До Меѓународниот суд на правдата во ХагМакедонија до Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги достави доказите за тужбата против Грција, поради кршењето на Привремената билатерална спогодба од 1995 со грчката блокада на македонската покана за НАТО на минатогодишниот Самит на Алијансата во Букурешт. Писмените аргументи во Хаг ги предаде ко-застапникот на македонската тужба, Никола Димитров.
„Ја цениме оваа можност да го поднесеме нашиот Меморандум до Судот, за кој имаме особена почит како главен судски орган на Обединетите нации. Нашиот тим работеше ефикасно во изготвувањето на Меморандумот и ја користам оваа прилика да изразам благодарност на сите кои помогнаа, како во Македонија, така и на нашите надворешни експерти, за нивните заложби и поддршка“, изјави по предавањето на документацијата, амбасадорот Димитров.
Според роковникот на Судот, по поднесувањето на македонските докази, на Грција ќе и биде оставен шестмесечен период (до 21 јануари 2010 година) за доставување на нејзините контра-аргументи.
По добивањето на доказните материјали од двете страни, Судот ќе изврши консултации со нив и ќе одлучи каква постапка ќе се спроведе. Писмените поднесоци остануваат доверливи сè до евентуалниот почеток на усната расправа.
Македонија поднесе тужба против Грција во Судот во Хаг во ноември лани, со образложение дека Атина со блокадата на македонското членство во НАТО ја нарушила билатералната привремена спогодба од 1995 година.
Од Меѓународниот суд на правдата се бара да и наложи на Грција да ги почитува своите обврски предвидени од привремената спогодба, која е правно обврзувачка за двете земји.
Коментари
Viagra
Cheap Valium
Cheap Ambien
Phentermine
Valium
Phentermine
Cheap Ambien
Cheap Phentermine
Buy Ambien
Marlboro Cigarettes
Buy Valium
Cheap Ambien
Cialis
Klonopin
Buy Ativan
Viagra
Valium
Ambien
Cialis
vXwBXmQ