Роман Пападимитров, Директор на Фондот за развој на човечки ресурси
1. Домашната економија се соочува со последиците од кризата, компаниите се исцрпени, а се прогнозираа влошување на состојбите. Какви се Вашите согледувања, како треба да се однесуваат менаџерите на компаниите за да се „извлечат“ побезболно од кризата?
- Главно, во вакви ситуации, секако се поддршките што ги даваат националните Влади. Тоа е и она што го гледаме како примери и во другите држави. Владите издвојуваат големи средства за спас на своите национални економии. Исто така ги олеснуваат и пристапите до финансиски средства кои во вакви моменти не можат да ги понудат комерцијалните банки, а обезбедуваат и други олеснувања за економските субјекти. Но, тоа е само едната страна.
Секако дека и компаниите не треба да бидат пасивни и се да чекаат од државата. Вакви моменти често пати се и можност за развој. Треба да се видат можностите на нови, алтернативни пазари, можеби да се понудат нов вид на услуги и производи. Треба да се биде флексибилен и освен финансиите, кои секогаш недостасуваат, да се применат други инструменти, како друг вид на маркетинг, свртување кон нови целни групи, нови пазари, и сл. Често во вакви услови треба да се направи и менување на краткорочните цели затоа што имаме новонастаната ситуација, ново опкружување. И овде секако дека е клучен претприемачкиот дух и визијата на менаџерскиот тим.
2. Фондот за развој на човечки ресурси треба да помага на малите и средни претпријатија да ги зајакнат своите капацитети и успешно да се справуваат со конкуренцијата. Каква е состојбата со Фондот денеска и може ли да ја исполните основната улога со оглед на тоа што во изминатиот период се соочивте со непријатности во работењето? Значи ли тоа дека државата индиректно крева раце од поддршката на стопанството?
- Во моментот состојбата со Фондот е тешка. Со скромни средства тешко дека ќе може да ја исполниме нашата улога и да бидеме поддршка на претпријатијата. Со планот за работа 2009-2011 на Фондот кој што беше изготвен во соработка со странски консултанти, беше предвидена тригодишна програма со која се предлагаше начин за осамостојување на Фондот. Во неа годишниот буџет во некоја минимална варијанта беше проектиран по околу 8.000.000 денари на годишно ниво. За жал, програмата остана само на хартија.
Од друга страна и овие 1.200.000 денари кои Министерството за економија требаше да ги обезбедува и во текот на спроведувањето на проектот (односно 2007 и 2008 година) беа префрлени само дел од средствата, односно за 2007 само половина од средствата (600.000 денари), а за 2008 година само 300.000 денари. За оваа година иако се поминати 7 месеци од годината се префрлени само 260.000 денари што кажува дека и оваа година нема да се добијат сите средства. Причините за ваквиот однос не ми се познати. Сепак, Фондот продолжи да функционира главно со спроведување на активности кои беа иницирани со сопствена иницијатива – спроведуваше разни истражувања, анализи, обуки и сл. На ова треба да се додаде и фактот што во текот на јули беше иселен од своите простории без претходна одлука за тоа.
Напротив, беше искористен моментот кога вработените беа на годишен одмор и имаше влегување во канцелариите од каде на најгруб начин беше исфрленена дел од опремата на Фондот, додека дел од опремата што му се допаѓала на новиот директор на институцијата која влегла, Државен инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ), задржана за сопствени потреби. Покрај материјалните добра беа уништени и стручна литература, материјали, приватни работи на вработените и деловните книги на Фондот. При обидот да се контактираат “новите сопственици” за да се реши работата најпрофесионално бевме на најгруб и вулгарен начин избркани.
Но, она што повеќе загрижува од целата состојба е тоа што, иако за проблемот беа известени сите релевантни институции, никој не пројави интерес за решавање на проблемот. Грижата требаше да биде поголема ако се има во предвид дека оваа иницијатива беше финансирана од ЕУ и беше показател за постоење на институција која е многу потребна, особено за национална економија која се темели на малите и средни претпријатија. Со ова, за жал уште една позитивна иницијатива на ЕУ пропаѓа во вода.
П: Од кога постои Фондот и кој ја поддржуваше неговата работа во изминатиот период, со оглед на тоа што спроведовте успешни проекти и остваривте видливи резултати со кои државата доби позитивни поени во Европската унија?
О: Фондот за развој на човечки ресурси започна како проект на Европската унија уште во 2005 година. Главната цел беше да се помогне во јакнењето на менаџерските капацитети на македонските компании преку спроведување на разни активности, како менаџерски обуки, консултантски услуги, групи за размена на искуства, семинари и сл., а се со цел јакнење на знаењата на македонските менаџери, а со тоа и капацитетите и конкурентноста на македонските компании.
Во текот на спроведувањето на проектот, во три фази, беа инвестирани околу 4 милиони евра, пари на даночните обврзници на Европската унија. Во текот на третата фаза од проектот, во период од јануари 2007 до декември 2008 година беше поддржана работата на Фондот. Во текот на овие две години беше предвидено да се зајакнат капацитетите на институцијата и да се најде соодветен модел за нејзино самостојно функционирање по завршувањето на проектот, поточно по декември 2008.
Инаку Фондот беше основан во јуни 2006 година, како заедничка иницијатива на Министерството за економија и 46 други субјекти како компании, консултанти, универзитети, стопански здруженија и др.
П: Како продолживте да работите по завршувањето на проектот, во декември ланската година?
О: За жал, планираното осамостојување на Фондот не се случи. До ова не дојде главно поради недоволниот интерес на сите инволвирани страни, а пред се на приватниот сектор, поточно оние 46 претставници на приватното партнерство. Со завршувањето на проектот и нивниот интерес го снема така што институцијата функционира со поддршката што ја добива од Министерството за економија.
Тоа обезбеди канцелариски простор и лоцираше скромни 1.200.000 денари за 2009 година. Исто така и предвидениот тригодишен план кој беше доставен до Министерството за економија не беше прифатен, односно никогаш не добивме мислење. За идната 2010, а и следните години, немаме никакви најави, така што неизвесноста е уште поголема.
На таков начин не може да се гради оддржливост, а уште помалку кредибилитет на една институција.
П: Какви се искуствата со вакви институции во другите земји, односно дали постојат и кој ги поддржува?
О: Искуствата во другите земји покажуваат големо присуство на вакви институции. Нивните модели се различни, односно некаде се финансирани од државата, некаде се во форма на партнерства, некаде се независни институции (НВОа) некаде се дел од други истражувачки институции (универзитети, институти и сл.).
Но моделот и не е толку битен колку што е битно нивното постоење и поддршка што ја добиваат, главно од државата. Ако во една земја националната економија се потпира на малите и средни претпријатија (МСП) ако 98% од претпријатијата се МСП ако тие придонесуваат во националниот производ со 60-тина % и ако вработуваат повеќе од 50% од работоспособното населени, секако дека треба да се обрне сериозно внимание на нив и да се обезбедат услуги што ќе ги направат поефикасни и поконкурентни.
М.Георгиевска
Коментари
dkcgfdk
Wepsuu
xpFoYQ
Hi, MLjnxY
Човечки ресурси