Сем ВакнинИнвеститорите мораат да имаат навремени, точни и целосни информации за фирмите во кои инвестираат. Тоа ќе им овозможи навремено да реагираат за развој во компанијата и да ги спречат загубите. Со ова ќе биде потешко да се измамат, со што доаѓаме до прашањето на книговодствените стандарди.
Само во последно време македонските стандарди се ревидирани да одговараат на западните системи на книговодство. Но дури и сега сличноста е многу мала. Кај македонските фирми постои двојно книговодство. Една документација служи за прикажување на загуба или добивка според желбата на раководството. Елаборирана лага на скриени податоци лежи во срцето на типичниот финансиски извештај кај македонските фирми. Другиот сет на документација – ако воопшто се води – ја рефлектира реалноста. Ова е огромна пречка за странските инвеститори кои се движечка сила на секоја модерна берза.
Довербата на инвеститорите на берзата се заснова на законот да ги заштити нивните права на сопственост од раководство во фирмата, од властите и од други инвеститори кои можат да манипулираат со цената на акциите.
Меѓутоа, законодавство без ефикасен судски систем за спроведувањето на законите е како берза без пари. Спроведувањето на правото на сопственост во Македонија трае со години, а исходот сепак е неизвесен. Законите и прописите се во фаза на ембрион, а некои од нив изгледа доживееја абортус: тие набрзина беа копирани од правните кодекси на други земји (Германија, Велика Британија).
Последно и дефинитивно не помалку важно е постоењето на фер, транспарентен и некорумпиран пазар. Берзата, банките, регулативните органи, полицијата и судовите треба да бидат над секое сомневање. За пазарот да биде потполно ефикасен, треба да биде слободен од било кави задни размислувања и мотиви. Корупцијата ја искривува распределбата на пазарните механизми и овластувања. Тоа лесно се забележува при работењето на берзата. На крајот на краиштата берзата е излог на локалната економија.
Но постои проблем кој е поголем од сите други проблеми и речиси е ендемичен за Македонија. Тој ќе помогне да ја објасни лошата состојба на берзата во Скопје. Тоа е фактот дека на пазарот недостасува најважниот играч: Владата.
И домашните и странските инвеститори бараат владата да биде активна во локалната берза. Владите ширум светот ги користат своите берзи за да ги продадат акциите на државните претпријатија на своите граѓани. Берзата е механизам за дистрибуција и расподелба на националното богатство. Како што рековме, владите исто така ја користат берзата за да позајмат пари од граѓаните.
Владата на Македонија не прави ништо од ова. Таа целосно ја игнорира берзата. Нити една компанија не е приватизирана преку берза. Нити еден денар не е позајмен од македонските граѓани. Активноста на владата во берзата е доказ дека владата верува во неа. Затоа ако владата не работи со берзата, значи не верува во неа. А ако владата не верува во берзата во сопствената земја, тогаш зошто инвеститорите би требало да веруваат во неа?
Постојат додатни структурални карактеристики кои се сметаат за обележја на здрава берза. Но тоа се нус производи од сите горенаведени услови.
Работата на берзата мора да е континуирана за да можат инвеститорите лесно да ги конвертираат своите пари во акции. Таа мора да содржи многу инвестициски опции и да ги насочува. Ова ќе им овозможи на инвеститорите да бираат меѓу различните инвестиции и да го намалат ризикот на поделба на своите пари поделувајќи ги своите пари на неколку вида на инвестиции.
Раководството на берзата може да помогне со воведување на ефикасни техники на тргување, компјутерски систем за тргување итн. Инвеститорите ги добиваат парите кога ќе ги продадат акциите – заклучно сакаат да работат со берза која ќе им ги овозможи тие услови. Полесно е за нив да го ликвидираат имањето наидувајќи на купувачи – заклучно ќе сакаат да работат со таа берза.
Вложувањето во берзите на новите економски пазари е несреќна одлука во последниве три години. Берзите од Русија до Унгарија, од Литванија до Полска одеа во крајности од крајот на 1993 год.
Тие наликуваа на roller coaster која оди горе-долу, кревајќи се и паѓајќи по десетина проценти годишно. Но постојат исклучоци од ова правило. На пример љубљанската берза. Обемот на тргување од декември 1993 год. пораснал за десет пати, а пазарната капитализација за триесет пати. Но тоа е поради перформансата на економијата во Словенија. Во Хрватска, владата ги приватизира своите државни претпријатија и имоти по пат на аукции, тендери преку берза на Загреб. Тоа многу помогна.
Новооснованите берзи се многу нестабилни и опасни. Нестабилноста оди рака под рака со ризикот. Тие се долгорочна инвестиција. Од 1988 год. овие берзи ги надминаа сите берзи во светот дури и Вол Стрит.
Но овие берзи брзо се развиваат, тие се евтини и се најдобрата инвестиција што една земја може да ја направи.
Коментари
bWoLmXgKHbV
CkWoPQWKfLtHNMPiLuQ