Ваш колега, а можеби и некој претпоставен, краде. А тоа можеби и не е толку страшно. Можеби едноставно си присвојува. Меѓутоа вие сте го виделе.
Многу внимавајте кого информирате! Притоа, не само поради можноста за одмазда туку и поради тоа што може да излезе дека не сте најдобриот сведок за тоа што се случило! Еднаш бев сведок како една убава девојка се самоуништи на многу фин начин. Изјави пред својот премногу бучен аудиториум од извршни директори дека финансискиот директор краде на сметка на еден од клиентите. (А бидејќи таа спиела со односниот клиент, информацијата била сигурна !)
Веднаш беше наредена проверка што требаше да ја потврди или негира нејзината верзија. Се покажа дека односниот финансиски директор навистина си дозволил да си додаде повремено некоја илјадарка , меѓутоа сите го обожувале, зашто правел да се чувствуваат многу паметни. Но клиентот што „зборувал во сон“ можеби не се почувствувал посебно паметен, зашто го раскина договорот со компанијата, а потоа прекина и со односната убава девојка. ( Ова е вистински случај! Всушност, се што раскажувам е вистинско. Немам толку богата фантазија за да измислам толку многу работи!)
Но ако имате некоја друга информација ( на пример, нешто што сте слушнале за некој иден клиент, кој компанијата решила да го привлече, а што сте го слушнале на некој службен собир или на некој коктел), вашите шефови со сигурност ќе ви бидат благодарни ако ја слушнат. Па затоа само напред!
Не отфрлајте ги луѓето околу васНикогаш и за ништо на светот не отфрлајте ги дури и ситните помошници! Посебно момчето со поштата! Тој со сигурност чита голем дел од вашата кореспонденција или барем последните два-три пасуса, за да провери кој го пратил писмото на кое има печат : „Адресантот непознат“. ( Праќањето на личната пошта без соодветна адреса со надеж дека ќе заштедите некоја пара за поштенските трошоци , е многу ризична работа! Морате да ги ставите барем иницијалите!).
Освен што има претерано многу информации за вас, за да си дозволите да го отуѓите, момчето со поштата може да се претвори во ваша незаменлива десна рака! На пример, пратете го да бара вентилатор во големите летни горештини, и тоа ќе се врати со два! ( Во ситуација, се разбира, кога сте му дале соодветна стартна брзина, на пример, со помош на убави чоколадни бонбони или со кутија колачиња за Свети Валентин!).
Но се разбира дека треба да бидете мајка на сите млади момчиња во офисот! Делете аспирини и насмевки во сите правци и на секого што има потреба од нив!
Неодамна слушнав дека еден келнер се обидел да влезе низ вртливата врата, но , за несреќа токму во мигот кога група потпреседатели решиле да излезат од неа.
Така еден од нив добил џумка на челото. Луѓето побрзале да бараат лекар, но во меѓувреме до него се доближила една од сметководителките, го гушнала мајчински и почнала да го смирува: „ Не плашете се! Веднаш ќе дојде лекар! Се ќе биде добро!“ Се зборува дека оттогаш таа сметководителка ја има постојаната љубов и почит на односниот потпреседател.
Се надевам дека веќе знаете дека , кога мажите зборуваат, вие само слушате! Кога жнеат успеси, вие истурате комплименти! И им се восхитувате исто колку и на своето момче! Што е толку тешко во тоа ?!
Коментари
uAqlzRfPFJ
sdtKbZIgHWV