Нилс Херлениус, претставник на „Ергон“ за Централна Европа* Како одлучивте да дојдете во Република Македонија и да се претставите на овој пазар?- Многу лесно одлучивме да го направиме овој чекор. Компанијата „Ергон“ е во приватна сопственост, а во изминатите години оствари голем профит. Така, решивме да се прошириме и во други делови од светот. Инвестиравме околу 50 милиони американски долари за нова рафинерија, која во моментот е најголема во светот. Тој дополнителен капацитет не е возможно да се искористи само со Јужна и Северна Америка, па во последните две години решивме да се прошириме и надвор. Се покажа дека една од најважните зони за нашите производи е Централна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.
* Што може македонскиот пазар да понуди во споредба со другите земји?
- Знам дека и покрај тоа што Македонија е мала земја, има висококвалитетни производители на трансформатори, кои се униктани. Би можел да кажам дека спаѓате во земјите кои имаат едни од најквалитетните трансформатори. Сметам дека на второ место по вас ќе биде Хрватска.
* Со кои фирми од Македонија соработувате и како ја опишувате соработката?- „Емо“ од Охрид, „Макстил“ и „Раде Кончар“ се трите фирми кои произведуваат трансформатори во Македонија. Компаниите работат, главно, за извоз, а нивните конкуренти се други компании од цел свет и на овој пазар постои интернационална конкуренција. Затоа тие треба да произведуваат висококвалитетни производи.
Освен тоа, МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН користат наши масла, но во значително помали количини. Но, тука се согледува нашиот квалитет, дури и за мали количества тие го користат нашето масло, што е голем доказ.
* Започнавте со инвестиции во многу критичен момент за економијата, како и во светот, така и во Македонија. Какви се Вашите предвидувања за идното развивање на овие простори?- Во фамилијата „Ергон“ луѓето се многу оптимистички расположени. Оваа криза е како и сите други. Ние нудиме производи поврзани со создавање на енергија, а во светот секогаш има потреба од неа. Можеби ќе има мал пад во производството и воиндустријата, но исто така, нудиме производи и за автомобилската индустрија за производство на гуми, а автомобили се уште се купуваат. Значи, можно е да има мал пад, а прашање на време е кога сето тоа ќе се поправи. Ако се споредиме со „Шел“, тие неколку од рафинериите ги објавија за продажба, а некои од нив ќе бидат и затворени. Исто така, во некои сегменти ќе има кратење. Ние сме задоволни од нашите инвестиции.
* Како променливата цена на нафтата ќе влијае на вашиот бизнис и проширувањето во овој регион?- Ние работиме на т.н. „даунстрим“ метод, што опфаќа рафинирање и преработка на нафтата, за разлика од „апстрим“ компанииите кои работат со сурова нафта и директно зависат од неа. „Приста оил“ и ние сме даунстрим компании. Ние, практично, купуваме сурова нафта и потоа ја преработуваме... Секако дека сме зависни од цената, како и сите останати. Така што ако цената на сурова нафта оди нагоре, и нашите производи поскапуваат. Тоа влијае и на корисниците исто така.
Добро е да се спомене дека за добро масло за трансформатори, се прават продукти од специјални нафтени деривати, а тие се поразлични од обичните масла.
Има случаи кога цената на нафтата оди надолу, но цената на овие нафтени продукти се покачува, поради тоа што се појавуваат проблеми со логистика, со снабдување, со капацитетот на производство на нафтени деривати.
* Како би го опишале значењето на енергетскиот сектор за една држава?- Електроенергетскиот сектор е важен за секоја држава и во некои земји, во моментот, најмногу во Јужна Африка и на Средниот Исток, има некои програми за развој на нивните енергетски мрежи. Исто така, и главните компании во регионот, како во Македонија, Бугарија или Турција, ги зголемуваат нивните производствени капацитети. Тоа е многу чудно. Јас би рекол дека ако анализирате хемиски компании или дурги индустриски компании, ќе забележите дека имаат негативно влијание од кризата, но ако ги споредите производителите на трансформатори, ќе забележите дека ги развиваат производствените единици.
Тоа е контрадикторно, но тоа може да се објасни со важноста на енергетскиот сектор во целата економска структура. Нема држава која може да се развие, без да го развие енергетскиот сектор. Најголем врв во развојот на енергетиката во Европа беше во 70-те години од 20. век, а некои земји од Средниот Исток и Централна Африка тоа го прават сега. Ако се земат предвид земјите од Европа, како Франција и Англија, тие секоја година го зголемуваат капацитетот на енергијата за еден процент, додека кај земјите од Пацификот тој процент е 15.
* Во која земја од регионот имате најголем пласман?
- Ако се зборува за количество, најголема побарувачка има во Турција и Романија. Тоа се објаснува со поголема употреба од страна на енергетските компании, за сигурна достава на енергија, како во домовите, така и во индустријата. Краен факт е дека со текот на годините различно се развива пазарот, поврзано со потребата од трансформатори. Во последно време Турција зема се поголема сила, затоа што се развиваат големи проекти на Блискиот Исток и поради географската близина земјата има голема корист. Друго нешто е тоа што Турција одржува постојана сорабтока со земјите од Централна Азија и поранешните советски држави, кои исто така поддржуваат такви проекти. Благодарение на нив, тие ја развиваат оваа индустрија се повеќе и посилно.
Консумацијата на Турција е два пати поголема од сите земји на Балканот и Југоисточна Европа. Но, тоа не значи дека овие неколку фабрики од Македонија не се достојни. Тие извезуваат нивни продукти низ цела Европа, Јужна Америка, Јужна Африка и насекаде. Тоа е доказ за квалитетот кој тие го произведуваат.
* Дали „Ергон“ планира да гради производствен капацитет во регионот и дали нашата земја може да ги задоволи вашите услови за инвестирање?- Што се однесува до нас, тоа зависи од развојот на регионот. Македонија и соседните земји се добра основа, но иднината ќе покаже, затоа што сме многу отворени и флексибилни. Ние во Европа сме една година и половина. Досега отворивме четири депоа и потпишавме договори со Полска, Германија, Франција и со Шпанија. Многу брзо се движиме.
* Според вас, што треба Македонија да направи за да го подобри енергетскиот систем, воедно и економската состојба во земјата?- Македонскиот пазар е многу интересен за инвестирање. Тоа е мое мислење. Сметам дека треба да согледате примери од вашите соседни земји, кои се најблиску до европските стандарди и начинот на кој тие привлекуваат инвестиции. Меѓутоа, не е задолжително да сте член на Европската унија, доволно е да склучите договори за соработка и за слободна трговија. Треба многу да истражувате на тоа поле и да ја подобрите конкурентноста, со цел да направите поголеми продажби.
„Ергон“ е американска компанија за преработка на нафта и производство на нафтени деривати. Фирмата е сопственик на рафинериите во Ел Дорадо, Њувел и Виксбург, како и голем број терминали за суровини и производство. Основниот спектар на продукти е од групата на електроизолаторни масла.
Во 2008 година „Ергон“ отвори во Белгија свое претставништво за Европа. Неколку месеци подоцна, компанијата склучи договор за техничка сорабтока со бугарската компанија „Приста оил“, за ексклузивна дистрибуција во Бугарија, Романија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
Оливера Томиќ
Коментари
LvvUcvKygYJ
tmCpEGrqcZqS
qKHtcZWUKB
Ambien
iwNTnCRxgwQaMchG
dccwGnYbJrLz
kGorNyWLVxdeAHZjd
xApVdXxLQCZx
WEuaPvedWc
Ambien
Buy Phentermine
Phentermine
PazmvdIZzKKm
XYhwxGVmGqTiL
fFDiMFSrRK
Cheap Valium
eKImusGMDTjqrb
seIvEVBbUuhG
ddMgrToQsIn
OHjECuVtTsXW
BNUIWGGUTMPPcaYB
Xanax
xIKzathdtIN
XQiBaSnsZWIWE
MFNCMCzqIQeR
clecUpreVEVg
trwMooiFfoYGwxXueUC
baWETTCkiTU
Buy Phentermine
DECofZdpkHXi
FgBvJrhqSfGrKLVu
Cheap Phentermine
Valium
Cheap Ambien
Buy Ambien
wLiOfcLWeWgpSOsV
Valium
nAbgesQSSYIdysYHI
Ambien
MsDjJusLgikeJsUOera
Cheap Xanax
Cheapest Cialis
Xanax
Phentermine
Buy Cialis Online
eIZecW