Сабота
04.09.2010










Се е исто како вчера (втор дел)

Дневен брокерски извештај - 22 јули 2009

20090707_brok
И денеска  на Македонскиот пазар на капитал не се случуваше ништо спектакуларно. Вкупниот промет изнесуваше помалку од 8,46 милиони денари. Трите берзански индекси паднаа. МБИ-10 падна за минимални -0,05%, МБИД исто така падна за -0,43%, а ОМБ падна за -0,02%. Прометот со обврзници изнесуваше 4,6 милиони денари. За среќа на домашните инвеститори кои имаат акции, МБИ денеска не го следеше движењето на хрватски Кробекс кој до моментот на пишувањето на овој извештај беше длабоко во црвено со пад од -2%. Европските индекси денот го започнаа со интензивни распродавања на рударските и металопреработувачките компании, но околу 14 часот индексите веќе беа во неутрелна територија, во очекување на почетокот на тргувањето во САД.

Вкупно 14 компании се тргуваа денеска и  само Алкалоид имаше промет поголем  од 1 милион денари. За 1,14 милиони беа истргувани 258 акции по 4.411 денари. Втора беше Комерцијална банка со 275 акции и промет од 692 илјади денари. После неколку денови многу слабо тргување, денеска на трето место се најде Макпетрол со промет од 592 илјади денари. Беа истргувани 16 акции по просечна цена од 37.039 денари, односно со пад од -2,53%. Најголем раст од 3,09% забележа Макстил со само 100 истргувани акции по 152 денари. Најголем пад од -10,71% имаа акциите на Попова кула, со иста количина како и Максти, односно 100 остргувани акции по 25 денари.

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани