Економската перспектива се подобри за прв пат во последниве две години, но високата невработеност и зголемените буџетски дефицити можат да го запрат и онака слабото закрепнување, изјави OECD во средата.
OECD во нивниот економски извештај смета дека кај нејзините 30 членки опаѓањето е блиску до дното. Анемичниот пораст од 0,7 % би требало да се врати во регионот идната година, после овогодишниот пад од 4,1 %.
Toa беше многу слабо подобрување од нивната претходна прогноза за намалување за 0,1 % во 2010 година, следејќи го овогодишниот пад од 4,3 %.
„Ова е прв пат од 2007 год. да ние ја ревидираме проекцијата“, изјави во Ројтерс главниот економист на OECD, Јирген Елмесков.
„Лошите вести се дека проекцијата се` уште го имплицира фактот што сега само се приближуваме кон дното и закрепнувањето кое ќе следи ќе биде многу бавно, најверојатно и болно“.
Светскиот пазар постепено ќе се стабилизира и потоа пополека ќе се покачува кон крајот на годината, изјави OECD.
OECD ја пофали американската стимулативна политика, велејќи дека таа го поплочи патот за закрепнување во втората половина на 2009 год.
Јапонија исто така покажува знаци дека рецесијата се ближи кон крајот, но закрепнувањето ќе биде бавно и економскиот застој ќе ја потврди дефлацијата,
се вели во извештајот.
Но, тврдењето за покачување во европскиот регион беше тешко да се дефинира поради спецификите во одредени земји вклучувајќи ги економските кризи, намалениот извоз и проблеми во финансискиот сектор.
„Евентуалното закрепнување може да се одвива бавно во овој регион, затоа што зголемената невработеност ги оневозможува потрошувачите да трошат“, изјави OECD.
Во Кина и други големи држави кои не се членки на OECD, се очекуваше дека закрепнувањето ќе се одвива многу побрзо, изјави OECD.
Според извештајот, ризиците беа многу побалансирани од порано. Претпоставката дека финансиските пазари нема да се стабилизираат пред 2010 год може да испадне да биде премногу конзервативна.
„Негативна страна е, прво тоа што ако немаме доволно убедлив план за фискална консолидација... второ е понатамошниот пораст на невработеноста може многу повеќе да влијае домашната потрошувачка отколку што очекувавме“, изјави Елмесков.
Просечната невработеност во земјите членки на OECD ќе порасне до 9,8 % следната година од 8,5 % во 2009 год.
За да се избегне падот, важно беше да се избегне предвременото повлекување на фискалните стимулации каде што тоа е можно, изјави OECD.
Земји со релативно мал долг, вклучувајќи ги Германија, Канада, некои нордиски земји и Швајцарија, имаат можност за побрзо и полесно закрепнување во 2010 год.
Но состојбата на државните финансии во други земји, како Јапонија, Италија, Грција, Исланд и Ирска не остави многу простор за маневрирање без да има силна спротивна реакција на финансиските пазари.
Неуспехот да се испрати правилниот сигнал за повлекување на стимулациите може да предизвика страв од инфлација, да води кон зголемување на приходот од обврзници што може да го отежне закрепнувањето.
OECD ги советуваше централните банки да ги одржуваат каматните стапки блиску до нула во текот на 2009 и 2010 год. за да почне самото закрепнување, додавајќи дека Европската Централна Банка се` уште не беше во овој стадиум.
Исто така централните банки треба да воспостават неконвенционални мерки додека закрепнувањето е во тек и условите на финансиските пазари не се вратат во нормала.
Преземено од CNBC http://www.cnbc.com/id/31535138