ЗА МСЕцките РАБОТИ...
Пишува: Самба Втори Македонски
Седам пред станица, гледам МСЕ. Истурачина! Хрвативе, по се на се, бегаат од кај Страшко ГРНТ, ко луди - сигурни, дека нема да смениме име... Него, сега е моментот, дај да ја шитнеме МСЕ, а?
Име не даваме, индекс даваме! Десет дена бежанија на МСЕ, ко сите мечки од цела Канада да дошле на паркет. А, само ко ќе се сетам како брача Хрвати доаѓаа тука и ни продаваа ”спику” - ”...Знаш кај, ми смо дугорочни инвести...”. Дугорочни - жими таквото. Поголеми шпекуланти од нив, амин! Дури за нив си имам и автохтона, домицилна дефиниција: долгорочен инвеститор на МСЕ е обичен хрватски шпекулант кој заглавил на МБИ - кота 10.000 (и со зборови: десетиљадиикусурпоени). Прво викаа ”ќе се врати, ќе се врати...”, па после, ”...дај продај то, додека има некој промет”. Кутрите Хрвати, кутриот ГРОБЕКС, кутрата МСЕ.
Во меѓувреме, вртам тоа РСС-то и гледам еден непрочитан наслов, на една од нашите телевизии: ”...Акционерите, раководството, експертите молчат - треба ли итно да се продаде берзата???!!!!” Ме погодија во срце!! Кој бе да ја продаде? Акционерите!? А, кои тоа акционери на МСЕ? Банките!? Нив ги боли таквото за берзата, поголем дел ги нема ни на котација, а небанкарските МСЕ акционери живеат во надеж дека еден ден, кога Грујо ќе го смени Законот за хартии од вредност, они ќе ја допреземат берзата. Нејсе, углавном такозваните акционери на МСЕ сега се рокаат со глава во ѕид - што такво ги тераше да се курчат и да купуваат тоалет за 5.000 јура!!!! Раководството!? Е они молчат, мудро, зошто се плашат и да помислат на нешто што се одазива на ПРОДАЈА. Експертите!? Ху тхе фак ар тхеј? Професорите што во живот не осетиле шпекулантски адреналин во крвта, кои не направиле загуба на позиција од 50%???
Стварно, дали треба да се продава берзата? Хех, мое лично мислење - НЕ! Mислење на другар ми Броз Вилис - ДА!!! Kој, во паралела, одма ми поставува две контра-прашања: ”шеф, а, кој ќе ја купи? На кого воопшто му треба ова, вакво какво што е...?”
Не можам да го разберам македонскиот бизнис менталитет. Ќе направат нешто како берза и мислат дека готово - сега ќе дојде чичкото од О Ем Икс и ќе ни шарне 15 млн јура и се ќе биде ок. До каде стигна нашата берза? Основана 1995 на паркет, електронска од 2000. Во Белград тогаш, Слобо уште си правеше свои берзи. Од 2000 до денес, скоро ништо не е сменето. Сменет е бестнетот, програмчево нема благе везе, ми се повраќа кога го отварам, непромислено, се гледа дека го правел човек кој појма нема за потребите на пациентите. Ај тоа, ама бар да објавеа на тоа вебот дека ќе прават нов бестнет, па нека слушнат критики, предлози… ароганцијата убива!!! За споредба: погледајте Куотстатион (њњњ.љуотестатион.цом), просто програмче, ама ТОП!
Башка од 2000 година не отепаа со воведување на секакви ограничувачки глупости за тргувањето, од типот - минимално прифатлива количина - најголема глупост, тој што со една тргувана акција ќе ја дигне хартијата за 100%, друг ќе ја спушти исто со една за 99%. Димамички лимити… ако отиде акцијата на +/- 3% она се задржува. Зошто? За да можеле демек и другите да реагираат - одговор боли глава. Ќе влезеш во динамички, пукаш плафон 10 минути и ќе се најде некој да те заебе за 1 денар, додека ти не можеш да го промениш налогот. Плус на ова приде и ценовно ограничување +/- 10%, необјавување на информации за време на тргувањето…бла, бла, туф, туф! И сето тоа, за на берзава да немало шпекулации??!! АЛОООО, СТРУЧЊАЦИ!!!!! Девеесетиседум % од пациентите се шпекуланти, не само на МСЕ, него на сите берзи, во цел свет!!! Купуваат на база на шпекулација, за да направат разлика во цена!!! Алоооо, што си замишљате, дека тука се се ворени бафети, кои гледаат 100 години унапред за своите мили чеда?! Тотално непознавање на материја, а освен тоа, таа глупа арогантност не им дава да п(р)огледаат и малку статистика. ПА ПРАШАЈТЕ ГИ БАНКИТЕ, КОЛКУ ПОТРОШУВАЧКИ ОДОБРИЛЕ ВО ПЕРИОД 2006-2007 И КОЛКУ ОД НИВ ОТИДОА ВО КАЗИНОТО, НАРЕЧЕНО БЕРЗА!!!!! Тоа се се инвеститори!? Ама, ај ти се молам!!! Мижи Асан, да ти јадам слатките.
Пред некој ден ми стига маил од една брокерска од Белград. Ми кажуваат дека добиле дозвола да бидат маркетмејкери за акциите на убавата гумопроизводителна фабричка Тигар (ТИГР). Кај нас таков поим нема ни во Законот, нит во правилниците на КХВ. Хрватите нудат онлине трејдинг директ од Пи Сито на пациентот, или такозван Мостич. А кај сме ние? Треба да го барам мојот брокер Багзи, а Багзи искочил да испуши цигара, бидејќи знае дека, освен мене, никој нема да го бара за трејд, а ако го бараат, ќе го бараат за глупости од типот ”колку била цената на РЖ УГОКУР...” и слично.
Е сега, да се вратам на прашањата на Броз Вилис: кој ќе ја купи и зошто?
Отварам финаниските извештаи на МСЕ групацијата, т.е. на това што во јавност се вика Берза и гледам: за 2008 година приходи 86 млн денари, од 336 млн во 2007… 4 пати помалку... отварам полугодишен извештај за 2009 година... вкупно промет на берза 5,7 млрд денари за пола година, па еве лаички да одиме на тоа дека годишно прометот ќе биде 11,3 млрд … пута 0,1% провизија - 11,3 млн денари приход… заокружи на 12 млн… Потоа имаме приходи од информирање (читај бестнет и остали инфоиди) 5,3 млн, котирање 3,8 млн денари (ја се чудам зошто воопшто компаниите плаќаат за тоа, ко на Насдак да ги котираат), членарина 3,3 млн денари (од брокерите кутри), надоместок за годишна конференција - 1,5 млн денари (нашле на која ставка да заработуваат, а конференцијата им е промашена работа, барем една туристичка тура во Охрид да направат за странците што доаѓаат да тепаат време, слушајќи ги истите ”експертски” тртљања секоја година), даље, казни за брокери 0,2 млн денари (и пак брокерите, ни криви, ни дужни). Додавам на ова и 10 млн денари останати приходи од вложувања - вкупно 36 млн денари!!! Пола милион јура. Ај, стави уште 100К јура за некои приходи, за кои ќе се појават во текот на годинава или некоја моја грешка. Ете, збир 600К јура. И што!? Некоја голема берза ќе се замара со вакви пиљарски приходи, и ќе се искрши да им искешира миљони евра на МСЕцкиве акционери!? Чисто сумњам!
А за “стручњаците” што трубат дека треба да се продаде берзава, нека ги опсервираат берзите во балтичките држави, кои беа преземени од О Ем Икс, па после нека тресат зелени. Кутрите Естонци. Откако ги превземаа, странците со прст не мрднаа, се си е исто, а шпекулантите се разбегаа по други берзи. Не е се во продавањето, треба да се направи берза, за да има пациенти, па да има промет, па да има приход, па да има добивка. Па после сами ќе ти дојдат да те купуваат. Ама… на кој да му објасниш, се сами “стручњаци”.
И уште едно прашања до акционерите, раководство, “стручњаците” и остали пациенти - зошто никој не се ангажира да покрене берза во Албанија и Косово, каде што се уште нема или е во фаза на основање? Зошто МСЕ групировката не го направи тоа? Одоговорот е јасен: капацитет...
И така, седиме со Броз Вилис, го пресметуваме тоа кешот по сметки, дигитрони се чадат и конечно се одлучуваме: НИЕ, САМБА ВТОРИ МАКЕДОНСКИ И БРОЗ ВИЛИС, ПОДГОТВЕНИ СМЕ, ТОПТАН ДА ЈА КУПИМЕ МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД СКОПЈЕ, ПО ЦЕНА ОД 70 ЈУРА ПЕР АКЦИЈА. Па, кој сака од схарехолдерите, нек изволи!
Коментари
За МСЕцките работи...
За МСЕецките работи ...
Самба, Хрвативе ја унищтија
За МСЕцките работи ...
форум
Samba
Forum
mk_trejader
Silvester
Започна он-лајн тргување на