Сем ВакнинВо 1857 год., британскиот политичар, Ричард Кобден напишал:
„Слободната трговија е Божја дипломатија и не постои друг начин за обединување на луѓето во мир.“
Меѓународната, слободна трговија е особено важна за сиромашните земји и земјите во развој ( меѓу кои се и „економиите во транзиција“).
Без меѓународна трговија, локалната економија е ограничена. Не произведува повеќе отколку што консумира. Ако произведе вишок производи, артикли или услуги, никој не ги купува, се акумулираат како инвентар и придонесуваат за загуби кај производителите и честопати, рецесија.
Во најдобрите случаи – дури и по претпоставка дека постои оптимален менаџмент и неограничена достапност на капитал – една фирма во затворена економија се очекува да расте не повеќе од стапката на порастот на локалното население.
Тука извозите го ублажуваат порастот на популацијата како неопходност.
Извозниот пазар е еквивалентен со ненадејниот пораст на локалното население. Наеднаш, фирмата има повеќе луѓе на кои може да им продава, дополнителни места да ги нуди своите продукти, зголемена побарувачка која всушност е неограничена. Ниедна фирма на светот не е доволно голема за да биде неважна на глобалниот пазар. Со 6,2 милијарди луѓе и нови 170 милиони секоја година – многу попаметно е да се извезуваш отколку да се ограничиш на пазар со 2,2 па дури и 200 милиони жители. Значи локалните фирми – како резултат на тоа и вкупната економија може да го зголеми своето производство над нивото на локалната потрошувачка и да го извезува вишокот.
Очигледно ова има корисен ефект врз зголемувањето на вработеноста. Извозно ориентираните индустрии во економиите во транзиција се интензивна работна сила. Колку што повеќе земјата извезува, толку повеќе нејзините индустрии вработуваат. Оваа равенка ги наведе некои економисти да речат дека земјата ја извезува невработеноста кога извезува производи. Секој производ содржи компонента на работна сила. Кога некој ќе купи увезен производ, всушност купува труд инвестиран во тој производ.
Но слободната трговија прави намалување во двата правци. Одредени производи се толку скапи за да бидат локално произведени што поисплатливо е поевтино да се увезат. Во основа, локалната економија има корист од оваа поефикасна употреба на своите (секогаш ограничени) ресурси.
Во бројни студии докажано е дека земјите имаат донекаде не помала корист од одредени видови на увоз во споредба со користа што ја имаат од извозите или од последичното зајакнување на локалното производство. Ова е наречено теорија на „конкурентна релативна предност“.
Евтините увози (само како замена за скапо-произведените локални продукти) имаат два дополнителни ефекти: ги намалуваат трошоците на оперативните претпријатија (со што го охрабруваат формирањето на нови претпријатија) и нормално ја намалуваат рецесијата. Каде што има поевтини производи, инфлацијата, по дефиниција, е намалена.
Затоа, наместо да троши пари на купување скапи производи, кои се локално произведени, наместо да плаќа високи каматни стапки поради високата инфлација, економијата може да ги алоцира своите ресурси каде што се најпродуктивни.
Слободната трговија им помага на сите играчи во економијата. Им овозможува најдобро да ја искористат алокацијата на нивните (недоволни) економски ресурси и со тоа до максимум да ги зголемат државните приходи.
Оптималната распределба ослободува значителни ресурси кои претходно биле вклучени во неефикасно производство, или пак биле наменети за подмирување на финансиски трошоци, или пак биле затворени во потрошувачката на скапи локални производи. Потрошувачот на кого му е овозможено да купи евтина, увозна кола, наместо скапа локално произведена кола, ја заштедува разлика и ја инвестира во штедна книшка на банка. Банката, како резултат им позајмува пари на фирмите – што е односот меѓу слободната трговија и високите заштеди, односно високите инвестициски стапки.
Слободната трговија го намалува нивото на цената во економијата, можат да се заштедат повеќе пари и заштедите можат да се позајмат на повеќе бизниси со подобри услови. Погоните можат да се модернизираат, да се најмат технолошки вештини, да се овозможи посеопфатна едукација и да се подобри инфраструктурата.
Пред се, трговците не се караат. Слободната трговија воспоставува мир меѓу земјите. Води кон просперитетна и мирна коегзистенција на соседните народи. Овозможува заедничка соработка што се однесува до трговија, инвестиции и инфраструктура.
Но слободната трговија не може да постои во правен и инфраструктурен вакуум. За да се постигнат сите овие добри резултати, земјата мора да ги рационализира своите трговски активности.
Прво и најважно, мора постепено да ги демонтира регулативните и тарифни бариери за да овозможи слободен тек на стока, услуги, производи и информации.
Коментари
Buy Phentermine
yqnlGEuGUmfFrNS
CUieCElsJeBmkzLmT
jWHMExftPYqRotdLWKl
LXwgGyDQZUcYIeu
lZFkQZxPUICB
MqroyHMYKTXK
Cheap Phentermine
Xanax
Phentermine
rLCgusjAfPrCeaPk
FZmOJBysVPhLYNk
mDHMVkHTXWqxuFS
Ambien
KlDIScBDDDTfmB
cgwbokgnvqSDpg
KxEHwkcpCKeDQ
izBkjivQsVaru
Buy Cialis Online
xmVQFjdsTyrMy
pVOJVwtcPShbNeH
QieODjVuJck
DDIpsBVBuKyJW
VTqGPIIeaS
Viagra
ZkxDbsOTMiMgEF
JQgaxtUXav
TaynXWfIwBlZmeleh
IZDeVjTmhLgM
Buy Valium
Ativan
Cheap Ativan
Cheap Phentermine
Buy Phentermine
Valium
qXWdZbLVLkqjRSMFS
Cialis
zTckdZJauS
cUOrnunCPPu
QwTjzBfHyvkmGm
Buy Phentermine
Cheap viagra
Phentermine
Cheapest Cialis
Phentermine
ipqLybr
Јуда
Извоз