Засукајте ги ракавите и фатете се за работа Замислете си ваква една ситуација: Напорно работите, преморени од секојдневните обврски во вашата канцеларија, во исто време вашиот шеф се подготвува да тргне на службено патување или да замине на одмор.
Пред вас се исправа едно големо искушение: дали работата да ја сведете на минимум. Размислете добро, зошто тоа може да биде навистина лоша идеја. Проблемот со одложувањето или со неизвршувањето на работните обврски е во тоа што при ваквото однесување на работното место многу лесно можат да ве откријат. Може да се случи некој од колегите да ве издаде кај шефот.
Сепак, ако вашиот претпоставен е способен професионалец, тогаш тој ќе најде начин да дознае како сте го искористиле неговото отсуство - дали нешто сте работеле или едноставно мрзеливо сте доаѓале и сте си заминувале од канцеларијата. Тој за вашата работа во периодот на неговото отсуство може да заклучи и според обемот на работата која не е завршена.
Размислете, ако некој само помисли на тоа дека постои можност да ги одложувате работните обрски и дека сте биле мрзеливи, сигурно нема да даде добра препорака за напредок во вашата кариера. Од друга страна, ако некој треба да биде отпуштен од компанијата, вие ќе бидете први на листата.
Затоа додека вашиот шеф не е во можност постојано и будно да ве надгледува, подобро е да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Уредно сработете го сето она што треба да биде сработено, дури побарајте и некои дополнителни задачи.
Кога вашиот шеф ќе се врати во канцеларијата, ако не дознае од другите колеги колку вие сте биле вредни, најдете начин самите да се пофалите. На пример, можете да му испратите писмо во електронска форма во кое детално ќе му објасните што се сте сработиле додека тој бил отсутен.
На тој начин тој ќе добие впечаток дека вие сте вработен во кој може да има доверба, а не само некој кој гледа да се извлече секој момент кога е можно. Добрите шефови умеат да ги ценат ваквите нешта, па затоа верувајте дека во некоја пригода ќе бидете адекватно наградени за ова. Не е важно во кој облик ќе биде вашата награда, во вид на зголемување на платата, дополнителни слободни денови или унапредување, важно е да почувствувате дека некој го цени вашиот труд.
Ако вашиот шеф не е од оние кои знаат да ја ценат работата и лојалноста, потрудете се да стекнете доволно работно искуство работејќи за таков работодавач. Кога ќе дојде вистинскиот момент најдете си ново работно место каде што вашата работа ќе биде вреднувана на адекватен начин.
Коментари
WNWlfIZdBHCYsMHcm
MAzjCXAkMrhzXfcVbcF