Сабота
04.09.2010










Се е исто како вчера

Дневен брокерски извештај - 21 јули 2009

20090707_brok
На Македонскиот пазар на капитал денеска беше особено неинтересно. Вкупниот промет изнесуваше помалку од 6,6 милиони денари. МБИ-10 порасна за минимални 0,15%, МБИД исто така порасна за 0,21%, а ОМБ падна за -0,31%. Прометот со обврзници изнесуваше 2,74 милиони денари.

Денеска ниту една компанија не направи промет поголем од 1 милион денари. Најблиску  до таа граница беше Комерцијална банка со промет од 982 илјади денари. Беа истргувани 391 акција по просечна цена од 2.511 денари, односно со пад од -0,84%. Втор по промет беше Алкалоид со 761 илјада денари и 173 истргувани акции. Нивната цена во просек порасна за 0,73% и изнесуваше 4.402 денари.Третото место по промет му припадна на Гранит со скромни 592 илјади денари. Само 982 акции беа истргувани по цена повисока од вчера за 0,86%, односно на 603 денари за акција. Денеска најмногу, 4,35% порасна Фершпед, меѓутоа со само една истргувана акција. Најголем пад забележа Македонијатурист. Со 100 истргувани акции по 2.712 денари компанијата забележа пад на пазарната капитализација од -3,47% и денеска “изнесува” 20 милиони евра!!! Апсурден е пазарот и цените, нели?

Пред  некој ден спомнавме дека сезоната на објавување на резултатите од вториот  квартал започна. Колку за илустрација, во Америка 71% од компаниите ги надминале предвидувањата на аналитичарите, 9% биле според очекувањата и 20% не ги достигнале предвидувањата. Тоа е она што веќе втора недела ги бутка нагоре светските берзански индекси. Како ќе биде кај нас и дали ќе се одрази тоа на цените на македонските акции, ќе видиме во поблиска иднина.

Коментари

WWxSbCfMDk

Jusdbfedfwf

dpLvvkUauBFdaKx

Hjuasdfasef

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани