Петок
19.03.2010










Бесплатен ручек!

Милан Димитриоски, Мој Фонд

milan
Невидливата рака на пазарот, т.е. бројните претприемачи кои го движат општеството кон индустриски прогрес и развој движени од своите лични мотиви за збогатување, според Милтон Фридман, е факторот поради кој било која економска криза не може да трае со години, освен доколку некој постојано не го попречува опоравувањето, притоа мислејки на државата и нејзината монетарна улога. Ваквата негативна улога на државата беше најизразена за време на големата депресија во САД кога властите наместо монетарна експанзија практикуваа монетарна контракција недавајќи го потребниот воздух за дишење на пациентот на кој му беше претерано потребен. Со тоа предизвикаа неликвидност, бран на банкротства, дефлационен циклус, огромна невработеност..... Бен Бернанке тоа го знаеше и повеќе од добро, па во оваа криза ја спроведе операцијата на досега најголемата монетарна експанзија во САД, која паралелно со државната стимулативна фискална политика требаше да ја извлече американската економија од кризата.

Во основа политиката се сведува на печатење на нови пари, токму како што пишува и Фридман, и за само шест месеци веќе ги гледаме првите посериозни ефекти од ваквата политика. Интересно е дека таква политика истовремено спроведоа повеќе држави во светот, па ефектот беше глобален. И она што е најбитно, иако со страв, потрошувачите во САД започнуваат повторно да трошат, не со темпо како во минатите години, но доволно за да ја извлечат САД од најголемата криза во поново време. Паралелно со нив Кина делува како десна рака на САД и секој добар податок од едниот е пропратен со добар податок од другиот дел на светот, а тоа на берзите делува како енергетски пијалок. Дека печатарската политика засега функционира одлично, покажа и податокот за зголемување на продажбата на возилата на Џенерал Моторс во Кина за цели 60% во споредба со лани. Дека економски светот во скоро време не може да се замисли без овие две земји покажува и податокот дека 25% од сите странски инвестиции завршиле во овие две земји, што значи дека секој четврти инвеститор што инвестира надвор од својата земја најдобро се чувствува кога парите му се во Кина или САД.

Она што може да биде посериозен проблем е сличен на оној кој што сме го имале после добар ручек или вечера со пријателите. Поминуваме неколку добри часови заедно, правиме големи планови, зборуваме големи разговори, притоа се чувствуваме силно и се чини дека никој не може да не запре, но ефектот трае до наредното утро кога се чувствуваме мамурно и започнуваме да сфаќаме дека сме зборувале без основа. Политиката на монетарна експанзија е токму тоа, побарувачка без основа која предизвикува раст на цените на сите производи во исто време, што нормално е тотално без основа па таквата политика може да заврши со зголемени трошоци на производство, плати и цени, а намалена побарувачка. Проблем е што после тоа цените тешко паѓаат и ситуацијата тешко се доведува во контрола, посебно ако некој се реши проблемот да го решава по принципот клин со клин, значи на можна натамошна инфлација да се одговори со нова инфлација.
Сега сме многу далеку од вакви сценарија, но мора да знаеме дека светот сеуште седи на масата и ја чека сметката, која веројатно нема да дојде се до третиот или четвртиот квартал наредната година. Во меѓувреме започнуваме да ги чувствуваме позитивните ефекти и во нашето маало, па така после скоро две години клиничка смрт и македонската берза започнува да заличува на каков таков пазар на капитал. Ова е време кога треба да возиме на позитивниот бран, да уживаме во тоа што ни го послужија Бен Бернанке и останатите економски готвачи, но да не заборавиме дека не постои бесплатен оброк. Најважно е на време да се стане од масата, бидејки секогаш последните на масата ќе ја платат сметката за сите што се нагостиле во меѓувреме.

Коментари

Phentermine

Xanax

Buy Xanax

Buy Xanax

Valium

Phentermine

Phentermine

Cheap Phentermine

Xanax

Buy Valium

Buy Xanax

Cheap Valium

Cheapest Cialis

Marlboro Cigarettes

Cheap Xanax

Xanax

Buy Ativan

Cheap Phentermine

Buy Viagra

Viagra

Phentermine

Buy Ambien

OCespjB

SJRecGX OCespjB

Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани