Многу економисти, експерти и магнати зборуваат за моќта на парите. Но што се случува со јавните личности - колку и на што трошат, како ги дефинираат парите, како ја оценуваат ситуацијава...? “Бизнис” во прилог ви нуди четири кратки интервјуа на јавни личности од различни профили.
Васил Зафирчев,
актер
По природа сум ултимативен хедонист, во се барам задоволство и уживање. Најмногу трошам на патувања, добра храна, убави ресторани, книги, гардероба, подароци. Облека купувам постојано, најчесто во странство. Не инсистирам на брендови, туку само на парчиња облека на кои го препознавам мојот потпис. Со креатори соработувам само кога се во прашање моите професионални ангажмани. Автомобил немам, зашто не возам и немам намера да возам. А како и секој уметник најмногу инвестирам во сопствената уметност и кариера.
Дали мислите дека се заработува доволно со вашата професија?Македонскиот пазар за уметниците е сиромашен и мал. Пазарна уметност речиси и да не постои. Но оние вистинските уметници кои достојно и со почит го продават сопствениот занает и труд секако дека можат доволно да заработат. Во уметноста постојат ангажмани кои не можат да се платат со ниедни пари, но од друга страна пак, уметноста како професија може да ви донесе искуства и доживувања кои никаде не можат да се купат со никакви пари.
Замислете дека сте економски експерт. Кој начин за излегување од кризата би го препорачале? Самата рецесија според мене не е реална, туку однапред измислена, со цел некои светски моќници да извршат редефинирање на капиталот и зголемување на сопствената моќ, наспроти широките народни маси кои секојдневно се клукаат со рецепти за преживување. Преживување во транзиција, преживување во рецесија. Треба да се живее, а не да се преживее.
Колку го оправдавувате кредитното задолжување?Тоа е неминовност во процесот на глобализацијата, во кој поединецот работи не за да живее, туку да ги отплаќа кредитите со кои ги стекнал придобивките кои го дефинираат неговиот стандард на живеење. Живот во банкарски рокови на рати и камати. Цели економски системи на државите во светот функционираат на тој принцип. Граѓанинот се задолжува во банка, државата во некој од странските монетарни фондови. Фиктивни ликвидни средства кои постојано се вртат во круг. Тоа само ја потврдува мојата максима дека сите пари се туѓи пари.
Читате ли економски весници?Понекогаш. Најчесто тоа се оние економски весници кои покрај финансиските анализи и економски експертизи, на своите страници наоѓаат место и за проследување на случувањата од областа на културата и уметноста.
Сузана Турунџиева,водителка
Најмногу трошам за основни животни потреби и ситни радости храна, облека, сметки, бензин, подароци за оние што ги сакам, а се помалку на патувања. До неодамна додека не се роди втората ќерка, многу често патував така да сега со задоволство вложувам средства во сите бебешки радости.
Облеката не е задолжително да биде брендирана. Секогаш се консултирам со мојот креатор, Нешо, кој знае да направи се што мене ми прилега. Кога станува збор за автомобилите можам да кажам дека зад мене е периодот кога истите ги менував како чорапите од најскапи и најнови, до половни и поевтини. Во моментов возам „Шевролет спарк“ бидејќи во градов ми овозможува да се протнам каде сакам, а бидејќи е помеѓу најевтините возила, не ме обврзува да го засакам.
Дали мислите дека парите имаат моќ да го "расипат" човекот?Зависи од човекот, од тоа во какви услови растел - дали од опинци влегол одма во чевли, колку научил од животното училиште, а не на факултет...дали прочитал некоја книга или едвај знае да се потпише...Има една стара максима која вели - Со парите неможеш да купиш се, ама ти обезбедуваат подобра позиција за да се ценкаш.
Која според вас е најдобро платена професија?Навистина не би знаела да одговорам на ова прашање. Можеби кога би живеела на некои други простори, појужно или посеверно би можела да речам дека пејачите (во една Грција) се меѓу најбогатите луѓе, но кај нас ако не си партиски определен не можеш ни да се вработиш, а камоли да размислуваш за добра заработувачка...
Дали мислите дека се заработува доволно со вашата професија?За мене и моите потреби е доволно, иако секојдневните поскапувања на основните животни намирници не ти дозволуваат да се опуштиш.
Колку го оправдавувате кредитното задолжување?А на кој начин да се преживее кризава, кога не си наследил ни од дедо, ни од прадедо, ниту пак си украл или проневиреил некого?! Го оправдувам кредитното задолжување како спас за чесните граѓани, но за жал тие најчесто (поради високите каматни стапки) немајќи излез се заглавуваат, а не се задолжуваат.
Дики Тавитјан,музичар
Бидејќи сум вљубеник во музичките инструменти, апсолутно најголем дел од моите финансии одат во музичка опрема и во се врзано со мојата кариера. Во текот на годината сум често на пат низ Европа и голем дел од буџетот ми оди во гориво, бидејќи сакам да возам и да запознавам нови простори. Што се однесува до облеката, не ми е битен брендот туку прв критериум е да ми се допадна парчето облека и да се чувствувам пријатно носејќи го. Сум имал неколку авотмобили и секогаш гледам да имам квалитетно возило а моментално уживам во мојот Мерцедес цлк.
Која според вас е најдобро платена професија? Постојат две категории тука, приватен или самостоен бизнис каде зароботувачката варира и зависи од инвестициите и големината на бизнисот. тука би ги вброил нафтените могули, светските компјутерски фирми и недвижнините а другата категорија е статус на вработен во компанија од било кој тип. Најверојатно најплатени се доктори, пилоти, програмери, музичари, фудбалери итн.
Дали мислите дека парите имаат моќ да го "расипат" човекот?Парите имаат моќ да го покажат вистинското лице на човекот бидејќи даваат сигурност и го отстрануваат стравот од последиците кој инаку е скриен во таквите личности. Тогаш често знаеме да кажеме за некого "не ми се верува каков човек станал овој" но сепак тоа зависи од домашното воспитување и изживеаноста на една иднивидуа.
Замислете дека сте економски експерт. Кој начин на излегување од кризата би го препорачале?Не сум воопшто стручен по ова прашање, но мислам дека не ни треба економски експерт, туку човек од акција и храброст. Кога би бил на власт јас би повикал дел од елитата и би покренал иницијатива за вложување и покренување на производството во нашата земја и веднаш би осмислил ситем на закони кои би ги натерал нашите извезувачи на капитал да се откажат од дел од големите провизии и заработувачки во интерес на итножото санирање на економската ситуација.
Читате ли економски весници?Ретко читам економски весници, бидејќи не се сфера на мој интерес, но често знам да ги пратам берзите на економските светски новости кои сите не засегаат како Дау Џонс, Гринспан итн.
Маја Панчева,пејачка
Немам специјално одреден буџет за трошење во месецот. Купуван најчесто по потреба, но не само за мене туку и за децата. што се донесува до гардеробата најчесто го земам она што ми се допаѓа иако понекогхаш можам да си дозволам да купам и некое убаво брендирано парче. Што се ондесува до македонските краетори досега досега најчесто сум сорабутобала со извонредниот Ненад секирарски. често ги автомобилите а симпатизер сум на тересбнки возила. Во моментов има БМВ Х5 и од него сум презадоволна.
Дали мислите дека се заработува доволно со вашата професија?Доколку работиш активно и целосно се посветиш на својата кариера, тогаш имаш и реални шанси да заработиш добро. А кога станува збор за најплатени професиии сметам дека професиите на јавните линости од музиката, спортот, и телевизијата се најпчатени професиии.
Дали мислите дека парите имаат моќ да го "расипат" човекот?Сето тоа зависи од карактерот на луѓето. Оние луѓе кои се научени уште од млади години со труд и работа да заработуваат да дојдат до одредено богатство сметам дека тешко можат да се променат. Додека оние луѓе кои преку ноќ и без труд доаѓаат до богатство повеќе од сигурно е дека луѓе кои се алчни и најчесто не знаат парите рационално да ги користат.
Колку го оправдавувате кредитното задолжување?Добро е што луѓето имаат можност да позајмуваат на некој начин од банките, бидејќи во деншно време тоа стана неопходност. Сепак во секој чекор треба да се биде доста внимателен за да не се навлезе во некои посериозни проблеми .
Читате ли економски весници?Да бидам искрена не читам многу економски весници можеби од причина што имаат посериозна проблематика која не е воопшто блиска со мојата професионална определба.
Јованка Мукаетова
Коментари
fZQMWVZ
dbebgdk
dgcckab
ZjVUKrIKGsIfhaVT
kPQzjuABQLiOAdclSwQ