Четврток
11.03.2010










Европа не дава пари ако нема контролен систем

Аграрот мора да се спастри по теркот на ЕУ

20090626_eu
Со воведувањето интегриран административен  и контролен систем, единствен регистар на фарми и систем за идентификација на земјишните парцели ќе се зајакнат капацитетите за ефикасно спроведување на националната земјоделска политика

Европската унија ја казни Словенија со 1,5 милиони евра поради грешката направена при евиденцијата на добиточниот фонд. Словенците се жалеа на таа одлука, тврдејќи дека нема намерни манипулации во однос на бројната состојба на  добитокот. Меѓутоа, ЕУ има мошне мошне строги критериуми кога станува збор за административниот и контролниот систем за податоците од базните станици.
Во словенија за евиденција на добитокот се отворени 38 базни станици, така што грешка е можна единствено во нивното поврзување,  а не во бројната состојба.

Каков ќе биде крајниот исход од изречената казна засега не може точно да се каже.Сепак, како што вели Цирил Смркољ, претседател на словенечката Комора за земјоделство и шумарство, тоа треба да биде добра поука и за Република Македонија. Земјоделците треба многу добро да се подготват за тоа што треба да го направат, да знаат како да се организираат при исполнувањето на обврските, да ги применуваат стандардите за безбедна храна, како и да аплицираат за обезбедување средства од европските фондови. Битно е, исто така, да се инсталира и соподветен  систем на база на податоци кој ќе биде во согласност со престрогите критериуми на ЕУ за евиденција на имотот. Тука станува збор, пред се, за добиточниот фонд, идентификацијата на земјишните парцели, земјоделските стопанства и фарми итн. Тој  систем е многу значаен за настап пред европските фондови, но и за сумата на средства што ќе ја определи ЕУ за македонското земјоделство и руралниот развој. Според последната оценка на Европската комисија, Република Македонија бележи значителен напредок во усогласувањето на законската регулатива  за земјоделството, руралниот развој, како и за земјоделското земјиште со легислативата на ЕУ. Меѓутоа, во однос на идентификацијата  и мрежата за прибирање на податоци се уште не е постигнато потребното ниво.

Токму од тие причини  во земјава веќе се работи на зајакнувањето на институционалните и на другите капацитети за креирање на ефикасен систем за  контролирање на националната политика и на програмите за директна поддршка на земјоделството. Но, и за правилно насочување и користење на средствата од европските претпристапни фондови. За тоа се користат и средства од ЕУ како помош во вредност од  1,5 милиони евра, што треба да се потрошат оваа и слредната година. Тие ќе се пласираат преку проектот за поддршка на подготовките за ИПАРД, во рамките на приоритетните зафати што треба да се реализираат се воведувањето на интегриран административен  и контролен систем, единствен регистар на фарми и систем за идентификација на зем јишните парцели. Дел од тие активности веќе се отпочнати, меѓутоа нивното спроведување ќе продолжи со уште позабрзана динамика. Дотолку повеќе што искуствата од другите земји покажуваат дека тука не треба да се направт никакви пропусти, зашто административниот и контролниот систем на ЕУ е прецизен и доста ригорозен. Особено, за новите земји-членки на Унијата, како и за претендентите за членство во неа.

Така, според утврдената динамика, формирањето на  единствен систем за идентификација на земјишните парцели  треба да заврши до крајот на 2010 година. Паралелно се работи и на создавање интегриран административен и контролен систем, како и единствен регистер на фарми, зашто тоа е основата за  креирање на ефикасен систем за администрирање и контролирање  на земјоделската политика. Во системот за идентификација на земјоделското земјиште, на пример, ќе се евидентираат сите сопственици на земјоделски парцели. Но, и корисниците на концесии и на договори за закуп на државно земјоделско земјиште, заради обезбедување на целосен увид во начинот на користење на земјиштето со статус на државна сопственост. Тоа е во прилог на сите напори што се прават за  надминување на постојните проблеми во користењето на земјоделското земјите во земјата,воопшто. Всушност, тоа е во  согласност и со новата земјишна политика што  ја спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како надлежен државен ресор.

Накусо, со ваквата воспоставена координација во спроведувањето на системот за идентификација на парцелите, Министерството ќе има целосен увид и врз начинот на користење на државното земјиште, како и на видот на културите кои се одгледуваат. Освен тоа, ќе се располага и со прецизни и точни податоци за големината на фармите кои ги користат поединечни земјоделци, без разлика дали се во државна или во приватна сопственост. Тоа е еден од условите за успешна работа на Агенцијата за плаќања, како и за користење на средствата од претпристапните фондиви на ЕУ (ИПАРД), што е многу битно.

Б.Д.

Став

Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност
Методи Мајнов, Мој Фонд АД Скопје
Дон Кихот и ветерниците
Горан Коевски, професор по трговско право
Писмените договори - најдобри за младите бизнисмени

Mуабети

Муабети од улица Македонија
Стари скопјани и нови дечки

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ОХИС 2,57%
РЖИТ
1,25%
РАДЕ
0,70%
РМДЕН05
0,36%


ТОП ГУБИТНИЦИ

ОКТА
-11,24%
РЖЛЕ -9,84%
РЖУС -9,67%
ТПЛФ -8,84%
ГРНТ
-5,61%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,852 02
-4,00%
МБИД 3,042 61
-4,66%
ОМБ 109 79
-0,06%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78







ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани