Мег Вилсон, професор на Американ колеџ, СкопјеМег Вилсон предава наука и технологии на мастер студиите во Тексашкиот универзитет во Остин и е визитинг професор на Американ колеџ во Скопје. Дипломирала политика на Итака колеџот во САД и магистрирала односи со јавност. Таа е извршен директор на Тексашкиот универзитетски весник, предава на Универзитетот од Тексас на научната програма за мастери, била назначена за директор за надворешни врски на Тексашкиот институт за телекомуникации и координатор во Центарот за технологија, развој и трансфер. Со неа разговаравме за македонската економија, подготовките за евроинтеграциите, како и за економската сорабтока на Македонија со САД.
*Како ќе ја опишете македонската економија?- Oд осамостојувањето, во септември 1991 година, Македонија беше најмалку развиена земја од поранешните југословенски републики. Од тогаш, развојот се движеше бавно поради воените конфликти, слабата трговска размена и проблематичната дипломатија. Од 2003 година па наваму, Македонија имаше силен економски раст од четири насто и ниска стапка на инфлација. Но, висока невработеност од 20 проценти, па и повеќе. Државата се уште има долг пат да изоди, за да ги достигне нивоата на земјите од регинот и европските стандарди.
*Кои мерки треба Република Македонија веднаш да ги преземе, за да го подобри економскиот раст?- Македонија треба да вложи повеќе во образованието: основното, средното, техничкото, како и во високото образование. Дел од ова образование треба да вклучи и јазични вежби. Посебно во средното образование треба да се воведат повеќе часови за бизнис и економија, вклучувајќи претприемништво, анализа на ризик и меѓународна размена.
Потребен е поагресиван пристап, со соодветни стимулации за одредени сектори, за да се зголемат директните странски инвестиции кои ќе го подобрат вработувањето. Исто така, потребни се тренинзи со кои ќе се стимулираат вработените. Мануфактурното производство, исто така, е можност за државата, откако многу компании почнаа да бараат алтернативни страни во Кина, Индија и слично.
Како дел од ова, Македонија мора да го подобри транспортниот систем. Тоа е основно, за да можат да се поддржат сите претходно наброени точки.
*Како евроинтеграциите ќе влијаат на македонската економија? Што треба да очекуваат македонските компании? Позитивни или негативни ефекти?- Европските интеграции ќе бидат од голема корист за Македонија. Посебно од аспект на инвестициите, кои може да се очекува дека ќе го поддржат банкарскиот систем, инфраструктурата во земјата, образованието и економскиот капацитет. Македонските компании мора да бидат подготвени да работат во партнерство со европските компании, како и директно да се натпреваруваат со нив. Ова е само препорака – но, ако компаниите ги искористат отворените граници и отворените пазари, тие ќе доживеат пораст, а со партнерство со компаниите од земјите-членки на Европската унија, можат да добијат помош во придобивањето на нови пазари. За да се подготват за оваа можност, компаниите мора да се осигураат дека ја имаат најдобрата комуникациска инфраструктура, добри сметководствени практики и мултијазични способности.
Тешко е за македонските компании да добијат виза за патување, рестрикциите за виза треба да бидат намалени или елиминирани за да им се овозможи на бизнисите да се подобрат преку склучување партнерства. Ова е посебно важно за малите бизниси со ограничени финансиски ресурси.
*Како малите компании ќе реагираат на евентуална интеграција на Македонија во Европската унија?- Малите бизниси во Македонија треба да бенефитираат од интеграцијата. Ресурсите на Европската унија ќе помогнат со техничка поддршка, со почетен капитал, правејќи партнерства и пристап до пазарот.
Малите компании треба да бидат подготвени за сите можности – можат да започнат да ги проучуваат европските пазари, да учат од најдобрите ЕУ практики за маркетинг, продажба и комуникација, со учество на разни состаноци за индустријата и запознавајќи ги играчите во секој посебен сектор.
*Кои се најважните услови што Македонија треба да ги исполни за да привлече повеќе странски инвестиции?- Македонија треба да ја подобри патната инфраструктура, да создаде транспарентни бизнис-процеси и добра образовна основа со формирани тренинзи за специфични работи.
*Кои македонски производи можат да помогнат за да се намали трговскиот дефицит со САД?- Тоа може да се направи со челикот, хемикалиите, храната и со туризмот.
*Кој сектор во македонската економија е најпривлечен за американските бизнисмени?- Најпривлечни за американските бизнисмени се производството, челикот, хемикалиите и фармацевтскиот сектор.
*Како ќе го оцените македонскиот образовен систем и каква е неговата важност за креирање на ефективна економија на една земја?- Македонија се уште пред себе има долг пат за да го подобри образовниот систем. Образованието треба да биде деполитизирано и стабилно. Додека некои подобрувања се за пофалба и се во процес на реализација (компјутери за студентите, продолжено основно образование од девет години), нивната имплементација беше тешка.
Глобалните бизниси не се многу заинтересирани за инвестирање во земјите кои немаат високо квалитетен образовен систем. Трудот на Универзтитетот Американ колеџ од Скопје, кое подготвува студенти за бизнис, инженерство и претприемништво, е многу важен чекор во достигнување на повисоко образование во Македонија.
Оливера Томиќ
Коментари
Buy Phentermine
Buy Phentermine
Cheap Xanax
Cheap Phentermine
Cialis
Buy Cialis
Buy Phentermine
Cialis
Cheap Phentermine
Valium
Xanax
Buy Cialis Online
Ambien
Ambien
Buy Valium
Valium
Buy Cialis Online
Xanax
Buy Klonopin
Buy Tramadol
Cheapest Cialis
Buy Valium
Cialis
Ambien
Cialis
Valium
vCMFqx
QHxUhQc