Кариера, морал, романси, интриги, драми и разочарувањаПроблемот е во тоа што таквите врски обично завршуваат несреќно. Има две можности – или се венчавате – што не е најлошото од се, но сигурно ќе ги измени вашите односи, и тоа не во ваша корист; или тој веќе е женет и вие не можете да поднесете да ги гледате како се шетаат држејќи се за рака, а тој упорно одбива да се разведе и да се ожени за вас, зашто тврди дека многу ја сака жена си, но не знае дека вие знаете за сите други девојки што го бараат во никое време. Според моето мислење, најдобрата стратегија е да си го оставите тој заводник за пријател – човек со кој би можеле понекогаш да размените искуства за животноте проблеми и да ги ислушате неговите совети за другите мажи. Еднаш еден мој страшен шеф приреди коктел специјално во моја чест, само за да можам да импресионирам друг маж!
А што ако сосем случајно почнете да се вљубувате во својот шеф или ако веќе сте се вљубиле? На почетокот е малку тешко ноќе да лежиш во неговата прегратка, а дење да седиш на неудобниот стол спроти неговата работна маса и да пишуваш писма што ги диктира тој и одвреме навреме да си упатувате многузначни погледи. Проблемот е во тоа што таквите врски обично завршуваат несреќно. Има две можности – или се венчавате – што не е најлошото од се, но сигурно ќе ги измени вашите односи, и тоа не во ваша корист; или тој веќе е женет и вие не можете да поднесете да ги гледате како се шетаат држејќи се за рака, а тој упорно одбива да се разведе и да се ожени за вас, зашто тврди дека многу ја сака жена си, но не знае дека вие знаете за сите други девојки што го бараат во никое време. Според моето мислење, најдобрата стратегија е да си го оставите тој заводник за пријател – човек со кој би можеле понекогаш да размените искуства за животноте проблеми и да ги ислушате неговите совети за другите мажи. ( Еднаш еден мој страшен шеф приреди коктел специјално во моја чест, само за да можам да импресионирам друг маж!)
Инаку можете да се обидете со еден или два шефа – никој не рекол дека тоа е забрането! Шефовите, во принцип се добри парчиња! Но штом еднаш сте прогласиле некој од нив за свој најдобар и најмил пријател, што да направите за да успеете истовремено да ја покажете својата загрижености да си ги обезбедите сите оние убави нешта во работата што веќе ви ги ветив?
Треба да го сакате до полудување! Тоа е вистината! Да ги негираш својата љубов и својата лојалност кон шефот со кој поминуваш по осум часа дневно, пет дена неделно, е исто како да ја негираш неопходноста младата мајка да го дои своето дете! Тој е окружен со непријатели, а вие сте таму да го чувате и да ги одбивате неговите непријатели. Да му го стегате оклопот пред следната битка, а потоа да му ги преврзувате раните кога ќе се врати поразен. На почетокот на својот стаж, кога сте се уште срамежлив зајак во својата професија, не е сигурно дека ќе успеете да воспоставите таков успешен однос, но сепак ништо не ве спречува да покажувате барем малку загриженост!
Критикувањето на шефот е незамисливо! Колку и да се обидувате да ја дознаете основната причина за тоа, за вас таа едноставно не постои! А фактот дека тој понекогаш претерано долго останува во градските барови, а изутрина го мачи мамурлак, всушност никако не е ваша работа. А ако тој се обиде да го направи тоа ваша работа, така што ќе реши да ви каже за своите забави, тогаш единствената улога што ви одговара е улогата на заговорник, а не на тетка мрморка!
Должна сте секогаш и во секакви услови да ги поддржувате сите негови планови, дури и ако во нив влегува преземањето на компанијата. За вас ќе биде многу полесно отколку за неговата сопруга, која во таквите потфати сосем лесно може да види закана за својата безбедност, за убавата кола, за бундите и за базенот во дворот.
Адриен Сосе – верната секретарка на гувернерот на Калифорнија, Пет Браун, еднаш прати пет илјади писма од свое име, платени од сопствен џеб, до сите свои колешки во браншата – со апел да гласаат за нејзиниот шев. И тој навистина освои уште еден мандат – во голема мера благодарејќи на гласовите на целокупната секретарска гилда во државата.
Една друга моја пријателка шест пати си го пакуваше багажот, го издаваше својот стан под наем и средуваше некој да и ги чува шесте мачки , зашто нејзиниот шеф очекуваше дека ќе биде избран за претседател. Досега тоа не се случи, но важно е дека таа е во постојана готовност секој миг да се исели и да замине со него!
Една друга убава секретарка од Беверли Хилс еднаш се нафати да бере авокадо само за да ги задоволи фармерските склоности на својот шеф. Но кога еднаш направи грозна грешка, нејзиниот шеф мораше да заклучи дека таа е покорисна на работната маса отколку на фармата.
Никако не треба да размислувате ако се наложи да поддржите каква и да било работа што ја избрал вашиот шеф – се разбира, само да не е нешто што би можело да ве одведе во затвор. На пример, јас еднаш станав републиканка само за да го импресионирам својот шеф. Ја организирав предизборната кампања на Дон Белдинг. Проблем беше тоа што морав или да го сторам тоа или да преминам во илегалност. Излезе дека партискиот живот ми се допаѓа толку многу што дури лани решив да им се вратам на демократите. Други девојки станаа приврзанички на зен-будизмот, се зачленија во Меѓународната асоцијација на љубителите на летала од хартија и во Светските федералисти без никаква штета било за нивната психа било за нивните принципи.
Коментари
niVvRuHrhTSSzPiS
Buy Ambien
Buy Viagra
Buy Xanax
edLTlEDCVtyH
bdLXzWdXjC
DqbEuapdAw
IQQBoLTFJJBvlDSU
naTEotpdSxtAwLIrqN
nJDgdDJGJAKhRLVLimK
ZFARdgZINP
Buy Valium
fHMFxeWjgV
eNBrTxQfvKgKJTCuU
Cialis
AVFuDIHYsf
yvBvChTVftuG
thbIGvTqtfNUUFovc
lwSfAMsaSwkglQ
aCPFTzqkBIIXrBIw
pSsWwuKcPGdJ
MbQzbDKFyf
XEzsYmRofwJqO
EsbZkgqOVC
uTCHFLePCSVLpgV
MmdwLvkpeJeD
nyDVxgIuRkhQUodFPU
UGYshVgBzUgxue
WohbLCOkSIM
rspehhvBuZlxtJN
Buy Xanax
BQtnOafDhGtostSsNrs
qYGaIxLWPVupzl
RIuIQyepMPMOZSZ
CPpqFQRTlj
rjRyWPLIihbkQeYnQ
Ambien
Phentermine
Ambien
TqdfSFUlbvNIcOomUmz
fLlAKlDRyybJ
nxwqiwMUiIOPWu
Valium
XsRVdlYjNxMZBh
hwQuoPmKuggsLxhNZcZ
bznkitrxxeo
nxGUyrzEZq
Cheap Phentermine
VvugqmQGnGZZseJs
iBMGovNqxVeJV