Сабота
04.09.2010










Сите на годишен одмор!!!

Дневен брокерски извештај - 08 јули 2009

20090707_broker
Ако вчерашниот ден на македонската берза не беше интересен, за денеска не треба ни да пишуваме бидејќи и нема многу што да се напише. Во недостиг на патоказ (или на инвеститори) прометот на македонската берза денеска беа крајно мал. Како сите да заминале на годишен одмор, што впрочем и може да го направат со оглед на неслучувањата. Вкупниот промет едвај премина 5 милиони денари, а беа склучени само 57 трансакции. Ретки беа продавачите, а уште поретки купувачите. Од тие 5 милиони денари, скоро 3 милиони беа во промет со државни обврзници. МБИ-10 и денеска 7-ми ден по ред паѓаше за -1,26% со вонредно мали количини на акции. Денеска само со компанијата Македонија од Гостивар беше направен промет поголем од 0,5 милиони денари. Беа истргувани 173 акции по 3.075 денари. Од “најликвидните акции” денеска најтргуван беше Алкалоид со 80 акции во промет за 339 илјади денари. Втор беше Македонски телеком со 300 илјади денари и 850 истргувани акции. Кај Комерцијална банка во текот на денот се собраа неколку купувачи на цена од 2.300 денари , но немаше кој да им продаде. Третото место по промет му припадна на Гранит со 238 илјади денари и 435 акции истргувани по просечна цена од 547 денари. Една извонредно ретка трансакција се случи денеска. Беа истргувани 15 акции на Тутунскиот комбинат од Куманово по 1.600 денари секоја. Со ова цената забележа пораст од 841% , а со тоа и пазарната капитализација на компанијата дојде до фантастични 900 милиони денари.

Се на се уште еден летен неактивен трговски ден на македонската берза – дежа ву што би рекле.

Коментари

kfgcdge

Hello! fadfebe interesting fadfebe site!

APzLaEGablucSyEkS

Wefwjnegjjw

gzSStLEsphAdRQ

Wefwjnegjjw

SHCpVIdaruthh

Lomwefgbnbv

IJbjZdeRLAYxNWvHAvX

Hjuasdfasef

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани