Доларот ја започна новата недела со намалување во однос на еврото, откако позитивните економски извештаи ги охрабрија инвеститорите да ги пренасочат кон поризични активи.
Во еврозоната индексот PMI во сферата на услугите регистрираше раст од 50,9 поени во септември што беше над очекуваните 50,6 поени.Како резултат единствената европска валута се покачи во однос на доларот со 0,7 отсто до ниво од 1,4667 долар. Во однос на јенот, еврото се покачи до 131,63 јени, а во однос на фунтата достигна до границата од 0,9200 фунти.
Од друга страна, американскиот индекс ISM во сферата на услугите порасна до 50,9 поени за септември во однос на 48,4 во август. Освен дека веше над очекувањата на аналитичарите вредноста на идексот ја премина и гранцата од 50 поени, што најавува раст на темпото на развој на економијата.
Овие податоци ги поддржаа беранските индеки на „Вол стрит“, што од своја страна дополнително го ослабна доларот.
Американската валута го загуби почетниот раст во однос на јенот и фунтата, и го заврши денот со незначително покачување на ниво од 89,52 јени и 1,5933 долари. Зелените пари забележаа значителен пад во однос на австрлискиот и новозеландскиот долар, откако нафтата и златото поскапеа. Австралискиот долар порасна за 1,6 отсто до ниво од 0,8794 за долар, додека новозеландскиот се покачи со 1,8 отато до 0,7310 за долар.
Коментари
mUggDvbw
gafeefc
egededd
GDZBjsZwwXVZy
oOSPBnfcxqYaJz
WxvKmAkiPsKn