри. Во изминатите години банките ја зацврстија својата позиција на финансискиот пазар, поминаа низ фази на трансформација, преземања и влез на странски капитал. Тоа дополнително ги мотивираше да ги едуцираат своите  тимови и да вработат млади стручни кадри. Вистинско освежување, и во поглед на изгледот и поставеноста на работите во банките се забележува со влез на странските банкарски брендови, што во потполност ја измени сликата и перцепцијата за банките за затворени институции. Шалтерите на банките се повеќе во неформален стил, што особено остава простор за поблизок однос со банкарските службеници, надополнето со модерниот ентериер и срдечните насмевки на банкарите, со  добро спакувани банкарски производи, атрактивни промотивни материјали и големи билборди. Модерните текови во банкарскиот систем го одбележуваат особено високо стручните кадри, а во изминатите години се случи вистинска експанзија на вработувања во банките. Странските акционери кои ги преземаа банките   бараат квалитетни кадри со кои ќе можат да ги реализираат своите цели и стратегии и да остварат високи профити. Трендот на квалитативно подобрување на образовната структура на вработените се очекува да придонесе за дополнително подобрување на системите за управување со ризиците, а во тие рамки, и на севкупното работење на банките. Годинава банкарите ги забавуваат планираните активности на полето на вработување поради кризата. Сепак, квалитативното подобрување на квалификациската структура на вработените во банките продолжува, како што беше и во  текот на 2008 година. Трендот на постепено зголемување на учеството на вработените со високо образование, доктори на науки, магистри и вработени со висока стручна подготовка, за сметка на намалувањето на учеството на вработените со понизок степен на образование, вработени со виша стручна подготовка, средна стручна подготовка  и останати профили на кадри беше присутен  во текот на целата ланска  година. На ниво на поодделните групи банки, најповолна квалификациска структура на вработените и понатаму е присутна кај групата средни банки, каде што вработените со повисок степен на образование и тоа доктори на науки, магистри и вработени со ВСС, претставуваат над 60% од вкупниот број вработени. Генерално, вкупниот број вработени во банкарскиот систем во Република Македонија продолжува да расте. На 31.12.2008 година, вкупниот број вработени во банките достигна 6.111 лица, што е за 721 лице, или за 13,4% повеќе во споредба со крајот на 2007 година. Најголем дел од вработените во банкарскиот систем отпаѓа на групата големи банки, иако кај нив е присутен тренд на постепено намалување на учеството, за сметка на зголемувањето на учеството на вработените во групата средни банки. Во однос на 31.12.2007 година е забележано незначително зголемување на учеството на бројот на вработените кај групата мали банки, од 0,5 процентни поени.

Инаку, заклучно со крајот на ланската година, банкарскиот систем на Република Македонија го сочинуваа осумнаесет банки и единаесет штедилници, што е непроменета состојба во споредба со крајот на 2007 година. Банките ја задржаа доминантната позиција во банкарскиот систем, а улогата на штедилниците минимално се промени во однос на крајот од 2007 година. Трендот на зголемување на бројот на банките во доминантна сопственост на странски акционери  продолжи во текот на ланската година. Како резултат на ваквите движења, на 31.12.2008 година, учеството на странскиот капитал во вкупниот акционерски капитал на банките изнесуваше 74,3%, што е за 5,2 процентни поени повеќе во споредба со крајот на 2007 година. Од нив, осум банки се во сопственост на странски банки, чиешто пазарно учество во вкупната актива на банкарскиот систем изнесува 59% на 31.12.2008 година, што зборува за позитивните промени во делот на вработувањата и инвестирањето во ширење на деловната мрежа, што се одвиваше со засилено темпо и во текот на 2008 година. На 31.12.2008 година, банкарската мрежа ја сочинуваа 409 деловни единици, што е за 76 деловни единици или за 22,8% повеќе во однос на 2007 година. Како и во претходната година, најголема експанзија на мрежата на деловни единици беше присутна кај групата средни банки на која и припаѓаат 45 (или околу 60%) од новоотворените деловни единици. Податоците покажуваат дека македонскиот банкарски систем врти нова страница во банкарската историја на финансискиот систем и фаќа чекор со модерните банкарски текови.

М.Георгиевска

Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78







ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани