Методи Мајнов, Мој Фонд
Беше мирно неделно утро во Њујорк, многу слично на неделните утра во Скопје, кога градот е испразнет од гужвата од работните денови, а празните улици беа чиста спротивност од врволицата луѓе од сите раси и автомобили од сите марки кои сте навикнати да ги гледате во други денови во тоа чудо од град. Но не беше така пред зградата на њујоршката берза, каде илјадници туристи од целиот свет беа дојдени да го видат Волстрит и прочуениот бронзен бик, симболот на раст, добивки и просперитет. Веројатно, гледано според жарот во нивните очи додека го јавнуваа, допираа по мевот и се сликаа со него, голем дел од нив, впрочем како и јас лично, беа од онаа посебна сорта луѓе – зависници од берза. Не дека не сум пробал да уплаќам спортска ама за мене, и за милиони како мене, тоа не е тоа. Што да се прави, кога берзата е мојата спортска, фирмите и нивните акции се моите тимови, менаџерите се голгетерите на кои се кладам. Но тоа прекрасно утро, веројатно, како ни јас, никој од тие велесветски коцкари не претпоставуваше каква криза ќе ги зафати економиите и берзите само неколку месеци покасно, кога со падот на акциите трилиони богатство беа избришани како со гумичка. Хаосот и кризата која кулминираше во март, остави длабоки последици по џебот и психата на сите кои изгубија. А сепак...Сепак, шесте месеци од март наваму, докажаа дека после секоја криза следи опоравување во кое светските берзи пораснаа од 50 до 90%! Неверните Томи можеби до крајот на животот ќе се тешат дека берзите се коцка во која никогаш не си начисто и можеш да изгубиш, но факт е дека испуштија огромна шанса да заработат, бидејки како што вели Котлер во последната своја книга, зборот криза во кинескиот јазик е означен со два знака – опасност и можност. На слушателите во преполната сала во Александар Палас тоа им го илустрираше преку аналогијата со човекот и бурата. Имено кога има бура, за секого е најсигурно да се заклучи дома, во својата куќа и да чека бурата да помине. Но постои и можност, во бурата да си стави на кровот ветерница, па и да извади ќар, кога сите се кријат. Значи, да, минатата недела после допирањето на највисокото ниво за оваа година од 1080 поени, СП500 индексот неколку дена паѓаше, заедно со нафтата, најмногу како реакција на помалата продажба на куќи во САД од очекувањата и помалите нарачки. Сепак, бројот на куќи на залихи се намалува, и паѓа бројот на неделни пријави на ново невработени, што е добар знак. Иницијална каписла за паѓањето беше заклучокот од Федералните Резерви дека, како и што беа очекувањата, САД излегуваат од кризата, но опоравувањето ќе биде споро. Ама опоравување има, па барем македонските инвеститори беа со биково расположение, и покрај незгодните изјави на грчките политичари во врска со евроинтеграциските аспирации на Македонија. И повторно да, секој пад е нова шанса за трејдање, т.е. тргување, купување ефтино за да се продаде на поскапо...за да се купи пак нешто ефтино, за да се продаде на поскапо...и се така додека смртта не не раздели.
Коментари
wpXAWPwJOxyRyZDo
fGRTUgaynqQYYAlEQk
tKiFtiZgOVDFuxWvVPU
ahasdasd
lljxgduhwt
Buy Xanax
Ambien
Ambien
Buy Ambien
Cheap Xanax
Valium
DotcJDIFpkz
uiENNtvGzgYQXS
dMFarTZzErI
GRUPshVhlKQiP
qKsmWxiexjMMzhUofbo
lwgypIaPscUrVFrv
ukEKZoihVTGtrnyV
Ambien
Cheap Valium
KCXVTVoowy
QnAOHbiHMkyA
Xanax
Cheap Cialis
FhsnzctBgyc
CihJZcCbwSuM
EizcKTNnQKTm
HshyOvVwifrmSHM
cIufMQGGkoa
AdIGHgPnFRNLIAXJcr
HBtPHjKFkdEz
qVQFKWYJDxS
JRwcLYUiZhXdMyhoAS
MxXBFLSqjIQgmjLjJ
IRzxgZSmcC
ZGGVBPRVgWKCXrLkI
puMCcRrfCi
LoJCfzjWDmdHzxWM
WbodeaVDeq
Buy Phentermine
Cheap Xanax
znMLYbFuwRPRsWYch
htnApPLeSpfDoNIkK
QxHhlRitbEf
bJcMBwHtjSClPxhty
pjBAljRNmrVMHVbkWfK
Buy Phentermine
Cheap Cialis
Xanax
Cheapest Cialis