Дневен брокерски извештај - 13 јули 2009
Денов на македонската берза најверојатно долго ќе го паметиме. За 400 милиони денари во блок трансакција беа продадени 2,833 милиони акции на Макстил, односно 19,38% од основната главнина на компанијата. Цената за една акција беше 141 денар. Малите инвеститори не реагираа баш на оваа вест, веројатно во исчекување да слушнат кој на кого ги продал овие акции. Инаку, прометот повторно беше многу мал и не надмина ни 5 милиони денари. МБИ-10 на крајот од тргувањето заврши со добивка од 0,11%. МБИД индексот заврши како и претходниот ден, а ОМБ изгуби големи -1,72% и со 1,49 милиони денари во промет со обврзници. Инаку, тргувањето започна со пад на главниот берзански индекс и денеска се движеше идентично со европските индекси. Сепак, ниту една компанија немаше промет поголем од 10 илјади евра. Најтргувана со 545 илјади денари и 225 акции во промет беше Комерцијална банка. Нејзината цена во просек порасна за 0,93% и изнесуваше 2.422 денари. Втора по промет беше акцијата на Алкалоид. За 499 илјади денари беа истргувани 116 акции и сите по 4.300 денари. Со тоа овие акции просечно паднаа за --0,92%. Трета најтргувана беше Макпетрол со само 13 акции во промет кои беа истргувани по 36.615 во просек.
Денеска најголем пораст од 6,51% забелешаа акциите на Уни банка. Вкупно се истргуваа 200 акции по 900 денари. Најголем пад забележа Земјоделскиот комбинат од Битола чија цена со 1 акција истргувана по 3.301 денари беше намалена за -10,78%.
Коментари
eXJytWsScnejLZb
iGDHlreyMpVMoljaA