Четврток
11.03.2010










Новиот газда на „Toyota“ предупредува на уште две тешки години

Токио

20090626_toyota
Токио (Ројтерс) – Новиот претседател на Toyota Motors Corporation, внукот на основачот на компанијата, во вторникот предупреди дека автомобилската индустрија ќе се соочи со уште две тешки години притоа изнесувајќи ја својата стратегија за враќање во профит на светската водечка автомобилска компанија.

Toyota ќе има за цел да изгради повеќе автономни операции во Северна Америка и ќе се фокусира на маркетинг на автомобилска линија специфична за регионот, наместо да нуди комплетна автомобилска линија за секој регион. Акио Тојода изјави на неговата прва медиумска конференција.

Повеќето фабрики на Toyota низ светот не се користат откако светската рецесија ја загрози продажбата на автомобили и прати во стечај два од трите големи американски производители на автомобили.

“Ќе направиме се` за да избегнеме трета последователна година на загуба“ – Тојода им изјави на новинарите.

Тојода исто така изјави дека Европа ќе се фокусира на хибридни модели.

Нивниот реновиран Приус хибрид, лансиран минатиот месец, беше светла точка која придоби 180 000 нарачки на истиот во Јапонија.

Досега производството е ограничено на два погони, создавајќи тешкотија во испорачувањето, но аналитичарите велат дека овие автомобили со мала потрошувачка на бензин ќе консумираат поголем дел од продажбата на Toyota  отколку другите профитабилни автомобили.

Тојода изјави дека има за цел да ја врати компанијата на „својата основа“ – ветување исто дадено од неговиот претходник, Кацујаки Ватанабе кога ја презеде компанијата во 2005 год. кога фабриките на Toyota се наоѓаа пред висока побарувачка.

Тенденцијата за остварување профит нема да вклучува затворање на погони, изјави на медиумската конференција заменикот претседател Ацуши Ними.

„Моментално, пазарот е доста тежок. Но ќе се закрепне за две, најмногу три години поради што сакаме да се погрижиме да ги имаме потребните средства за исполнување на побарувачките“, рече Ними, кој го води производството во новиот извршен тим на Тојода.

На годишниот состанок од оваа година, Toyota им вети на акционерите дека ќе се потруди да закрепне од оперативните загуби од 461 билион јени (4,8 билиони долари).

Оваа година до 10ти  март, покажа уште поголема загуба, од 850 билиони јени,
иако општата прогноза укажуваше на многу помала загуба од 495 билиони јени.

За разлика од банкротираните американски ривали Chrysler и General Motors, Toyota вели дека ќе ја преброди тенденцијата на економското опаѓање без да скратува работни места.

Многу директори на индустрии рекоа дека неодамнешните продажни трендови на големите пазари како оние на Америка и Јапонија покажуваат дека продажбата го достигна дното, но мислењето е поделено дали таа убедливо ќе закрепне.

„Компанијата ќе мора да научи да се адаптира на новата парадигма, пораст на ниската продажба и повисока потрошувачка на технологија. Но нивните изгледи за оваа адаптација се подобри отколку оние на американските компании“, изјави Јоџи Такеда, заменик претседател  на RBC Investment Management (Asia) Ltd.

„Со новата управа, ќе мора да прави континуирани и брзи чекори за намалување на трошоците. Можна е реорганизација со цел да се намали вишокот на капацитет. Тојода како член на основачката фамилија може да помогне овие промени да се одвиваат побрзо. За две години ќе биде многу посилна компанија“.

Во УСА, досега најголемиот и до неодамна најпрофитабилниот пазар на Toyota,
продажбата опадна за 38 % од почетокот на годината до денес.

Објавените податоци од вторникот покажаа дека глобалното производство на Toyota, вклучувајќи ги и производните единици Daihatsu Motor Co и Hino Motors Ltd, опадна за 38 % минатиот месец до 501 685 автомобили.

Процентот на продажба на Toyota опадна за 1,3 процентни поени и покрај лансирањето на Приус.

(1$ = 95, 72 јени)

Преземено од Ројтерс
http://www.reuters.com/article/newsOne/idUSTRE55O0YB20090625?pageNumber=...

Коментари

Viagra

Buy Xanax

Buy Ambien

Phentermine

Xanax

Xanax

Buy Ambien

Xanax

Cigarettes

Buy Viagra online

Buy Phentermine

Buy Cialis

Cheap Valium

Valium

Cialis

Buy Phentermine

Cheapest Cialis

Phentermine

kPxBGFzE

qKlOkK kPxBGFzE

Став

Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност
Методи Мајнов, Мој Фонд АД Скопје
Дон Кихот и ветерниците
Горан Коевски, професор по трговско право
Писмените договори - најдобри за младите бизнисмени

Mуабети

Муабети од улица Македонија
Стари скопјани и нови дечки

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ОХИС 2,57%
РЖИТ
1,25%
РАДЕ
0,70%
РМДЕН05
0,36%


ТОП ГУБИТНИЦИ

ОКТА
-11,24%
РЖЛЕ -9,84%
РЖУС -9,67%
ТПЛФ -8,84%
ГРНТ
-5,61%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,852 02
-4,00%
МБИД 3,042 61
-4,66%
ОМБ 109 79
-0,06%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78







ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани