Сабота
04.09.2010










Одберете богат но не и млад шеф

Сексот и работното место: Кариера, морал романси, интриги, драми и разочарувања

20090703_sexot3
Прво нешто што треба да го направите е си најдете соодветен шеф.Можно е во младоста да доживеете и неколку неуспешни професионални избори, но откако ќе стекнете повеќе искуство, сигурно ќе бидете во состојба да најдете богат, успешен, убав , мил, прекрасен, блескав шеф со фантастични пријатели.

Ова автоматски ги елиминира повеќето од шефовите помлади од триест и пет години ( кои се егоистични, нервозни и речеси непрекинато раздразливи и се чини дека единствениот начин да се справиш со нив е да ги држиш под постојана наркоза), но сепак остануваат на располагање голем број потенцијални такви.

Некои луѓе живеат со убедување дека, штом еднаш станеш секретарка во некоја фирма, веќе никој нема да те погледне како нешто друго освен како секретарка. Но лично јас сметам дека оние што цел живот остануваат секретарки, тоа го прават сосема доброволно, зашто се чувствуваат среќни со таа работа. Ако сакате верувајте, но добрите компании демнат како тигри во барањето на луѓе што можат да се издигнат. Но сепак нема ништо лошо  во тоа цел живот да бидеш „закована“ за своето секретарско биро. Секретарките на извршните директори се познаваат со некои од најблескавите мажи на светот и живеат исклучително интересен живот.

Да. Дотука станува јасно дека секретарската работа може да се искористи или за постојана работа или како трaмбулина за нешто поголемо. Се зависи од вашите
желби и можности.

СПРОТИ ТЕКОТ

И се обратив на модната директорка на една од најголемите американски компании за производство на ткаенини со прашање како да ја претвориме секретарската работа во инструмент на својот напредок.  (За неа таа била токму таква). „Додека си секретарка – ми рече таа – потруди се да научиш што е можно повеќе за работата на која се посветила твојата фирма, независно од тоа дали се работи за издавање на книги или производство на виршли. Гледај и учи и нуди ги своите услуги за секој ситен проект во кој ќе решат да те вклучат! Помагај им на сите и во се! А кога ќе почнеш да бараш нова работа, може и да ја немаш неопходната титула, но мирно можеш да речеш, на пример: „Знаете што, иако моето име не фигурира во овој извештај, повеќето луѓе овде ги инервјуирав лично јас“. Чувај го секое ливче хартија што би можело да го докаже твоето учество во разни проекти!“
Понатаму ќе зборуваме повеќе за начините како се излегува од зад секретарското биро. Засега да си замислиме дека веќе сте секретарка – со планови за вашиот иден развој или без такви планови. Како да извлечеме најголема корист и среќа од таа работа?

БАРАЊЕ БРОЈ ЕДЕН

Ако имате намера да преживеете една од најзадоволителните вски, то ест врската што ги надминува сите други, првото нешто што треба да го направите е си најдете соодветен шеф. Да, токму така! Можно е во младоста да доживеете и неколку неуспешни избори, но откако ќе стекнете повеќе искуство, сигурно ќе бидете во состојба да најдете богат, успешен, убав , мил, прекрасен, блескав шеф со фантастични пријатели. Ова автоматски ги елиминира повеќето од шефовите помлади од триест и пет години ( кои се егоистични, нервозни и речеси непрекинато раздразливи и се чини дека единствениот начин да се справиш со нив е да ги држиш под постојана наркоза), но сепак остануваат на располагање голем број потенцијални такви.
Иако, дури и попосебно прецизен избор, пак сте начекале некој губитник – а и одамна ви поминало времето кога сте можеле да трпите такво однесување, зашто веќе знаете колку вредите – најдоброто што можете да го сторите за него е да го отпуштите! Известете го две недели однапред и составете му лична афтобиографија што ќе и ја покажува на својата следна секретарка – се разбира, ако таа сака да дознае каков му е карактерот.

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани