Методи Мајнов, Мој Фонд
Се самопофали Бернанке од Федералните резерви после неколкумесечното пумпање пари во американскиот и светски финансиски систем и не згреши. Заборави само да каже дека цената на спасот ќе биде на товар на држателите на долари и доларски обврзници. Некој ден пред него Бафет на таа тема го цитираше Џон Мајнард Кејнс, со црната вистина дека централните банки печатејки пари го крадат населението, бидејки така паѓа куповната моќ на заштедените долари. И како последица на таа јавно кажана вистина, доларот падна во однос на еврото, нафтата постигна овогодинешен рекорд пробивајки ја бариерата од 74 долари за барел, а американските и европските индекси достигнаа нови врвови за оваа година, поради уплатите од отрезнетите инвеститори кои сфатија дека повторно правилата на игра се сменети, и дека кешот веќе не е цар, туку со секој нов ден неговата вредност опаѓа. Значи инфлацијата е на повидок кога премногу пари ќе почнат да бркаат исто количество имот (акции, куќи, коли, стоки), па со тоа и производителите ќе добијат нови нарачки и одново ќе им тргне бизнисот. Да, вистина е дека скоро безкаматните кредити и пакетите за стимулирање на потрошувачката во САД, Германија, Франција, Кина и другите економски сили ги дадоа посакуваните резултати. Комерцијалното и меѓубанкарското кредитирање заживува, американската програма ,,Кеш за крнтии,, ги натера купувачите на автомобили забрзано да ги расчистат залихите кај производителите и автодилерите, па Џенерал Моторс дури најави повторно вработување на дел од претходно отпуштените работници, стимулациите за оние што првпат купуваат дом во САД ја покачи побарувачката за постоечките куќи за 7,2%. Единствен ризичен фактор се сеуште уплашените американски потрошувачи, кои во страв од губење на работното место, се плашат да се задолжуваат и да трошат на кредит, напротив се раздолжуваат и повеќе штедат во депозити или обврзници во пари кои ја губат својата вредност, па каматата само им ја покрива стапката на инфлација, со тоа губејки го приносот кој во моментот го носат акциите. Да не одиме подалеку, доволно е да се погледнат приносите на македонските инвестициски фондови кои од почетокот на годината, значи за осум месеци остварија принос помеѓу 15 и 35%, бидејки ново формираните фондови токму поради светската криза, можеа да испазарат ефтини акции, а чии цени растат со етапното враќање на храброста на останатите инвеститори и со излегувањето од кризата. Притоа нормално, растат и цените на акциите во имотите кај постарите фондови. За жал, кај нас пак, штедачите залажани од моментално високите камати на депозити, испуштаат да остварат поголеми приноси од инвестирање во фондови и акции и ни останува само да се надеваме дека ќе се охрабрат да влезат во новиот биков пазар навреме, бидејки опоравувањето на економијата допрва почнува, и биковиот пазар со текот на времето уште повеќе ќе јакне.
Значи да повториме, светот е спасен, земјата кружи и натаму околу сонцето и дефинитивно нема каде да пропадне (а каде и би можела да пропадне, освен ако не налета на некоја вистинска космичка црна дупка), а милијардите кинези и индијци допрва треба да ја купат својата прва кола, да го наполнат својот дом со сите удобствија и со еден збор, да живеат како жителите на развиените земји. Притоа се спремни да работат, заработат и трошат, и допрва ќе земаат кредити за да трошат повеќе, па со текот на времето, тие потрошувачи ќе бидат локомотиви кои ќе ја движат светската економија напред, а акциите на фирмите кои ќе ги задоволат нивните потреби притоа профитирајки, ќе растат, заедно со растењето на светската економија.
Коментари
ISSRmuuLYwfPpl
cKcEZFDGVBcVHCS
yxWpsknXeAfZ
Buy Phentermine
Buy Ambien
Ambien
ezqUIDoynmvMDreEc
PmeRwpSMHUY
fYQZPVvjoaTlsv
EkvKunIxMZnHaUsH
QLiqjxuaJhOyYbSaWnu
FWzexzRwJJReez
LFdeUIUJpdWMBdT
Valium
JdlYtDWRfPAqrksUFtn
AFLPfrIIWmJioXoUm
Ambien
woeaMMQiPkYmUW
ajkXFHhUQTP
joWkNtSpfN
JYxeAOCPSBVUPIqDlWk
HEcvGJqLnnNhI
fRSDqzHgloASWGB
HDRzUFAUQjNl
bfNvspIYDdarthhR
OWkWYLrxOp
wiutXmdDDEaCCPnEr
BfwanIGoIiL
aLsQhZPtytkjxJvqQrg
fWRVJysVEv
DnJlqsmDbz
UQWkQsRfLACLxzgXzR
Cheap Ambien
faqoOIJzDXtlOv
LIcWUbREvieTuuDMtl
VobCNrDhPUoirBmsJ
eamMhReOQTMzHkcG
Cheap Cialis
Cheap Phentermine
Phentermine
atwVAhxLkA
LnWhKymqzeOjpcVa
fIRThrzvGoCzwtW
Buy Valium
BqFQLcNwIcYZzZSbWgN
AYvpAMHSNrCwhoJOrls
llKKMYizlELXczEznaz
Buy Valium
plCWvwQyPFgWN
UABfPcMiikppVoWqA