Недела
21.03.2010










Со Законот за бруто-плата наликувате на Зимбабве

Жан-Мари Стандерт, советник на холандската програма за работодавачи

жан-мари стандерт
*Kaко ќе ја оцените состојбата на македонската економија?

- Реално, македонската економија не е во добра форма. Една од причините е светската економска криза, тешкото заздравување, но исто така, си има свои пречки со кои се соочува. Едни од нив, се разбира, се високата стапка на невработеност и големиот удел на неформалната економија.
Тоа е задача на Владата, како и на социјалните партнери, кои треба да соработуваат и заедно да развијат политика за да ги решат овие проблеми. Очигледно, Владата не прави многу во врска со овие прашања. Таа имаа многу други обврски во моментот, и дијалог со социјалните партнери речиси и не постои, па така, ситуацијата не е многу добра.

*Што, конкретно, треба да преземе македонската Влада, за да ја подобри економската слика?

- Голем напор треба да се вложи во борбата против корупцијата во земјата. Тоа е голем предизвик. Ќе загубите ако не го регулирате тоа.

*Како другите земји се борат со корупција? Ние сме мала земја и тоа тука е посебна тешкотија.
- Во сите земји постои овој проблем. Исто и во мојата земја. Сите сектори треба да работат заедно и да се борат против неа, тука мислам на полицијата, царината, правосудството. Европската унија станува се повеќе и повеќе критична кон овој социјален конфликт и воопшто не толерира корупција.

Како мала земја, вие треба да бидете рај за водење економија и подобрување на борбата против корупцијата. Ако не ја сведете на ниско ниво, тогаш не можете да се надевате на странски инвестиции. Инвеститорите кои доаѓаат од страна, сакаат да бидат безбедни  и да знаат дека нивните пари се потрошени на вистинско место.

Потоа, треба да се подобри дијалогот со општеството, да се слушаат потребите на партнерите и да се елиминираат сите пречки кои им се испречуваат на патот. Владата треба да ја регулира бирократијата и со тоа да го олесни животот на компаниите колку е можно повеќе. Да земеме пример - на почетокот од оваа година Владата воведе Закон за бруто-платите што, според мене, е тотално глупава регулатива.

Не постои економија во светот, можеби само во Зимбабве или Кина, каде што министерство ги контролира платите пред тие да бидат исплатени.
Обично контролата се случува откако тие ќе се исплатат и тоа не секој месец, туку во определен период од годината, или на секои две години.

*Какви резултати, според Вас, ќе донесе оваа реформа?

- Многу компании ќе се обидат да го избегнат овој начин, и барајќи дупки, ќе создаваат и ќе придонесат за пораст на неформалната економија. Ова е еден пример. Бирократијата треба да се намали, таа е само пример на еден комунистички начин на водење економија, во обид да се контролираат сите активности на компаниите.

Друго, неодамна излезе извештајот од Светска банка, за Водење бизнис, кој укажа на примерот дека ако сакате да започнете тука бизнис, ќе се соочите со многу регулативи, потребна документација и друго, што е исто така големо уназадување за економијата.

*Токму од Светска банка, неодамна излезе извештај, според кој, македонската економија се рангираше на последните места, споредена со земјите од регионот. Дали можете да направите споредба, имајќи предвид дека имаме соседи кои веќе се членки на Европската унија?

- Се разбира дека постојат многу работи кои се останати од стариот југословенски режим на пракса. Фактот е дека Бугарија со придружувањето кон Европската унија се соочи со многу нови закони, и тие требаа да воспостават многу олеснителни и демократски закони.
Но, мислам дека ова ќе се покаже во следниот период, кога ќе започнат преговори за влез во ЕУ.

Тоа, всушност, ќе биде дискусија од видот една земја – Македонија против 27 други земји-членки на ЕУ. Сите тие имаат многу да кажат и да потенцираат за нешта кои треба да се променат и секако, преговорите се всушност показател - или ги прифаќате или не ги прифаќате. Но, ако не ги прифатите, не можете да влезете во ЕУ. Така што треба да се најде компромис. Јас се плашам дека преговарачите немаат доволно аргументи, затоа што ако немате поддршка, тогаш нема дијалог со компаниите.

Истиот пример веќе го имавме и со Чешка, Полска, Унгарија, Романија и Бугарија. Преговарачите ги прифаќаа сите сугестии, препораки и алатки кои Европската унија им ги наложи, меѓутоа не ги информираа доволно домашните компании. И, се случуваше да им кажат - ова мора да го направиме, а реакциите беа – но, ние не сме подготвени, а тоа е проблем.

*Кога, според Вас, Македонија ќе биде дел од европското семејство и каков ќе биде патот до ЕУ?
- На  долг рок, се разбира, местото на Македонија е во Европската унија. Тоа не е проблем. Мислам дека различните чекори ќе зависат од желбата на Владата, но и од економските и социјалните партнери, да се соочат со правилата и со нивната имплементација и промените што ќе следат.
Имавме пример со Бугарија и Романија. Тие стануваа се порестриктивни и се придржуваа со барањата и се усогласуваа брзо со регулациите на ЕУ.

Европската унија ќе ви одобри многу пари, пари кои тешко се добиваат, но исто така, ќе бара повратна информација како тие пари ќе бидат потрошени. Тука најголем непријател е корупцијата и известувањето за начините како се потрошени тие пари е многу важно.
Ако немате капацитет да ги следите овие пари и да известувате каде тие ќе одат, тогаш тоа ќе биде голем проблем и ќе изгубите голем број можности.

*Кој е следниот чекор што Македонија треба да го направи, за да го подобри извозот?

- Треба да се сменат законите, да се олесни животот на компаниите, да се отстранат застарените закони и да се прифатат оние на Европската комисија, да се изборите со корупцијата, што е и многу тешко и многу важно, затоа што тоа во земјата е на многу високо ниво.

*Со влез во Европската унија, ќе се соочиме со голем и отворен пазар. Што треба македонските компании да очекуваат веднаш по влезот во ЕУ? Како на тоа ќе реагираат малите и средни претпријатија?

- Тоа што го произведувате локално, ќе се соочи со конкуренција со истите производи од Европската унија. Можеби проблемот ќе биде цената и квалитетот. Секоја компанија ќе треба да го подобри своето производтсво и заедно со министерствата и другите организации да работат на исполнување на потребните бенчмаркови. Сите производи треба да бидат усогласени со европските стандарди, а тоа подразбира техничка регулација, сигурност, квалитет, треба да се обезбедат сите сертификати кои ги бара европскиот пазар.

Сето ова треба да се направи веднаш, не утре. Тоа треба да се прави сега. Ако не одговарате на тие услови, треба да развијат нова политика, можеби да се направат дополнителни инвестиции со кои ќе одговарат на условите на ЕУ најбрзо што е можно, да не се чека последниот момент. Затоа што многу ќе загубите. Потребна е мала проактивност и да се подготвите денес, за тоа што ќе се случи утре. Последниот момент е убиствен.

*Што треба да очекуваат малите и средни претпријатија посебно, како важен дел од македонската економија. Дали треба да се приклучат кон големите интернационални компании или...?

- Тоа зависи од стратегијата, политиката и менаџментот на секоја компанија. Сепак, можете да бидете мала компанија, меѓутоа да останете успешни на пазарот и да правите голем профит како мала и убава компанија. Проблемот е во интернационалната конкуренција. Ќе треба да произведувате добар квалитет и тоа по најниска можна цена. Зашто, потрошувачите не се глупави.

Ако знаат дека постои добар квалитет, тогаш тие ќе го купат подобриот. Мора да се подготвите за ова. Текстилната индустрија, мебелот, прехранбената индустрија. Да ги следите трендовите на пазарот и желбите на потрошувачите, регулацијата воспоставена од ЕУ, инаку нема да можете да се проширувате на европскиот пазар. Европските производи ќе бидат достапни на вашиот пазар и ќе ве „изедат“.

*Која индустрија сметате дека е најважна за македонската економија?

- Можеби туризмот. Ако сакате да привлечете странски туристи, мора да понудите квалитет, да ги тренирате вработените, да ги подобрите услугите, луѓето треба да уживаат кога доаѓаат овде. Сето тоа бара големи напори, секогаш се бара квалитет, пријателски пристап. Имате многу да понудите во туризмот.

Исто така, имате добри услови за земјоделство, прехранбена индустрија, има доволно суровини кои можете да ги извезувате.

Оливера Томиќ

Коментари

purchase mobic

rYzMc4 Aloha! and order soma and http://soma-fda.viviti.com order soma and uuympu and purchase vasodilan and http://vasodilan-fda.viviti.com purchase vasodilan and 093 and

Ambien

Viagra

Cheap Valium

Phentermine

Cheap Xanax

Ambien

Viagra

Valium

Cheap Phentermine

Valium


Став

Соња Лепиткова – заменик министер за животна средина
Големи проекти за отпадните води
Ристе Темјановски, професор по транспорт и шпедиција
Коридорите низ Македонија се од европски интерес
Како до подобар успех во работата
Компаниите со препознатлива оригиналност

Mуабети

Муабети од улица Македонија
АЗИЛИЈАДА

Анкета

Колку пари ќе заштедите ако не пушите:


ТОП ДОБИТНИЦИ

ИЈУГ 20,00%
ФАКМ
20,20%
ЕМО
10,00%
БЕСК
8,32%
СТИЛ 4,60%

ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-3,00%
РЖУС -1,99%
РМДЕН08 -0,53%




БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,707 10
1,40%
МБИД 3,074 72
0,67%
ОМБ 110 76
-0,15%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 60.88 61.49
USD 40.39 40.79
GBP 66.91 67.58
CHF 40.37 40.78








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани