Сабота
04.09.2010










МСЕ спротивно од сите

Дневен брокерски извештај - 20 јули 2009

20090707_brok
На Македонскиот пазар на капитал третата недела на јули продолжува во иста насока како што заврши втората. За разлика од цела Азија, Европа и дел од регионов, МБИ индексот и денеска паѓаше приближно слично како и во петокот -0,72%. ОМБ падна за -0,47% со промет од 0,95 милиони денари, а МБИД порасна за 0,74%. Неколкудневните играња “криенка-миженка” со акциите на Охридска банка денеска резултираа со објавена блок трансакција за истргувани 4.176 акции по 1.750 денари. Со тоа, за смешни 120.000 евра некој си купи 1,29% од банката. По ова продавачите кои стоеја со околу 1.000 акции на 1.850 денари, едноставно ги снема. Оваа блок трансакција претставуваше 60% од денешниот промет кои вкупно изнесуваше скоро 12 милиони денари. Во редовното тргување најликвидна беше Стопанска банка од Скопје со промет од 2,4 милиони денари и скоро 11.375 истргувани акции. Од нив 11.056 беа истргувани по 210 денари за акција, а просечната цена порасна за 4,35%. Втор “најликвиден” беше Алкалоид со промет од 450 илјади денари и 103 акции истргувани по 4.369 денари. Славното трето место му припадна на дефанзивниот Телеком со помалку од 2.800 евра за 460 акции. Просечната цена изнесуваше 368,48 денари за акција. Повторно за големи 17,5% порасна ИЦН Фарм и повторно со смешно мала количина од 200 истргувани акции. Останатите компании се тргуваа толку малку што и не вреди да се спомнуваат.

Коментари

nKrrQMHEwOYEqp

Ewgwergjhvw

huqoMzfduUHP

Ewgwergjhvw

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани