Среда
08.09.2010










Повторно пад на домашните акции

Дневен брокерски извештај - 07 јули 2009

20090707_brok
Веќе 6-ти ден по ред акциите на македонските акции се во пад. Во недостиг на инспирација македонските инвеститори го следеа движењето на хрватската берза. Таму како и кај нас тргувањето започна со силен пад на цените на најликвидните акции, но за разлика од хрватската берза и до моментот на пишувањето на извештајов веќе беше во позитива од околу 3%. Кај нас денеска не се случи пресврт и МБИ-10 повторно забележа солиден пад од -1,53%. Да траеше тргувањето уште некој дополнителен час, можеби нашиот минус ќе беше помал. Сепак, мораме да напоменеме дека хрватската берза забележа многу поизразен пад изминативе денови, по оставката на премиерот.

Вкупниот промет денеска малку порасна и изнесуваше  9,3 милиони денари од кои скоро 2 милиони беа реализирани со обврзници. Во останатиот промет најтргуван беше Алкалоид со 2,7 милиони и 635 истргувани акции. Најголемиот дел од акциите беа истргувани по 4.250 денари, а последна цена беше 4.300. Втора најтргувана беше Комерцијална банка со промет од 1,5 милиони денари. И овие акции изгубија доста од вредноста на почетокот и најногу беа истргувани по 2.295 денари, а последните по 2.400 денари за акција. Во просек нивната цена денеска падна -3%. Најголем пад во МБИ денеска имаа акциите на Бетон од Скопје, цели -10,66%, но со само 3 истргувани акции. Големи -4% падна цената на РЖ Услуги, но исто така со многу мала количина од 90 акции.

Ретки беа акциите чија цена растеше денеска и тоа сите беа од компании за кои не се знае каква иднина ќе имаат. Така денеска цели 107,13% порасна цената на Тргојуг со 100 акции по 2.500 денари. Втора што забележа импресивен раст од 20% беше Илинден од Скопје со 50 акции во промет по 1.200 денари. Уште само Гранит порасна за 0,99% со 270 истргувани акции.

Се на се уште еден летен не многу активен трговски ден на македонската берза.

Коментари

vnIfzWwnraDBNkEl

Jusdbfedfwf

wNuGbXrIMhnPrKCAUG

Lomwefgbnbv

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани