Понеделник
22.03.2010










Пред нас е исклучително тешка економска година

Јелисавета Георгиева, генерален секретар на Стопанска комора на Македонија

jelisaveta
*Позитивна вест за целата држава и особено за бизнис секторот, беше неодамнешниот извештај од Европската комисија. Каков ефект предизвика тоа врз нашето стопанство?

- Денот, на кој Европската комисија препорача почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, со право може да се нарече историски во реализацијата на евроинтеграциските амбиции на нашата земја.

Сигурни сме дека оваа одлука позитивно ќе влијае од многу аспекти на нашиот секојдневен живот, а пред се, на нашето стопанство во целина, затоа што ја зајакнува меѓународната позиција на Република Македонија, а со тоа нашата земја станува попривлечна за странските инвеститори.

Придобивките од препораката, директно ќе се рефлектираат во понатамошната интеграција на македонското стопанство во единствениот европски пазар, преку очекуван пораст на трговската размена со земјите членки на ЕУ, кои ќе повлечат пораст на производството и услугите.

Ова има посебно значење што се случува во период на заздравување на нивните економии од глобалната економска криза, како предуслов за побрзо опоравување и на македонската економија. Препораката за преговорите е и потврда дека реформите, и во однос на економијата, постигнување на функционална пазарна економија, во основа, се на добар пат. Нашите компании се играчи на ЕУ пазарот повеќе од 30 години, врз основа на преференцијалната трговија.

Стопанската комора на Македонија е непосредно член на Еурочамберс (Асоцијација на европските комори), повеќе години, и со тој статус е редовно консултирана за европските економски и трговските политики, рамноправно со другите комори од земјите членки на ЕУ. Преку тоа, ние како комори веќе имаме можност да влијаеме врз креирањето на бизнис климата во ЕУ. Сумирано, нашите членки се веќе дел од стопанското милје на ЕУ.

*Што очекува стопанството сега, по препораката?
- Без оглед на датумот кој го посакуваме сите во земјата, очекуваме да се засилат активностите согласно забелешките - укажувањата во извештајот. Во извештајот, низ скоро сите поглавја, во делот на препораките, се провлекуваат црвени нитки во однос на квалитетот и темпото на апроксимацијата; административниот капацитет; координацијата меѓу институците и следењето на имплементацијата.

Очекуваме дека на овој план ќе се зајакнат активностите. Исто така, очекуваме дека приватниот сектор, бизнис заедницата, ќе биде вклучена во преговарачкиот процес. Во крајна инстанца, компаниите се тие што директно ги имплементираат политиките и регулативата. Коморите имаат своја улога и одговорност, како во процесот на пристапување, така и откако земјата ќе стане членка. Таа улога е двојна: од домашниот терен кон Брисел и од Брисел кон домашните субјекти.

*Светот се уште ги трпи последиците од рецесијата, а ни ние не сме поштедени. Индустриското производство бележи пад. Што значи тоа и до кога може да се очекуваат вакви, за жал, негативни трендови?
- Индустриското производство во септември годинава е намалено за 9,8% во однос на септември лани, а во деветте месеци годинава забележа намалување од 12,4%, споредено со истиот период лани. Со посилен или поблаг интензитет во преработувачката индустрија, намалување е забележано  кај сите, освен кај три индустриски дејности (производство во челичната индустрија + 1,7%, производи од гума +1,5% и издавачка дејност +57,8%).

Но, кај дејностите кај кои имаме благ пораст или минимално намалување на физичкиот обем на производството, во истиот период имаме пораст на залихите на нивните готови производи. Како на пример, во прехранбената индустрија, намалувањето на производството од само 1,4% не е позитивен сигнал, ако во истиот период залихите бележат пораст од 20 – 30 насто.
Реалните состојби укажуваат на негативна динамика во македонската економија и во третиот квартал, како во претходните квартали, а со голема веројатност дека ќе продолжат и до крајот на годинава.

Се очекува, динамиката на намалување во четвртиот квартал да биде поблага од досегашната, поради очекуваните позитивни поместувања кај производството на метали и челичната индустрија, што се потврдуваат со фактот дека производството на основни метали во август, во однос на јули годинава, бележи пораст од 12,2% (во септември во однос на август 2009 – намалување од 4%), а производството на валани челични производи во наведениот период бележи пораст за три пати, а во септември за 75,7% во однос на претходниот месец.

*Стопанската комора често е организатор на бизнис форуми. Кој е бенефитот од нив, особено во вакви тешки услови на стопанисување?
- Точно е дека Стопанската комора на Македонија, во текот на годината, организира голем број настани. За илустрација, ќе наведам - заклучно со септември годинава, во Комората се одржале вкупно 630 настани - редовни состаноци на здруженија и групации, презентации, бизнис форуми, семинари, обуки и слично - на кои учествувале околу 20.000 претставници на фирми.

Просечно, во текот на секој работен ден, во Комората на овие настани присуствувале по околу 133 претставници на фирми. Одржани се бројни меѓународни активности - бизнис форуми, контакти со меѓународни асоцијации во земјата и во странство, саемски манифестации, презентации на домашни и странски компании. Секако, овие настани што со успех ги организира Комората, носат големи бенефити за нашите фирми.

Тие се запознаваат со други компании од земјата и странство, се разменуваат искуства, се воспоставуваат нови деловни контакти за соработка и проширување на бизнисите. Нашата економија е отворена и затоа на овој план и во иднина ќе посветуваме поголемо внимание, бидејќи на тој начин нашите фирми се стекнуваат со познавања за нови технологии, технички решенија, вештини во раководењето, во маркетингот, во примената на техничките стандарди и слично. Бизнис форумите се многу повеќе од тоа што е првичната импресија за нив.

Бизнис форумите имаат генерален објектив - унапредување и промовирање на билатералната или мултилатералната стопанска соработка на учесничките страни. Ако би ги разбрале бизнис форумите како проекти, тогаш проектни компоненти, односно нивни цели се: меѓусебно информирање за бизнис и инвестиционата клима; размена на информации за стопанските и трговските потенцијали на земјите и компаниите; прилика да се поентираат проблемите и да се лобира кај надлежните за нивно отстранување.

Бизнис форумите се можност да се запознаат луѓето, институциите и земјите. Непосредното осознавање на амбиентот во кој треба да се работи, влијае на деловната одлука за деловните активности.

Според тоа, бизнис форумите се еден од инструментите за развивање на економијата. Сме биле често во ситуација да бидеме прашани на некој бизнис форум,”колку зделки се склучени?“
Форумите овозможуваат на кус, среден или долг рок, да се склучат деловните зделки. Тоа е улога на секоја комора, па и на нашата - олеснување и поддршка на бизнис активностите на членството.

*Според Вашите видувања, дали се чувствуваат антикризните мерки на Владата? Што друго треба да направи и преземе Владата за ублажување и надминување на состојбата?
- Мерките од владиниот антикризен пакет дадоа одредена помош на фирмите кои беа во најнеповолна финансиска положба, па не можеа да си ги намират ниту заостанатите обврски кон државата.

Целосната реализација на мерките од третиот пакет антикризни мерки, како на пример, сега веќе започнатото користење на поволните кредити со субвенционирана камата преку МБПР, ќе дадат соодветен придонес во ублажување на негативните ефекти во делот на производството и извозот.

Она што во моментот е најголем проблем за нашите членки, е високата внатрешна задолженост. Со тешкотии од ненаплатени побарувања, согласно спроведената анкета од стручната служба на Комората, се соочува, без малку, секое претпријатије, како од приватниот, така и од јавниот сектор.

Висината на ненаплатените побарувања кај анкетираните фирми е значаен индикатор, кој укажува на потребата од неопходни мерки на тој план, со цел да се релаксираат билансите кај претпријатијата, да се ослободат од обврските кои често оневозможуваат дури и перспективни фирми да конкурираат на сега достапните кредитни линии.

*Која е улогата и мисијата на Стопанската комора, која постои веќе 87 години, и како гледате на плурализмот во коморското работење?
- Мисијата на Стопанската комора на Македонија е да ги застапува и штити интересите на своите членки, да работи на претставување на производните и на извозните можности за соработка со странски компании и на вкупно унапредување на стопанската соработка, како и да реализира тренинг програми и едукација на менаџерите и на вработените кај своите членки, но и пошироко.

Плурализмот во коморското организирање ние макслимално го поддржуваме. Секоја комора одговара преку својата работа и услугите кои ги нуди на своето членство, а во кој степен ќе одговори на овие предизвици, самата сноси и одговорност. Стопанската комора на Македонија настојува своите услуги да ги врши на високо професионално и стручно ниво, нашите членки, според анкетите и постојаниот контакт со нив, се задоволни од услугите, но ние постојано го прошитуваме асортиманот на услугите кои ги нудиме и постојано се трудиме да ги задоволиме сите нивни барања.

Исто така, и голем број странски фирми и институции со кои соработуваме, бараат наша помош, а ние постојано одговараме на секој нивен повик. За потенцирање е дека само нашата Комора во Република Македонија поседува Сертификат за работење по ИСО 9001:2008, издаден од Британскиот институт за стандарди.

*Кои се услугите што им ги нудите на вашите членки, особено во делот на сертификати, кои особено се значајни за членките извозници?
- Стопанската комора на Македонија има развиено голем асортиман на услуги. Заверуваме сертификати за потекло, издаваме разни потврди за потребите на фирмите, како потврди за единствен производител, за облагородување..., издаваме АТА карнети за привремен бесцарински извоз, организираме разни бизнис форуми во земјата и странство, организираме разни обуки, семинари, тренинг програми, вршиме разни маркетиншки анализи по барање на домашните и странските фирми, издаваме бар кодови за стоки кои се во малопродажба, вршиме регистрација на работодавачи кои можат да вршат практична обука...

Во напорите да им помогнеме на фирмите успешно да се носат со конкуренцијата, Комората на високо професионално ниво ги воведува меѓународните стандарди за квалитет од серијата ИСО 9000, еколошките стандарди ИСО 14.000, стандардите за безбедност на храната ХАЦЦАП и други кои ги наметнува пазарот.

*Дали во 2010 година, многу проблеми, особено оние поврзани со рецесијата, ќе бидат зад нас? Која е Вашата прогноза?

- Светла точка во тунелот се позитивните знаци за заздравување на економијата во европските земји, кон кои, главно, е насочен нашиот извоз. Но, не може да се очекува дека позитивното движење на нивната економија веднаш позитивно ќе влијае и кај нас.

Според стопанствениците, и покрај очекуваните позитивни движења на економијата во европските земји, оценка е дека и 2010 година ќе биде исклучително тешка, согласно потребниот период за заздравување на нашата економија, ако се има предвид високата неликвидност и задолженост на стопанските субјекти.
Рената Матеска

Коментари

order lopid

Wusl1H Howdy, and buy stress relief and http://stress-relief-fda.viviti.com buy stress relief and 19992 and

Xanax

Buy Xanax

Xanax

Buy Phentermine

Buy Ambien

Buy Cialis

NfScNjWEWwGpClKTUwS

Cialis

Buy Valium

Buy Cialis

Valium

Cheap Valium

Viagra

Cialis

Ambien

Cheap Ambien

Cialis

Ambien


Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани