Сем ВакнинИзвршно резиме на извештајот за истражување од 07. 06. 2009 год.
Клиентот го овласти објавувањето само на извршното резимеМакедонските граѓани ќе уживаат во патувања без виза во повеќе дестинации во Европа почнувајќи од почетоците на 2010 год. Либерализацијата на визниот режим е добредојденa во малата, затворена и клаустрофобична земја; таа ќе им овозможи на долго напатените граѓани пристап кон високо образование и работни места на заедничкиот пазар од 300 милиони луѓе и БДП за да се изедначи со Соединетите Американски Држави.
Но, промените во визниот режим исто така претставуваат повеќекратни закани за слабата држава. За почеток, би можело да се охрабри масовното заминување на етничките Македонци од земјата и да ја промени демографската рамнотежа во корист на албанскиот народ.
Ова е реално сценарио: на македонското членство во НАТО му беше ставено вето од страна на гневните Грци минатата година, кога двете страни не успеаја да постигнат компромис што се однесува до „прашањето за името“ (Грците инсистираа Македонија да го промени името). Исто така, на Македонија не и` беше даден датум да ги започне преговорите со Европската Унија. Економските и Евро –Атлантските интеграциони планови изгледаат матни и младата, како и постарата популација по секоја цена бара излез. Опасноста на обновениот етнички конфликт неодамна ескалира.
Врз основа на искуството од другите земји во средна и источна Европа – како Полска и Бугарија – како и од искуството во другите региони (на пример: Израел и Виетнам), заклучуваме:
Македонија веројатно ќе изгуби 3-5 % од својата популација во наредните пет години ( претпоставувајќи дека Европа ќе има благ економски пораст почнувајќи од 2012 год.). Се очекува повеќето од популацијата да ја искористи либерализацијата на визниот режим и да ја напушти Македонија засекогаш (да емигрираат). Други 3-5 % веројатно ќе се обидат да најдат привремена работа како гастарбајтери. Тоа значи дека Македонија ќе потоне во негативен раст на популацијата.
Барем 40 % од овие емигранти веројатно ќе бидат студенти, административни работници, академски граѓани и квалификувани работници. Овој масовен одлив на мозоци ќе предизвика дефицит на работна снага во круцијални сектори (здравство, образование, високо школство, истражување и развој, банкарство и финансии, високо – технолошка индустрија и производство). Како што македонската економија ќе закрепнува и ќе се подобрува, така одливот на мозоци ќе се зголемува, а не намалува!
Бери Чизвик и Тимоти Хатон ( „Меѓународна миграција и интеграција на пазар на трудот“ објавена од Националното Биро за Економско Истражување во нивната „Глобализација на историската перспектива“) демонстрираа дека, како економијата во сиромашните земји ќе се подобрува, емиграциите ќе се зголемуваат бидејќи луѓето ќе бидат доволно богати за да го финансираат патувањето.
Девизните уплати веројатно ќе закрепнат како што емигрантите или гастарбајтерите ќе праќаат пари дома и со тоа ќе се наполнат девизните резерви на земјата до 200-300 милиони евра годишно. До 2013 год., девизните уплати ќе го надминат рекордното ниво од 2007 год. и ќе поттикнат нов бран на потрошувачка, изградба и пораст на БДП . Нивото на невработеност во Македонија ќе опадне и невработеноста на добро - образованите и квалификувани лица ќе биде се` само не елиминирана.
Цитати од извештајот:„Македонија просечно вложува 50.000 долари од нејзините тажно сиромашни ресурси во секој факултетски дипломиран човек, само за да биде сведок на фактот како десетици илјади од нив емигрираат во побогати места. Македонија ќе ги субвенционира богатите земји извозувајќи им го сопствениот човечки капитал, потенцијални членови на нејзината осиромашена елита, како и со даноците кои би се плаќале кога тие би останале во земјата. Создавањето на средна класа честопати е неповратно спречувано од се` поголемиот одлив на мозоци. Корумпираната влада која ја води Македонија всушност може да го поздрави одливот на мозоци, бидејќи исто така ќе има одлив на потенцијални политички противници од земјата.“
„Емиграцијата ќе предизвика намалување на конкурентноста. Ќе се зголемат платите во земјата со тоа што ќе се намали потребата на пазарот на трудот (и ќе се намалат платите, особено на неквалификуваните работници)... Овие земји, чија интелектуална елита е осиромашена со одливот на мозоци, честопати се присилени да вработуваат (скапи) странци.“
Како Македонија може да ја искористи заедницата на иселеници која веројатно ќе се формира после либерализацијата на визниот режим?
„Земјите – од Мексико до Израел и од Кина до Гватемала – се обидуваат да дојдат до позначително богатство од нивната дијаспора издавајќи пакет обврзници, нудејќи даночни олеснувања, служби за ефикасни услуги на муштериите, деловни инкубатори и директен пристап во носење на одлуките, како и соодветни инвестициони фондови.
Миграциските асоцијации никнуваат низ целиот западен свет, често по налог на домашните општински авторитети. УНДП, Меѓународната Организација за миграција, како и многу влади (на пример, Израел, Кина, Венецуела, Уругвај, Етиопија), ги охрабруваат и поттикнуваат иселениците да го делат своето знаење со своите колеги во нивната земја. Напредните индустрии за висока технологија во Израел, Индија, Ирска, Тајван и Јужна Кореја беа создадени со враќање на иселениците кои со себе донесоа не само капитал за да инвестираат и контакти – но исто така и деловни вештини и најнови технологии.
Тајланд основа во 1997 год., преку Агенцијата за Развој на Национална Наука и Технологија, проект од 2,2 милијарди наречен „Враќање на одливот на мозоци“. Неговата цел е да го искористи „знаењето“ и „врските“ на тајландските професионалци кои живеат во странство за да го помогне развојот на Тајланд, особено во областа на науката и технологијата“.
ОЕЦД („Меѓународна мобилност на високо квалификувани лица“) верува дека:
„Се` повеќе високо квалификувани работници одат во странство за работа, поттикнувајќи иновации кои ќе циркулираат и ќе помогнат да се подобри економскиот пораст во целиот свет.“
Но признава дека „ е потребна поголема соработка меѓу земјите што испраќаат и примаат за да се обезбеди фер дистрибуција на бенефиции“.
ОЕЦД наведува во „Годишни трендови на меѓународни миграции, 2001“ дека
(цитирам од нивната прес конференција)
„ Миграцијата на квалификувани и високо квалификувани работници најмногу порасна меѓу 1999 год. и 2000 год., помогната од изгледи за подобро вработување и олеснување на условите за влез. Наместо издавање на привремена дозвола за работа за една година, како во минатото, некои земји на ОЕЦД, особено во Европа, издаваат дозволи до пет години и во основа ги продолжуваат. Земји како Австралија и Канада, каде миграциската политика одеше кон трајно населување, сега исто така фаворизираат привремени трајни дозволи со важност од три до шест години... Во прилог на општиот пораст на економскиот просперитет, еден од главните фактори за неодамнешното зголемување на миграциите на работници е развојот на информатичка технологија, сектор каде што во 2000 год имаше недостаток од 850 000 техничари во САД и речиси 2 милиони во Европа...“
Но ОЕЦД ја потценува важноста на одливот на мозоци:„Стравот од „одлив на мозоци“ во земјите во развој, како и во технолошките напредни земји, може да е претеран, со оглед на тоа дека многу професионалци најпосле ќе се вратат во сопствената земја. За да се избегне загубата на високо квалификуваните работници, земјите во развој треба да создадат свои иновациски и истражувачки институции... Кина, на пример, неодамна лансира програм кој има за цел развој на 100 одбрани универзитети во истражувачки центри од светски ранг. Друг начин за да се осигура враќањето... може да биде поттикнување на студентите на студираат во странство, правејќи го бесплатното студирање условено со враќање на студентот во својата земја.“
http://www.narcissistic-abuse.com/nm093.html
Коментари
JzoZYYrHuBtYqXufV
qMFBrkMhWEUBLJQScx
izjavi na vraboteni koji nikoj ne gi shisha!!!!
Имигранти