Освен постојаното дополнување на самодовербата на шефот со дискретни, мали комплименти, ваша постојана обврска е да го избирате најдоброто од службениот озборувачки канал, како и да бидете во чекор со задолжителните слухови за групирања, банкроти и откази во фирмата.
Но како да се воздржиме да не озборуваме пред луѓето за својот шеф, додека собираме информации за него?
( Непишано правило меѓу секретарките е секогаш да бараат нешто во замена.)
Па ништо не ве спречува да им кажете нешто што не е од суштинска важност – на пример, дека му престанало крварењето од носот откако почнал да зема витамин К.
И едно пријателско предупредување: бидејќи шефовите по природа ги сакаат озборувањата, тие сакаат да се преправаат дека се што гледаат во поштенското сандаче е за нив. Не изненадувајте се ако го најдете својот шеф како ви буричка по бирото со изговор дека бара гума , а всушност до пред една секунда уживал во вашите подароци за денот на вљубените и со вашите љубовни писма!
Затоа, ако толку настојувате да ја чувате доверливата информација на работното место, ставајте ги своите работи меѓу страниците на телефонскиот именик. Нема шеф на светот што би се потрудил своерачно да бара нечиј телефонски број.
Ефикасна, но не и повлечена
Тие како да не се бараат од една современа девојка, а познавам и низа мажи кои не очекуваат да ги откријат кај кандидатките за секретарското место. Но никогаш нема да заборавам како еден мој близок пријател буквално се расплачуваше кога наутро во чашката на работната маса наоѓаше моливи наострени како игли , а од глетката на бележникот отворен за тој ден со обврските поделени на часови, ги губеше и умот и зборовите.
Но не обрнувајте му внимание на начинот на кој другите веши колешки се однесуваат кон своите шефови. За вас е важно да бидете ефикасна! Вашата цел е секси живот во офисот, полн со чудесни и вознемирувачки доживувања. А тие не и се случуваат на ниедна што е повлечена!
Ако не го знаете совршено правописот (а кој знае дали некоја го владее), за таа цел постојат речници! Веројатните грешки од типот „инжињер“ место „инженер“ или „во предвид“ место „предвид“ некогаш ќе ви поминат (којзнае дали и вашиот шеф знае како е правилно), но ви гарантирам дека некогаш некој примач на писмата што е попаметен од вас, сепак ќе забележи , ќе ја обележи со црвено правописната грешка и ќе ја врати пратката во вашиот офис, можеби придружена со лута забелешка. И официјалниот праќаќ на писмото (т.е вашиот шеф) ќе ви направи голем скандал!
Никогаш не праќајте писмо со правописни грешки или писмо што не е составено правилно, а исто така ни писмо во кое сте ги вметнале поправките рачно ( дури и ако се работи за нестигање на точки и запирки)! Ако го направите тоа , ви гарантирам дека примачот автоматски ќе ја стави врз него влажната конзрва со кока-кола, валканата чаша со кафе или ќе го свитка во фишек за да си ја изгасне цигарата.
Ако му покажете нешто такво на својот шеф, тој најверојатно ќе реши повторно да ви го издиктира целиот пасаж ( зашто веќе научил како одат тие работи) и ќе ве натера да го препишувате. Но ако му покажете совршено печатен примерок, со сигурност ќе го избегнете ризикот од повторно препишување, дури и од понижување.
Од друга страна , ако вашиот шеф реши да ви издиктира особено луто писмо, оставете го да се потпише и преправајте се дека ќе го пратите. Следното утро покажете му ја чудовишната творба и мирно речете: „ Се плашам дека ова писмо не успеало да влезе во вчерашната пошта. Ќе сакате ли пак да го прегледате пред да го пуштам?“
Не би препорачувала слични драстични мерки, ако сопственото искуство ме немаше научено дека на светот не постои шеф што не бил вчудовиден од себеси кога го препрочитал таквиот излив на гнев. Вообичаената реакција е преправање на аргументите и нивно излагање во поцивилизирана форма.
Коментари
kcekdeb
ZDAhTUhtYFBO
IRuzJOIJQbuURPh
MHcVBhpXOzZz
sBEwsfmslEZqfX