Четврток
09.09.2010










Светски компании заинтересирани да инвестираат во Македонија

Томас Мосер - главен менаџер на „Гебрудер Вајс“ за југоисточна Европа

moser
Што беше пресудно токму сега да инвестирате на македонскиот пазар, со оглед на тоа дека и нашата земја како и сите останати се соочува со економска криза?

И покрај тоа што македонскиот пазар релативно мал за нас е од особено значење и  ние се надеваме дека и ќе имаме работа и инвестицијата ќе биде економски исплатлива. Eдна од причините е секако и позитивната бизнис клима која на некој начин ја создаде македонската Влада а особено во делот на даночните намалувања. Од друга страна во тек сме и со деловните планови на компаниите со кои соработуваме и имаме некои сознанија дека некои од големите светски компани е движат кон Македонија, поточно покажуваат интерес за да инвестираат.

За голем дел од македонската јавност „Гебрудер Вајс“ е непозната компанија ќе можете ли да ни кажете нешто повеќе за неа?
Станува збор за фамилијарна групација која е основана од браќата Вајс во 1330 година, и без прекин опстојува на европскиот и на светскиот пазар до ден денес. И во моментов, речиси шестотини години по основањето, со компанијата управува истото семејство.
Според последните податоци во компанијата има повеќе од 4,500 вработени, во 137 локации низ целиот свет.

Поседува магацински простор од 290,000 м² и работен простор од околу 140,000 м². Во 2008 година Гебрудер Вајс транспортираше 7,6 милиони товарни пратки. Вкупниот обрт на оваа компанија во финансиската 2008 година изнесуваше 985 милиони евра. Имаме глобални договори за комплетен логистички сервис со голем бој на реномирани светски компании како што се „Хјулит и Пакард“, „Адидас“, „Сименс“, „Бош“, „Данфос“, „Котани“ и многу други. Заштитна боја на компанијата е портокаловата, па затоа најчесто се нарекуваме големото портокалово семејство.

Рековте дека работите насекаде низ светот, во кои се земји имате отворено преставништва?
Директно сме присутни речиси во сите поголеми земји во светот, како САД, Канада, Обединетите Арапски емирати, Сингапур, Кина, Јапонија, Тајланд, Тајван, Хонг Конг, Индија, Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија како и во сите балкански земји со исклучок на Косово и Албанија.

Во оние земји во кои немаме отворено претставништва успешно соработуваме со компаниите кои се занимаават со овој бизнис, па затоа нема да биде  нескромно ако кажам дека не има насекаде во светот.

Што всушност работи „Гебрудер Вајс“ и кои се услугите што вие ги нудите?
Тоа се сите оние услуги поврзани со транспортот, како при извоз така и при увозот на стоките. Во нашиот се рвис се вклучани и останатите пропратни активности , како што се вршење на инспекциски, гарантни и сервисни прегледи на производите, како и со дистрибуција на истите до крајните корисници.

Со колкав возен парк располагате, со оглед на тоа што се занимавате со ваков тип на работа?
И покрај тоа што можеби се смета дека располагаме со голем возен парк, во наша сопственост имаме помеѓу 300 и 400 возила. Гебрудер Вајс всушност има партнерски релации со голем број на шпедитерски и транспортни компании чии услуги ги користи, па отука произлегува можноста за соработка и со домашните превозници.

Дали имате сознание за компании кои досега нуделе слични услуги во Македонија?
Секако дека постојат слични компании на нашето семејство, како што ние обично сакаме да се нарекуваме бидејќи ние и всушност така функционираме. Но не верувам дека на вашиот пазар постои некоја компанија која што може да ја овозможи логистиката која што ние ја нудиме. И самото мото на нашата компанија е беспрекорна логистика, а тоа значи и одење од врата до врата на клиентот. Ние ја овозможуваме беспрекорната врска помеѓу местата каде нашите клиенти го произведуваат својот производ и местата каде тој производ треба да се достави за продажба.

‘‘Гебрудер Вајс‘‘ е и единствената компанија од бизнисот поврзан со логистика која има бар кодирање на производите, односно комплетна IT поврзаност, а се со цел за најсовремено електронско следење на стоката која се пренесува преку нас.

Како котирате на европскиот и светскиот пазар?
Можеби ќе звучи малку нескромно но дефинитивно сме најголемата компанија од овој вид во Средна и Источна Европа. На останатите пазари, постојат компании со многу поголем број на вработени и поголем возен парк, но сепак и таму нашата компанија е сериозен играч и се носиме рамо до рамо со нив.

Во текот на 2010 и 2011 во средна и источна Европа планирате да инвестирате 100 милиони евра. Колкав дел од тие средства се наменети за Македонија?
Сеуште не би можеле со сигурност да кажеме колкав дел од овие средства ќе бидат инвестирани тука. Во првата година со посебно внимание ќе ја следиме работата на „Гебрудер Вајс“ во Македонија а се со цел детално да се испланираат нашите бизнис активности на среден рок. Со дефинирање и усвојување на деталниот бизнис план ќе се знае колкави средства ќе се вложат во наредниот период во Македонија. Она што во моментот можам да го кажам е дека досега на сите пазари во кои сме започнале со работа  инвестициите  одат во нагорен тек, затоа да се надеваме дека ист ќе биде случајот и со вашата земја.

Во што претежно се состојат тие инвестиции?
Најчесто се работи за изградба на логистички центри за следење и складирање на стоката градени по најсовремени светски стандарди. Она што е својствено за „Гебрудер Вајс“ е дека ретка се случува да  се изнајмуваат објекти за работа и во најголем број од случаи истите се градат и се во сопственост на компанијата.

Што очекувате вие од оваа ваша инвестиција и што треба да очекуваме ние од вас?
Она што со задоволство би го кажал е дека до сега секаде каде сме инвестирале работиме успешно. Уверени сме и нашите очекувања се дека истото ќе се повтори и во Македонија. Како што веќе напоменав имаме традиција од неколку векови и спремни сме и знаеме да се соочиме со секакви предизвици и непријатни ситуации, кои се надеваме дека во вашата земја нема да ги има.

Она што е исто важно е дека целта на нашето доаѓање тука не е да им го земеме лебот на македонските компании, туку да го пронајдеме своето место на македонскиот пазар, со тоа што на нашите клиенти ќе им ги понудиме најдобри услуги.

Милан Милиќевиќ

Коментари

rPpdBaR

rYJTujD

kabadfd

Hello! aefeafe interesting aefeafe site!

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани