Среда
08.09.2010










МБИ – 10 ги следи светските индекси

Дневен брокерски извештај - 06 јули 2009

20090707_brok
На Македонската берза денеска бевме сведоци на уште еден пад, со што бројката дојде до 5 сесии по ред. Инвеститорите уште пред почетокот на тргувањето ги повлекуваа или менуваа за пониски своите куповните налози, а со тоа и продавачите мораа да ги симнуваат сопствените цени. Прометот повторно падна на ниските 7,2 милиони денари, од кои 1,44 милиони беа реализирани во промет со обврзници. Главниот индекс МБИ-10 падна за -2,57% и дојде до вредност од 2.396,88 индексни поени. МБИД исто така падна за -2,23%, како и ОМБ кој падна -0,38%. Скоро сите азиски и сите европски индекси беа во црвена територија додека го пишувавме овој извештај.

Најголем (ако така може да се каже) беше прометот од 1,59 милиони денари реализиран со истргувани 530 акции на Стопанска банка од Битола. Овие акции како да влегуваат во зоната на препродаваност, а нивната цена падна за -2,21% во просек. Уште само Комерцијална банка имаше промет поголем од 1 милион денари. Беа истргувани 527 акции од оваа банка за 1,26 милиони, што значеше пад од -3,91% и просечна постигната цена од 2.402 денари. Трет по промет беше Гранит со 1.122 акции истргувани за 606 илјади денари и пад од -2,15% и просечна цена од 540 денари за една акција.

Најголем пад денеска имаа акциите на ОКТА, цели -9,96%. Сите 63 акции се истргуваа на минималната цена за денес која изнесуваше 2.520 денари. Втор по пад беше Земјоделскиот комбинат од Битола, кај кој беше истргувана само една акција по 3.700 денари, односно со -9,76%. На Редовниот пазар позабележителен пад имаа акциите на Стопанска банка од Скопје и РЖЛВ. На крајот на тргувањето, акциите на Стопанска банак од Скопје изгубија -6,77%, или во просек завршија со -5,59%, а беа истргувани 630 акции по 197 денари. Кај РЖЛВ падот се случи во првата половина  на тргувањето кога еден продавач изврши дистрибуција на 3.100 акции на шест купувачи. Цената во просек падна за -3,85% и изнесуваше 100 денари.

Останува да видиме како ќе се завршат европските и американските берзи.

20090707_analiza_broker

Коментари

lYTzhDiTKntKthvOC

Jusdbfedfwf

ISPBHeCKUNO

Wefwjnegjjw

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани