Помогнете им на вашите деца да изберат професијаПри изборот на вистинската професија најдобриот начин на кој можете да им помогнете на вашите деца е да им презентирате доволен број примери за одредено занимање или, пак, да им дозволите практично да се запознаат со тоа што го сакаат.
Доколку се уште не се решиле, овозможете им да го менуваат својот избор. Најдобрата одлука ќе ја донесат ако ги разгледаат сите варијанти.
- Информирајте се!Ако сакате да помогнете вистински на децата треба да бидете информирани. Читајте литература во однос на изборот што го направило вашето дете. Информации ќе најдете во дневните весници, во стручната литература, во библиотеките, на Интернет ...
- Давајте предлози!Понудете му на вашето дете повеќе професии за кои сметате дека тоа е заинтересирано или, пак, избор на професии за кои вие сметате дека успешно ќе ги работи, ако вашето дете е нерешително.
- Испробајте се и вие во професијата што ја избрало вашето дете!Многу ќе помогнете ако и вие знаете за што станува збор. Во вашето слободно време можете да се обидете да ја работите работата што ја сака вашето дете и да научите нешто повеќе за тоа. Детето може да дојде со вас и да ве набљудува додека работите. Така ќе може полесно да одлучи дали е тоа што навистина сака да го работи или не.
- Советници за професииОвие лица им помагаат и на децата и на возрасните кои не можат лесно да одлучат како да го направат вистинскиот или барем изборот на професија кој најмногу им одговара. Однесете го вашето дете на разговор со стучно лице.
Коментари
PfOPugpPhmNhXucLiNy
tFlYxPmqjOMNiMY