Четврток
18.03.2010










ИКТ индустријата како стандард

Иван Митревски, извршен директор на МАСИТ

ivan_mitrevski
*Се е во знакот на конференцијата, која МАСИТ ја планира за септември...
- Да, се подготвува 7. СЕЕИТА и 6. МОД (МАСИТ отворени денови) заедно со 2. Состанок на бордот на ИКТ форумот на Југоисточна Европа. Организирањето на СЕЕИТА претставува успешна традиција од 7 години – континуиран успех во организирањето на оваа конференција на асоцијациите од Југоисточна Европа, со што МАСИТ го докажува своето лидерство во организираноста на ИКТ индустријата во ЈИЕ.

Оваа конференција е собир кој обработува спој на теми од меѓународно и локално значење. Придружниот настан - состанокот на Бордот на ИКТ форумот на Југоисточна Европа, е можност за спој на теми со политичка тежина, кои имаат големо влијание на деловните односи во земјите од регионот. МАСИТ е целосно поветен на организирањето на конференцијата, поради обврската пред сите партнерски асоцијации од регионот и пред се, пред компаниите членки на МАСИТ.

*Најавувате гости од регионот и пошироко?

- Минатата година имавме речиси 200 гости од 15 држави на Југоисточна Европа – претставници на ИКТ асоцијации и бизниси, претставници на владините институции, како и донаторски институции како УСАИД, ГТЗ, СИППО.

Учесниците на конференцијата ги претставуваат деловните ИКТ заедници на своите земји и ја користат можноста за соработка на самите асоцијации, како и за договарање директна соработка на сите деловни субјекти.

На што ќе биде ставен главниот акцент?

- Акцентот оваа година ќе биде на електронските комуникации – поточно широкопојасниот интернет. Темата е во моментов привлечна во ЕУ и во поширокиот регион, и затоа е една од главните теми на конференцијата.
Кај нас е актуелна имплементацијата на Националната стратегија за широкопојасен интернет и акциските планови, па затоа МАСИТ подготвува свој позициски документ кој ќе има промоција во Охрид.

Вториот состанок на бордот на ИКТ форумот на Југоисточна Европа е исто така значаен настан во рамките на конференцијата. Минатата година бевме домаќини и на првиот состанок и придонесовме за воспоставување на основата на активностите на ова меѓународно организирање на ИКТ деловната заедница во регионот. Очекуваме вториот состанок да даде насоки за ефективна комуникација меѓу владите на земјите од регионот, деловната ИКТ заедница и Европската унија.

Не помалку битни теми се и основните активности на ИКТ асоцијациите - застапување и лобирање за ставовите на ИКТ индустријата. Во регионот е видлива потребата од интензивна комуникација за прашања од заемен интерес за владите и индустријата - јавни набавки, извозни стратегии, потреба од работна сила... МАСИТ и за овие прашаа подготвува позициски документи.

Кои се предизвиците на ИКТ?

- Современите услови за конкурентност се скоро секаде исти - постојан развој, следење на светските трендови, иновативност, брендирање и извоз. Во ИКТ индустријата ова е посебно изострено и динамично. ИКТ индустријата е секогаш меѓу првите кои применуваат новини во работењето и тоа го наметнува како стандард за другите индустрии. Предизвиците се дотолку поголеми во услови на криза, и затоа ИКТ индустријата уште еднаш ја покажува својата виталност и динамичност, овозможувајќи предности и шанси за конкурентност на целото стопанство.

Какви се шансите за зголемување  на извозните можности на ИКТ компаниите?

- Извозните активности веќе одамна не се нешто што е дополнителен двигател на развојот на компаниите – тоа се активности кои мора да бидат вклучени во плановите на секоја компанија. Македонските ИКТ компании имаат сериозни шанси за извозни успеси. Во оваа насока е утврдена потребата од поорганизиран пристап во зголемувањето на шансите за извоз, па затоа МАСИТ учествува во дефинирањето на Националната стратегија за ИКТ извоз. Активностите се со поддршка на ГТЗ, а главните учесници во креирањето се надлежните државни институции и ИКТ деловната заедница.

Каков е капацитетот и потенцијалите на македонските ИКТ компании?

- Последните согледувања укажуваат дека голем број наши ИКТ компании се извозно ориентирани. Меѓу нив имаме регионално силни компании и компании кои се присутни дури и на светски план. Предноста на нашите ИКТ компании се солидната основа во знаења и вештини, иновативноста и еластичноста во прилагодувањето на динамичните промени во оваа област. За жал, кога ќе се погледне нивната финансиска моќ, воочливо е дека како последица на малиот пазар, не се секогаш во можност да одговорат на финансиските гаранции кои се бараат за големи проекти и токму тука би можела да се покаже државата во поттикнување и воведување на развојни проекти со соодветно темпо и со големина која соодветствува на моќта на компаниите.

Кои се реалните проблеми на овој сектор и како рецесијата се рефлектира врз ИКТ?

- Заострените услови за стопанисување, општо гледано, се исти како и во останатите сектори – побарувачката опаѓа, но последиците не се секаде исти. Некои гранки имаат повеќе проблеми (хардвер), некои помалку (електронски комуникации, софтвер и ИТ услуги).

Предност во опстојувањето на ИКТ компаниите во услови на криза е неопходноста од употреба на современи технологии во сите останати деловни сектори. Поради тоа, и покрај рестрикциите во работењето на деловните субјекти, разумно е да се претпостави дека компаниите нема да си го ускратат она што може да им донесе стратешка предност на пазарот – купувањето и користењето современи технологии.

Koj ke ja отвори конференцијата?

- Речиси секоја година досега, списокот на клучни говорници во свечениот дел од отворањето на конференцијата е голем – врвни претставници на МАСИТ, регионалните асоцијации и форуми и врвни претставници на политиката. Се надеваме дека и оваа година ќе можеме да се потпреме на поддршката од врвните политички претставници на Република Македонија.

Рената Матеска

Коментари

Xanax

rSDVHCIzyBtFwIG

bAIqNtyiiTxXj

Valium

Ambien

There areFake Handbags these

There areFake Handbags these typesDiscount Handbags that areBalenciaga handbags made uniquelyCartier handbags, which mightChloe handbags fit your Bally handbagspersonality andGivenchy handbags demands. You do not have to worry on the designs thatMulberry handbags you wanted, for you can inquire from a lot of stores for some available designs of the products.

Valium

Buy Xanax

Buy Xanax

Xanax

Phentermine

Cheap Phentermine

lsEroskNUgAzKwYsR

Wefwjnegjjw

Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78







ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани