Американскиор долар поевтине во однос на повеќето основни валути, откако по слабите извештаи за вработеноста се засилија очекувањата на инвеститорите, дека основната каматна стапка на САД ќе остане блиску до нулата.
Работодавците скратиле повеќе работни места отколку што се очекуваше минатиот месец и нивото на невработеност достигна 9,8 отсто во однос на 9,7 од претходниот месец. Ова е највисокото ниво од 1982 година наваму.
Негативните извештаи влејаа страв дека од слабиот пазар на труд може да се забави заздравувањето на економијата од рецесијата.
Доларот реагираше на негативните вести за американската економија, и отсапи со 0,95 отсто во однос на еврото до 1,4773 долари. Индексот на доларот кој ја мери вредноста на американските пари во однос на шестте основни валути се намали за 0,6 отсто во однон на претходниот ден кога имаше 76,69 поени.
Американската валута поскапе во однос на јенот за речиси 0,3 отсто и достигна до ниво од 89,80 јени за време на американската трговска сесија.
Фунтата го заврши тргувањето речиси без промена, откако во текот на денот британската валута забележа пад во однос на зелените пари до 1,5804 долари, но како последица успеа да ги надокнади своите загуби. Во однос на еврото фунтата се намали со 0,7 отсто до 0,9198 фунти.
Австралискиот долар забележа пад од 1,5 отсто во однос на американскиот до ниво од 0,8568 американски долари, како последица на падот на светските акции и пониските цени за суровата нафта.