Дневен брокерски извештај - 16 јули 2009Иако преполовен, и денешниот промет од 9,6 милиони денари донесе раст на цените на македонските акции. Купувачите делуваа малку изморено или несигурно, со оглед на утринските негативи на европските берзи, а и продавачите не беа многу агресивни. Така МБИ-10 порасна за 0,46% и дојде до 2.506 индексни поени. МБИД, за разлика, паѓаше 0,73%, а ОМБ порасна 0,18% со промет од 4,4 милиони денари.
Денеска, од акциите, единствено Комерцијална банка имаше промет поголем од милион денари. Цената на овие акции во просек порасна за 0,4%, а сите 514 акции беа истргувани по 2.550 денари. Секако дека позитивно би требало и понатаму да влијае јавно објавената информација дека г-нот Хари Костов купил дополнителна количина на акции во банката. Втор по промет беше Макпетрол со 0,72 милиони денари. Беа истргувани 19 акции по 38.154 денари во просек, што значи дека цената порасна 0,63%. Трет најтргуван беше Алкалоид со промет од 0,57 милиони денари. Неговата цена се формираше уште на почетокот на тргувањето и во текот на целиот ден беа истргувани 127 акции по 4.498 денари. Во просек цената порасна 0,49%.
Во МБИ најмногу пораснаа Стопанска банка од Битола со 2,5%, па ЗПКО со 2,26%.
После подолг период, денеска беа тргувани акции на фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш. Нивната цена падна за -40% со 200 акции истргувани по 300 денари. Втори по пад беа приоритетните акции на Стопанска банка од Скопје. Тие паднаа за -19,69% со 50 истргувани акции по 321 денари.
Коментари
ykfPtbrFzCCvfXLpPk
EOeTdnYUOBBiaXcz