Не можеме да ги одминеме ни жените шефови, како и другите повисоко поставени службеници од женскиот пол во офисот. Познати се како посебно гадна сорта – пикаат запалени прачки под нозете на кутрите секретарки и други слични ужаси.
Лично јас никогаш не сум работела за таква жена, но сум среќавала многу такви. Во вообичаените случаи таквите жени се постари од четириест и пет години, а причината поради која се однесуваат така како што се однесуваат, е тоа што во нивното време било многу потешко да се издигнеш до врвот отколку сега.
Мажите се однесувале исклучително подло спрема нив. Инаку повеќето жени на раководни места што имаат помалку од четириесет години, обично се пријатни како и сите други. Но ако случајно налетате на Кербер од вашиот пол, ве советувам да извлечете се што е можно да научите од неа – некои од нив се многу интелегентни. Трудете се упорно и добро колку што би се труделе и кај шефот од машки пол, а кога ќе процените дека сте добиле се и не можете да научите ништо друго, едноставно продолжете понатаму.
Воздржаноста создава чуда! Сигурно ќе ме удрите со смрдлива риба, но не можам да не споменам дека најдобриот начин да добиете се што сакате од својата работа, е да давате се од себе! Ако сакате да станувате се подобра и подобра во професијата и да се најдете онаму каде што се големите пари, треба да ја усвоите уметноста на емпатијата.
Аналогно на тоа , кога се обидувате да го поврзете шефот со некој број, но тој број е постојано зафатен, вие сте исто толку бесна колку и шефот. Кога и помагате на друга секретарка да го состави и да го напише својот извештај , вие сте исто толку загрижена да ги запази роковите колку што е и таа. Кога вашата компанија ќе стекне нов и перспективен клиент, вие сте на седмото небо, исто како и сите други.
Некои од вашите колешки задолжително ќе почнат да се подбиваат со вас. Но што ве засега тоа! Сетете се на малата Гуди Двата чевела! Фирмата исто како да беше нејзина! Задржете ја одржувајте ја емпатијата на својата душа и ви гарантирам дека ќе се случуваат чуда! Најмалку што ќе добиете е почитта и блиското пријателство на сите поважни мажи околу вас!
За да добивате и да напредувате нагоре, не треба да си дозволувате никакви негативни чувства, никаква воздржаност, никаков страв! Тоа не значи дека треба да се однесувате безобразно и несоодветно пробивно, тоа никако! Но претпазливото однесувањекон се и кон секого како ништо може да ги уништи евентуалните шанси за успех!
Се разбира дека тоа може да се случи и се разбира дека вие ќе му помогнете да се случи! „ Знаеш што, ти поткрени ја масата од едната страна, а јас ќе го извлечам тепихот!” е подобра реакција отколку: „ За ништо на светот нема да си го напрегам грбот поради еден тепих! Глупавата управа треба да се погрижи за се!”
Мажите ги обожуваат жените од кои блика ентузијазам. Не заборавајте го тоа!
Како заклучок можам да речам само: бидете полни со ентузијазам! Ако некој сака нешто, најдете го ископајте го, исчепкајте го, направете го, одгледајте го, сплетете го, дури и навезете го, ако морате! Совршена секретарка треба да располага со вештини и ресурси за се – од можности за наоѓање на карти за ложата на „Целосно разбирање” – за оние што бараат крв, до средување на кинеска масажа – за изморените. ( Една моја позната секретарка еднаш успеа да обезбеди четири слона од блискиот циркус за својот шеф, кој планираше да ги вклучи во својата реклама.)
(продолжува)
Коментари
Valium
Valium
Buy Valium
Ambien
Cheap Ambien
Phentermine
Cheap Ambien
Cheap viagra
Buy Cialis Online
Cialis
Ambien
Valium
Cheap Phentermine
Buy Xanax
Cialis
Phentermine
Cheap Valium
Cheap Ativan
Ambien
Cialis
Cheap Xanax
Ambien
Buy Ambien
Cialis
Cheap Xanax
Valium
SivTOk
wDDGyWpQ