Сем ВакнинМакедонската берза (МБ) не работи успешно. Меѓутоа, според некои параметри кои се користат за мерење на успехот на берзата, има подобрување. На пример, месечниот обем на пари е зголемен заедно со бројот на трансакциите. Но ова е далеку од успех.
Кој е виновен за тиа? Дали актуелниот менаџмент на МБ?
Јас не мислам така. Всушност, мислам дека МБ има одлично раководство кое работи тимски, настојува да вгради нови техники и да придобие нови фирми. Проблемите се на друго место.
Берзата е многу важна на финансискиот пазар. Таа е многу ефикасна и е видлив инструмент на финансирање. На запад, берзата се користи за финансирање на потребите на корпорациите, многу повеќе отколку финансирање преку банките. Поединци и фирми зачувуваат дел од приходите и инвестираат. Берзата им овозможува основа на штедачите кои сакаат да ги вложат своите заштеди – и фирми кои бараат инвестиции.
Друга функција на берзата е да им помогне на владите во финансирање на барањата за внатрешно задолжување. Владите ги продаваат хартиите од вредност (наречени обврзници) на инвеститори преку берзите. Според тоа, берзата е незаменлива алатка за рефинансирање на националниот долг.
Но, за правилно да функционира берзата мора да преовладуваат некои услови.
Најважен услов е постоење на здрава и растечка економија. Инвеститорите се собираат и се задржуваат на здрава економија и бегаат од онаа лошата.
На прв поглед, македонската економија припаѓа на втората категорија. Висока невработеност, мали заштеди, мал пораст и финансиски дефицит. Но ова е оптичка илузија. Економијата е во многу подобра состојба отколку што многу Македонци сакаат да признат. Бројките на невработеност се искривени. Тие се одраз на настојувањата да се избегне плаќањето на социјални давачки – не е вистинска невработеност. Економијата е во пораст и според официјални проценки. Сивата економија расте уште побрзо. Дефицитите се покриваат со големи инфузии на капитал од земји донатори. Македонија добива повеќе меѓународни кредити по глава на жител од Русија. Секогаш е погодно да се обвинува влошувањето на економската клима - но бројките не го кажуваат тоа.
Кога економијата е во пораст, добивката на компаниите (вклучувајќи и ги оние наведени во МБ), ќе расте. Со ова акциите на овие компании стануваат интересни за купување.
Бидејќи никој не купува – треба да го бараме проблемот на друго место.
Квалитетна берза подразбира постоење на добар микро и макро економски менаџмент. Македонија има многу проблеми во тој поглед.
Процесот на трансформација на фирмите со општествен капитал имаше четири основни недостатоци.
1.Фирмите кои се трансформираа не воведоа ново раководство, нови идеи и капитал. Пазарот едноставно не поверува дека тие беа трансформирани. Истите луѓе го водеа истиот бизнис под друг шешир.
2.Таквата трансформација го крши концептот на хиерархија ,синџирот на раководење и командување.
Ова ја замаглува разликата меѓу работната сила (работници) и капиталот (сопствениците). Проблемот со тоа е што бродот треба да има капетан- и тоа само еден. Некој мора да има овластување и одговорност. Колективното управување не е управување.
Притоа иновациите, промените и ревитализацијата се спречени. Какви промени би можеле да доаѓаат од иста група на исцрпени менаџери? Како може илјадници сопственици да решат да ги влошат условите на работната сила – ако и сопствениците и работниците се едно исто? Значи управувањето е заразено од небитни и неекономски аспекти; борба за превласт меѓу групи работници, социјални размислувања и политички интереси.
Со ова идентификувавме еден негативец. Вториот е високата каматна стапка. Кога каматната стапка е висока, три фактори ја спречуваат реанимацијата на берзата.
Прво, фирмите имаат високи финансиски трошоци кои го намалуваат нивниот профит.
Второ, не вреди да се позајмуваат пари и да се инвестираат во акции.
Трето, попримамливо е да се инвестираат пари во банкарски депозити отколку во акции. Високите каматни стапки се отров за берзата.
Истото важи и за ниските каматни стапки за штедење. Ако луѓето и фирмите не штедат нема да има капитал за инвестирање во акции.
Точно ова е актуелната ситуација во Македонија - неверојатно високи каматни стапки во комбинација со ниски каматни стапки за штедење. Постои основна недоверба меѓу клиентите и нивните банки. Тие преферираат други начини за чување на своите пари.
Сето ова не е доволно за да се исцрпи листата на предуслови за правилно функционирање на берзата.
(продолжува)
Коментари
jwBItGFBBFgIFNiQ
uSLoxpvfQyCnrzHQMs
Zosto makedonskata berza