Сабота
04.09.2010










Слаткоречивоста дебело се исплатува

Кариера, морал, романси, интриги, драми и разочарувања

20090713_seksot
Повеќето шефови страдаат од секундарно стекната несигурност (како впрочем  целиот човечки род), поради што чувсрвуваат постојана потреба да бидат уверени дека некој ги сака. Тоа не мора да сте лично вие.
Доволно е да го убедите дека сите шефови на одделите го обожуваат ( а тоа сте го слушнале од озборувањата во секретарската соба).
А ако имате основа најневино да му подречете дека најубавата девојка од архивата буквално  се топи од болка за него, многу лесно може да се случи да добиете завидна премија за Божиќ. Многу младите или едноставно не многу искусните секретарки можеби нема да успеат да реагираат со неопходната брзина во слични ситуации, но тоа не е страшно – од искуството учиме!


Шефовите се лутат како домаќини кога никој нема да се појави на забавите и коктелите што ги организирале тие. Поради тоа правете се што можете за да го убедите шефот да кани по десет- дваесет души повеќе за такви случаи. Внимавајте на него кога го избира местото за забавата – не е препорачливо  да штеди така што ќе го избере локалот што е на второ место по популарноста во градот, а не оној што е на прво место! Колку попрестижно е местото толку повеќе луѓе ќе дојдат. А кога се јавувате за да проверите кој го потврдува своето доаѓање, а кој не, потрудете се тој што ќе се откаже да прати некој друг на своето место.

Многу шефови обично се на некаква диета. Тој ќе ве обожува ако одвреме –навреме му спакувате некое чоколатце или дебела ролничка, но не заборавајте дека така можете не само да го здебелите туку и да го убиете! И, иако претпочитате да имате шеф со рамена и стомак како карпа, веројатно треба да помислите што сакате повеќе – тој да е дебел или да е жив!

Не залажувајте се дека, кога некој маж седи во својата канцеларија и незаинтересирано гледа низ прозорецот, автоматски е на располагање за празни зборувања. Мојот пријател Ернест Леман, кој го напиша сценариото за „Приказна од западната страна“ и за уште девет слични култни филма, еднаш слушнал како неговата секретарка на некого му вели по телефон: „Не господин Леман не е зафатен. Едноставно, во моментов размислува.“

Пренесувачка на ведри новости

Повеќето шефови страдаат од секундарно стекната несигурност ( како впрочем  целиот човечки род), поради што чувсрвуваат постојана потреба да бидат уверени дека некој ги сака. Тоа не мора да сте лично вие. Доволно е да го убедите дека сите шефови на одделите го обожуваат ( а тоа сте го слушнале од озборувањата во секретарската соба). А ако имате основа најневино да му подречете дека најубавата девојка од архивата буквално  се топи од болка за него, многу лесно може да се случи да добиете завидна премија за Божиќ. Многу младите или едноставно не многу искусните секретарки можеби нема да успеат да реагираат со неопходната брзина во слични ситуации, но тоа не е страшно – од искуството учиме!

Еднаш, кога работите на компанијата “Твентит сенчери фокс” станаа посебно грозни за мојот сопруг (шефот на студиото почина, стариот режим падна, а новиот почна да ги фрла остатоците еден по еден), една прекрасна стенографка и секретарка се претвори во вистинска легенда со својата стратегија за смирување на поразениот и некогаш моќен Дејвид Браун.

Тогаш Дејвид  се бореше за останување. Во стариот режим тој беше уметнички директор на студиото и човек број два по шефови. А тоа автоматски го направи непогоден за новото раководство. Кога Лаура се појави кај него (се разбира дека името и е малку изменето), мразот што го обвиваше веќе беше претворен во ледена грамада. Старите коски по цел ден се врткаа низ служгбената сала за фитнес и добиваа воспаление на белите дробови, а нивните телефонски јавувања, вклучувајќи го и она на Дејвид, неумоливо останува без договор. Токму тогаш постојаната секретарка на мојот сопруг – Памела, реши да отиде на боледување. Очигледно, ситуацијата не и годеше многу.
Нејзината заменичка Лаура, штом се појавила на рбаота, ја затворила вратата зад себе, се потпрела на неа и со заговорнички тон рекла: “Господине Браун, можеби  не треба да ви го кажам ова, ама... Вие знаете дека минатата недела требаше да работам за (тука го кажала името на новиот шеф на студиото), па слушнав еден разговор што се однесуваше на вас! Сите се натпреваруваа да кажат пофалби за вас, а на крајот подрекоа дека имале предвид некоја страшна идеја што била токму за вас!

Таа вест имала благотворно дејство за маж ми какво што има водата за бедуинот што ожеднел од горештината и песокот. Дејвид одвај се воздржал да не ја затресе како сливова гранка за да ги извлече деталите.

“Токму сега не можам да ви кажам ништо повеќе!” шепнала таа. “ Но ви гарантирам дека сите внатрешни извештаи минуваат преку мене!”
Во текот на целата недела Лаура продолжила да ја развива темата на својата приказна, одржувајќи ги расположението и мирот на својот шеф – до тој степен што тој воопшто не забележал дека таа не му донела ниту една друга вест. По извесно време успеал да излезе од трансот доволно долго за да се посоветува со Лаура дали не мисли дека е најдобро тој лично да отиде кај новото раководство и да праша што предвидуваат точно за него. Таа веднаш го скротила опишувајќи го тој потег како крајно неделикатен. Засега се било само во етапа на шушкања и нагаѓања.

Најпосле Памела сепак решила да се  врати од боледувањето, а плановите и така не беа симнати од штафелајот - или  што им е она на што планираат филмските магнети. Прекрасната Лаура отплови да смирува друг несреќен бивш директор. Дали Дејвид ја замрази? Никако! Непрекинато ја прашувал кутрата Памела дали има некаква новост од Лаура и зошто и таа не ги добивала истите внатрешни извештаи како неа. На крајот Памела бесно викнала: Ако тоа ви е толку важно, и јас можам да ви кажувам лаги со опашки!”
“Но тоа не беа лаги! “, рекол Дејвид. “Таа девојка знаеше нешто!“

Да, знаела. Знаела како да го расположи својот. А не би било чудно и навистина да потчула нешто. Едноставно, разговорот што го чула таа не бил последниот за таа работа.

Веројатно вие не ги поседувате слаткоречливоста и снаодливоста на Лаура, но убедена сум дека во определени услови секогаш можете да измислите начин како да го охрабрите својот шеф. Таквиот гест сигурно се исплатува!

Коментари

zzJsxKZeZOA

Ewgwergjhvw

lKhxXoWdOjCSfan

Jusdbfedfwf

mYtvRqPjIjLEF

Wefwjnegjjw

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани