Бил Гејтс вели дека најдобриот совет што го добил од неговиот пријател и колега милијардер Ворен Бафет бил: да не ги комплицира работите.
Магазинот „Fortune“ го замоли „домаќинот на влијателни лидери“ да му ги каже „мудрите зборови кои засекогаш им го променија животот“.
Енди Сервер од „Fortune“ го интервјуираше Гејтс и неговиот татко, Бил Гејтс постариот.
„Кој е најдобриот совет што сте го добиле од Ворен Бафет?
Гејтс помладиот: Добив многу добри совети од Ворен Бафет. Би рекол дека еден од најинтересните беше оној како да не ги комплицирам нештата. Гледаш во неговиот распоред, доста е едноставно. Зборуваш со него за одреден случај за кој тој мисли дека би бил атрактивен, знае основни бројки и факти во врска со тоа. Ако е помалку комплицирано, тој мисли дека е нешто во кое тој би одбрал да инвестира. Избира работи за кои има модел, модел кој е предвидлив и кој ќе функционира подолг временски период. Има неверојатна способност да ги сумира нештата, да работи само на оние навистина важните и да размислува базично. Тоа е посебна форма на генијалност“.
Гејтс исто така му се восхитува на Ворен „како може да биде добар со сите“, дури и кога ги одбива нивните барања или ја доведува во прашање нивната логика. „Знаете, тоа е посебен талент и се најдувам себе си како размислувам, Хмм, како Ворен би рекол дека ова е пријателски начин?“
Преземено од CNBChttp://www.cnbc.com/id/31487207
Коментари
ekgfeda
jcsSXFfEXGk
bByagdMGhpKtbIKNnD