Четврток
18.03.2010










Рецесијата нема да влијае врз нашите инвестиции

Огнен Фирфов

firfov2
Огнен Фирфов
Раководен директор за продажба во АД "Македонски Телеком"

Во иднина, продуктното и сервисно портфолио на нашата компанија постојано ќе се збогатува со нови производи, во насока на комплетно интегрирани услуги, кои би вклучувале фиксен и мобилен говор, фиксен и мобилен интернет и телевизија. Дел од нашите идни цели е и збогатувањето на веќе постојното портфолио на висококвалитетни производи и услуги, наменети за бизнис корисниците, кои ќе нудат целосни интегрирани решенија, што одговараат на потребите на секој бизнис

Минатата година воведовте неколку новини, а една од нив беше и MaxTV услугата, која предизвика големо интересирање во јавноста. Колку сте задоволни од оваа услуга и колкава е досега бројката на нејзини корисници?

Услугата беше одлично прифатена од страна на сите граѓани. MaxTV претставува голем новитет на овој пазар, кој апсолутно е наша компетитивна предност. Оваа услуга нуди голем избор на програмски содржини, супериорен дигитален квалитет на слика и звук, достапност на мноштво информации и дополнителни можности, што стандардната телевизија не може да ги понуди. На пример, би ги навел опцијата за паузирање на слика во живо и закажаното снимање однапред, дури и за цели ТВ серии, како најинтересни опции. Со MaxTV, контролата врз времето и екранот е целосно во рацете на корисникот. Аналогно на тоа, бројот на корисници бележи постојан раст, a интересот продолжува да се зголемува. Поконкретно, досега MaxTV услугата ја користат неколку илјади  корисници, а нивните реакции се многу позитивни. 

Уште при промоцијата на 3 Max, најавивте дека постојано ќе ја збогатувате понудата на ТВ канали. Кои канали може вашите корисници наскоро да ги очекуваат?

"Македонски Телеком" ги следи вкусовите и барањата на своите корисници. Во моментов, преку MaxTV услугата, на корисниците им е достапна богата понуда на повеќе од 80 канали, со програмските содржини на најактуелните домашни, регионални и светски ТВ куќи, без јазична бариера и со содржини по мерка на секој член на семејството. Се разбира, потребата од нови содржини е секогаш актуелна, па затоа и нашите корпоративни размислувања се насочени кон постојано збогатување на програмската содржина со нови канали и постојано збогатување на Max TV видеотеката со нови филмови. Како пример за нашето залагање во оваа насока, можеме да го наведеме огромниот интерес на корисниците за сериите од типот "Храна и вино", "Нешто незадолжително" итн, кои се достапни преку опцијата "Видео на барање". Исто така, работиме и на постојано збогатување на нашата видеотека, а во оваа насока, набрзо ќе воведеме атрактивни наслови од познатите холивудски студија.

Дали нудите, или планирате во блиска иднина да понудите HDTV сигнал до крајните корисници?

За оваа година веќе најавивме голем број инвестиции во нова технологија, кои за нашите корисници би значеле подобрување на квалитетот на услугите што ги нудиме, а тоа значи и подобрување на квалитетот на сигналот на дигиталната телевизија. Имено, со проектот "Оптика до домот", на чија реализација компанијата е фокусирана во тековната година, но и во идниот период, се предвидува токму тоа, можност нашите корисници да уживаат во телевизија со ХД квалитет, како и со интернет со брзина дури над 40 Mbps.

Ако минатата година ја заокруживте со воведувањето на MaxTV, какви нови услуги ќе воведете годинава, со цел да го привлечете и задржите вниманието на корисниците?

„Т-Хоум" како светски бренд ориентиран кон исполнување на барањата на своите клиенти, постојано воведува нови услуги по мерка на потребите и на џебот на секој корисник. Доколку помните, „огнометот од нови производи и услуги", што пред околу една година го вети првиот човек на "Македонски Телеком", Николај Бекерс, почна да се случува практично веднаш по ребрендирањето на компанијата, со самото промовирање на Call & Surf пакетите од Double Play (телефон и интернет) палетата, создадени по мерка на различните потреби и длабочината на џебот на секој корисник. Потоа, до крајот на минатата година беа воведени и Triple Play (телевизија, телефон и интернет) услугите, со што на македонскиот пазар на телекомуникациски услуги воведовме една комплетно нова димензија, наречена забавни содржини. Исто така, непосредено пред годишнината од рeбрендирањето оваа година, беа воведени неколку тарифни пакети за корисниците на фиксната телефонија, како на пример, тарифата 6/18 за 18-месечен договор и понудата со телефонскиот апарат на подарок за 12 месеци лојалност, кои наидоа на феноменален прием од корисниците. Во иднина, продуктното и сервисно портфолио на нашата компанија постојано ќе се збогатува со нови производи, во насока на понудување на комплетно интегрирани услуги, кои би вклучувале фиксен и мобилен говор, фиксен и мобилен интернет и телевизија. Секако, нашиот фокус е насочен и кон постојани модификации на тековните продукти, според потребите и барањата на пазарот.

Дали и бизнис сегментот во Македонија може да очекува нови понуди?

Како главен национален носител на изградбата на информатичкото општество во државата, воведување нови телекомуникациски услуги и решенија е главниот фокус на компанијата, без разлика дали станува збор за бизнис, или за резиденцијалните корисници. За "Македонски Телеком" сите корисници се подеднакво важни и се стремиме кон обезбедување иновативни услуги со врвен квалитет и ефикасност во сите области на делување. Минатата година направивме реструктуирање на портфолиото на податочни услуги за бизнис корисниците, зголемувајќи ги вредностите и опциите на услугите, а притоа нудејќи пониски цени и различни пристапни технологии. Исто така, направивме важен исчекор навлегувајќи во нудење комплексни Disaster Recovеry услуги за топ сегментот во банкарскиот сектор. Слично, во таа насока, на нашите бизнис корисници од неодамна им е достапен Double Play пакетот Office Complete, а големиот интерес за него е сосема оправдан. Како дел од нашите идни цели, секако, претставува и збогатувањето на веќе постоечкото портфолио на висококвалитетни производи и услуги, наменети за бизнис корисниците, кои ќе нудат целосни (end-to-end) интегрирани решенија, што одговараат на потребите на секој бизнис. 

Светот го погоди глобална рецесија, а вие нудите нови услуги за вашите корисници. Дали не стравувате дека светската криза ќе има влијание врз понудата и продажбата на услугите на "Македонски телеком"?

Сите поголеми компании во светот, помалку или повеќе, се погодени од светската економска криза. Свесни сме за последиците од глобалната економска криза, но услугите и производите што ги нудиме, особено од Double Play и Triple Play палетата, како што веќе реков, се создадени по мерка на различните  кориснички потреби. Очекуваме кризата да не донесе драстични промени во продажбата, но би сакал да напоменам дека глобалната рецесија нема да влијае врз нашите понатамошни инвестиции во нови продукти и технологии. Kако што најави и главниот директор на "Македонски Телеком", почнувајќи од 2009 година, компанијата ќе инвестира милионски суми евра за реализација на најразлични проекти и услуги, меѓу кои и проектот "Оптика до домот", кој ќе овозможи изградба на значително побрза телекомуникациска мрежа.  

Што ве прави во овој момент единствени во однос на конкуренцијата?

Понудивме информација, едукација и забава за нашите корисници на едно место. Врвни телекомуникациски услуги и забавни содржини, е она што на корисниците им е потребно - во доменот на фиксната мрежа, широкопојасни услуги и интегрирани решенија, вклучувајќи и телевизија преку интернет протокол (IPTV) Со тоа ние ја оправдуваме титулата водечки национален оператор за електронски комуникации. Брендот „T-Хоум" сам по себе претставува гаранција за квалитет, а "Македонски Телеком" како дел од "Дојче Телеком групацијата" гарантира висок стандард во работењето, што го потврди и со воведувањето на ISO 27001:2005 и ISO 9001:2000 сертификатите на 3 декември 2008.

Дали оптичкиот кабел ќе го монтирате исклучиво за бизнис (големи) корисници, или, пaк, и до резиденцијалните корисници? И, до каде е реализацијата на овој зафат?

Оптичкиот кабел е наменет и за бизнис и за резиденцијалните корисници. Сега засега, пробни инсталации се поставени на четири локации во центарот на главниот град, но понатаму во проектот ќе бидат вклучени и други делови од Скопје, а и други градови и општини. Ова претставува огромна инвестиција. "Oптика до домот" е голем и долгорочен проект, и ќе биде потребно време за негова комплетна реализација. Резултатите ќе бидат голем бенефит за сите Т- корисници.

Благоја Јанев

Коментари

Ambien

Valium

lxMiovjdZpjukMhCK

VhBToSkdCp

eebekfd

Hello! fffkkbg interesting fffkkbg site!

Valium

Buy Valium

VyBNYJBZvFjlINC

Cialis

Cialis

Viagra

Valium

Xanax

Buy Phentermine

Phentermine

Valium

Phentermine

Cheap Valium

Phentermine

Viagra


Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78







ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани