Небојша Маслинко, генерален директор на Акцент Медиа
*Акцент Медиа е странска инвестиција во земјава, како фирма-ќерка на австриската групација EPAMEDIA – најголемата компанија за надворешно рекламирање во Централна и Источна Европа. Кои се предностите на една македонска компанија да биде дел од странска групација?- Акцент Медиа е фирма-ќерка на австриската компанија EPAMEDIA International GmbH. ЕПАМЕДИА, која е најголемата компанија за надворешно рекламирање во Централна и Источна Европа, со осумдецениско искуство, е дел од групацијата Raiffeisen и има фирми-ќерки кои дејствуваат во 12 земји – Австрија, Македонија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија.
Глобалниот know-how и моќта на локалниот пазар се комбинираат во сите земји, применувајќи ги националните карактеристики за надворешно рекламирање. Имаме неверојатен тим, кој е максимално професионален и нуди анализи и извештаи за 12 земји преку една канцеларија. Припадноста на секоја од овие компании на семејството ЕПАМЕДИА носи поедноставна соработка и надминување на различните бариери во меѓународното работење.
Се создаваат корисни синергетски ефекти и можност клиентите кои сакаат услуги во странство, да се упатат кон локален партнер кој ги споделува подеднакво истите начела, принципи и стандарди на работа. Исто така, како странска инвестиција во земјава и меѓународна групација, посветени сме на највисоките стандарди за квалитет на нашите рекламни објекти, техничкиот развој и дизајн на естетиката во нивното поставување.
*Вие сте најстарата македонска компанија за надворешно рекламирање, со 15- годишно искуство. Може ли да ни кажете нешто повеќе за развојот на македонскиот пазар во изминатите 15 години, како и за вашите достигнувања?- Во Македонија, до почетокот на деведесетите, овој бизнис беше неразвиен. Но, денеска со сигурност може да се каже дека рекламирањето е една од најбрзо растечките дејности. Растот на оваа дејност започна со поголемиот влез на етаблирани светски брендови и трговски марки на македонскиот пазар. Сегментот на надворешно рекламирање ги следи светските трендови на постојан пораст во изминативе години и има релативно стабилно учество на македонскиот рекламен пазар.
Компаниите најчесто се рекламираат или ги рекламираат своите производи заради промовирање или изградба на брендот, зголемување на свесноста и видливоста на брендот, стимулирање на продажбата... Најголеми корисници на надворешното рекламирање, како во светски рамки, така и кај нас, се телекомуникациските компании, автомобилската индустрија, банките и останатите финансиски институции, модната индустрија и производителите на стоки за широка потрошувачка.
Морам да напоменам дека Акцент Медиа измина долг пат од своите почетоци во 1995 година. Во моментов, како странска инвестиција, компанијата во свој посед има широка палета рекламни објекти, чија бројка надминува 2.000 рекламни површини. Искуството акумулирано од различните предизвици, со кои се соочила компанијата низ нејзиниот развој, е преточено во брзината и квалитетот во изведбата на кампањите и развиените силни односи со клиентите. Фактот што денес компанијата е прв избор на секој клиент, кога станува збор за надворешното рекламирање, е доказ за довербата што ја имаат клиентите во Акцент Медиа.
*Какво е светското искуство и тренд во оваа област?- Акцент Медиа постојано се стреми да биде дел од современите трендови за развој и да останеме лидери во воведувањето нови формати, форми и технологии.
Дисплејот, или таканаречениот LCD панел, е еден од моделите кој ги потврдува модерните светски тенденции на пазарот на надворешната реклама. Се помалку време современиот човек поминува дома. Така се создава потреба, ефектот од ТВ спотовите да му се овозможи на потрошувачот додека тој секојдневно е во движење. Екранот во огромна димензија, лоциран во центарот на градот, со емитување анимации и видео спотови во полн колор, го привлекува вниманието на потрошувачите и ја покажува моќта на компанијата која се рекламира.
Акцент Медиа таков LCD панел има поставено кај Собранието на Република Македонија. Се надевам, во блиска иднина ќе можеме да им понудиме на нашите клиенти уште поинтересни и трендовски новитети поврзани со промените во технологијата.
Дека надворешното рекламирање има големо влијание на целната група потрошувачи, има потврда во фактот - овој медиум денес е составен дел од сите стратешки добро испланирани рекламни кампањи на познатите светски брендови, како T-mobile, Coca Cola, Mcdonalds, Sony, Nestle... Доказ за тоа се и бројките. Во 2008 година, во Америка за надворешно рекламирање се потрошени 6,99 милијарди долари.
Годинава, се очекува во САД да бидат одвоени осум милијарди долари за билборди, од вкупно 201 милијарда долари наменети за маркетинг. Според Price Waterhouse Coopers, таканареченото "надвор од дома - рекламирање", во САД ќе расте со годишна стапка од 8% до 2011 година, што ја прави најбрзо растечка категорија по Интернетот.
*Зошто некој клиент, кој што сака да го рекламира својот производ или бренд, би избрал надворешно рекламирање, наместо да се рекламира само во традиционалните медиуми? - Живееме динамичен живот. Поголем дел од денот сме надвор од домовите, а надворешната реклама допира до нас како составен елемент од животната средина. За разлика од весник, радио или ТВ, надворешната реклама не треба да биде поканета во домот за да биде видена. Значи, на прометна локација во центарот на градот, повеќе од 20.000 луѓе може да поминат и да го видат билбордот во рамките на еден месец.
Тоа е доказ дека билбордите се трошковно најефикасен медиум за изградба на свесноста за производот, брендот и имиџот. Дополнително, големината на рекламната површина прави надворешната реклама да биде лесно забележлива уште оддалеку. Истражувањата покажале дека на човековото око му се потребни максимум до три секунди изложеност на билбордот за да ја забележи пораката. Затоа, надворешните реклами се одличен медиум за комуникација со постоечките и идните целни групи и ја максимизираат ефикасноста на целокупниот промотивен микс на компанијата.
Овој медиум за рекламирање овозможува една иста порака да се постави на повеќе различни локации, што дава голема експонираност на пораката.
Кога станува збор за повторување на пораката, надворешната реклама е најисплатлива. Според американската Асоцијација за надворешно рекламирање, надворешната рекламна кампања нуди најголема вредност за вложените пари. Колку за пример, трошоците за надворешното рекламирање, пресметани за илјада погледнувања на рекламата, може да достигне над 80% видливост во дадена област во еден месец, бидејќи пораката е изложена 24 часа, седум дена во неделата, 31 ден во месецот. Фактот дека билбордот е таму цело време, значи дека изложената фреквенцијата на пораката може да биде постојан потсетник, дури и многу блиску до точката и одлуката на купување.
Со примената на нов софтвер, сега секоја понуда на Акцент Медиа содржи слики, мапи и детални описи на локациите, на тој начин давајќи му на клиентот комплетна информација за она што му се нуди. Ваквите информации, во голема мера го олеснуваат процесот на избор и одлучување на клиентот. Како заклучок, можеме да кажеме дека надворешното рекламирање во континуитет ја зајакнува својата позиција и успешно парира на класичните и традиционални медиуми за огласување.
*Зошто еден бренд да стане ваш клиент, а не на конкуренцијата? - Да повторам - Акцент Медиа е компанија ориентирана кон клиентите и нивните потреби. Имајќи ја ваквата ориентација како двигател на развојот, компанијата настојува да се придржува кон неколку начела.
Квалитетот на услугите е основно мото на компанијата. Успешноста во испорачувањето на истиот квалитет на услуга во секоја кампања, без оглед на нејзината големина и покриеност, претставува основа да се задржат постојните клиенти и да се освојат нови.
Брзината со која се спроведуваат кампањите, честопати е од критична важност во рекламирањето. Искуството кое го има Акцент Медиа во процесирањето на кампањите, се издвојува како една од најголемите конкурентни предности. Со Акцент Медиа клиентите секогаш се сигурни дека ќе го добијат она што е договорено во договореното време.
Естетиката е можеби најважниот елемент на секоја реклама. Во таа смисла, Акцент Медиа настојува да соработува со сите локални субјекти вклучени во дизајнирањето на јавниот простор и на тој начин активно да учествува во неговото развивање.
*По речиси 15 години успешно работење, сигурно, не застанувате тука. Кои се идните планови и инвестиции на Акцент Медиа? - Секако, не застануваме тука. Како и досега, така и понатаму, клиентите ни се на прво место. Акцент Медиа и натаму останува насочена кон своите клиенти, да им нуди што поголем избор на рекламни места и објекти, со што и понатаму ќе го поттикнуваме растот на пазарот на надворешното рекламирање.
Почнувајќи од 2010 година, имаме предвидено големи инвестиции и планови за развој на пазарот, како и за развој на нашите производи.
Туристичките и индустриските региони во Македонија се дел од идните дестинации во нашата развојна стратегија, бидејќи во овие краишта претприемаштвото и свесноста за комуницирање на производите е во силен пораст.
Покрај покриеноста на урбаните средини, мрежата на рекламни објекти на Акцент Медиа ги опфаќа автопатите и магистралните патишта низ Македонија, каде што компанијата, исто така, ја има улогата на лидер на пазарот. Со цел почитување на правилата и законите, Акцент Медиа во 2010 година ќе ги помести оние рекламни објекти кои се наоѓаат на автопатите и магистралните патишта низ државата, кои не соодветствуваат со прописите од новиот правилник за начинот на поставување на рекламни паноа.
Ова е во насока на зацврстување на определбата на Акцент Медиа, како странски инвеститор во Македонија, целосно да ја почитува и применува домашната законска регулатива и така да ја зацврстува позицијата и угледот кај граѓаните, клиентите, локалната и централната власт.
Дополнително, сите наши билборди ќе добијат нов унифициран изглед, бидејќи дизајнот и поставеноста на градската опрема за надворешно рекламирање функционално се ориентирани кон потребите на клиентите, жителите и посетителите на оваа земја. Од овие рекламни површини корист ќе имаат сите. Граѓаните добиваат естетски и дизајнерски решенија, што ќе му дадат поубав изглед на градот или околината. Компаниите добиваат можност за рекламирање на своите производи на еден модерен, врвен и уникатен начин, додека градот добива извор на дополнителни приходи.
Вредно за споменување е дека Акцент Медиа е социјално одговорна компанија. Како една од најуспешните компании во Македонија која го носи знакот на Супербренд, настојува да се оддолжи на заедницата од која ги влече своите приходи преку спонзорства на културни настани, и во соработка со локалните власти да инвестира во некој о6јект од јавен карактер. Она што ја прави Акцент Медиа поинаква од конкуренцијата и постојано успешна, е постојаниот професионален пристап кон работата и грижата кон заедницата.
Коментари
Phentermine
Cheap Xanax
Buy Viagra online
Phentermine
Cialis
Ambien
Buy Phentermine
Viagra
Buy Phentermine
Buy Xanax
UGG bootsChristian Louboutin
There areFake Handbags these
Buy Viagra online
Ambien
Ambien
Cheap Viagra
Cheap Ambien
Cialis
Viagra
Phentermine
Buy Viagra online
Xanax
Xanax
Buy Xanax
Buy Viagra
Cialis
Cheap Cigarettes
Xanax
Ambien
Ambien
Cheap Ambien
Xanax
Buy Tramadol
Cheap viagra
Buy Viagra online
Phentermine
Cheapest Cialis
Ambien
Ambien
iTMkdpw
xlJQBQB
.