Четврток
09.09.2010










МБИ-10 расте 4 дена по ред

Дневен брокерски извештај - 15 јули 2009

20090707_brok
Денешниот ден на македонската берза започна релативно мирно. Тргувањето започна со мали количини, но на цени повисоки од вчерашните просечни. Прометот забележа голем пораст благодарејќи пред се на продавачите на 1.400 акции на Тутунска банка. Вкупниот промет изнесуваше 18,5 милиони денари од кои 5 милиони беа во промет со обврзници. МБИ-10 порасна за солидни 1,35% или 33,15 поени, но денеска хрватските 3% беа многу пред нас. До пред почетокот на тргувањето на берзите во САД индексите во Европа беа длабоко во зелена територија. Македонските обврзници во изминативе денови забележаа пад на цените проследен со намален интерес од страна на купувачите. ОМБ падна за големи -0,81%.

Како што напоменавме погоре, денеска најголем промет беше направен во тргување со акции на Тутунска банка. Продавачот во еден налог понуди 1.000 акции по 3.800 денари секоја и им даде на сите кои беа наредени на куповна страна до таа цена. Нешто подоцна беа понудени уште 400 акции по истата цена, меѓутоа имаше и доста заинтересирани купувачи. До крајот беа истргувани точно 1.400 акции по цена од 3.823 т.е. пониска од вчерашната за -5,59%. Останува прашањето - што ли го уплаши продавачот и дали и понатаму ќе има распродавање? Втора најтргувана со 3,07 милиони денари беше Комерцијална банка. Беа истргувани 1.208 акции по просечна цена од 2.539 денари, односно за 1,31% поскапо од вчера. Трета најликвидна беше акцијата на Гранит. Денеска и таму купувачите беа оптимистички расположени, или немаше некој поголем продавач за да ги премисли. Како и да е, цената во просек порасна за 2,91% со 2.519 акции истргувани по просечна цена од 601 денар. Во МБИ денеска најмногу порасна Бетон, 11,93% но со само 2 истргувани акции по 9.000 денари секоја. Покрај Тутунска, денеска паѓаа и акциите на Охридска банка. Два големи продажни налози од вчера ги исплашија купувачите. Иако банката беше превземена на 5 пати поскапо од оваа цена, некој голем продавач денеска понуди повеќе од 1000 акции по 1.750 денари. Со тоа цената во просек падна за -4,98% со 100 истргувани акции по 1.793 денари во просек.

Коментари

cjeNWXxwwYJViylFYr

Lomwefgbnbv

ELYbkmMTufvSlLf

Hjuasdfasef

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани