Јордан Трајков, потпретседател на ДОМ*Законската регулатива во Република Македонија е преобемна и често се менува... - Законската регулатива е обемна и конфузна и ги збунува претпријатијата. Од друга страна, законите во стопанството многу често се менуваат, а тоа ги зголемува трошоците за малите и средни претпријатија, кои не можат да ги следат промените во регулативата. Така, паралелно со донесување на законот, треба да се донесат и подзаконските акти, а кај нас тоа не е случај.
Се донесува закон, а подзаконските акти доцнат со години и може да се случи да се применува новиот закон и подзаконските акти од стариот закон што дополнителни ги комплицира и така сложените услови во кои функционира стопанството. На пример, Законот за вино предвидува виното да не се пушта во промет без пропратен документ, кој е подготвен врз основа на слободно толкување на некои вработени во администрацијата и е целосно несоодветен.
*Можат ли малите и средни претпријатија да ги следат промените во законската регулатива?- Поради сложеноста на законската регулатива, излегува дека е потребно во секоја компанија да се формира посебен сектор кој ќе се занимава исклучиво со усогласување на работењето на компанијата со законската регулатива. Во таа насока, државата треба да им помогне на малите и средни претпријатија кои не можат тоа да си го дозволат.
Инспекторите, исто така, треба да им дадат одреден рок за усогласување на овие компании, а не веднаш да пристапат кон изрекување казни и кон нивно затворање. Честото менување на законите доведува до поголеми трошоци за самите компании, на тој начин се постигнува ефект на “триење“, што значи дека со исти вложувања се постигнуваат помали ефекти. Значи, имаме загуба на енергија, односно непотребно трошење пари.
*Казните за непочитување на законската регулатива се високи, па можат ли компаниите да ги платат?- Компаниите не може да се казнуваат без да се опоменат и без да им се даде рок за отстранување на неусогласеноста со законот. Треба да им се даде можност и време да го направат тоа, а откако нема да го испочитуваат тој рок, тогаш да следува казна. Казните мора да бидат усогласени со големината на прекршокот, односно да биде пропорционална на прекршокот и на големината на фирмата и често се изрекуваат казни кои малите и средни претпријатија не може да ги платат.
Не може иста казна да се применува за големи и за мали фирми. Во врска со начинот на плаќање на казните, треба да се овозможи казните да се плаќаат на рати, наместо сегашната практика тие да се плаќаат веднаш и во целост. Од друга страна, фирмите треба подобро да се информираат, бидејќи голем број од нив не се запознаени со законската регулатива и не им е јасно што треба да прават.
*Како ја оценувате работата на инспекторите и дали се доволно обучени? - Инспекторите не се секогаш правични. Така, постапката на инспекциската контрола честопати е несоодветна, а на терен се испраќаат и недоволно обучени инспектори. Треба да се направи контрола на работењето на инспекторите за нивната објективност при изрекување на казните. Процедурите за вршење на инспекцијата мора да бидат јасно и праведно поставени со регулативата и да бидат достапни до фирмите.
*Дали сложената администрација и високите казни го убиваат претпремништвото во Република Македонија? - Ваквата казнена политика му носи само штети на македонското стопанство. На овој начин не само што се убива претприемништвото, туку и на фирми кои веќе работат, не и се обезбедуваат соодветни услови за вршење на нивната дејност. Треба да се создадат подобри услови за развој на претприемништвото, со што ќе се овозможи раздвижување на стопанството и намалување на невработеност.
Државата итно треба да преземе одредени мерки, со цел да се отстранат сомнежите на домашните инвеститори, дека преку казни се воведува екстра данок за селективни фирми и се полни буџетот на државата. Со тоа ќе се овозможи домашните инвеститори да влезат во нов инвестициски циклус кој ни е повеќе од потребен.
*Има ли доволно домашни инвестиции и што треба да се направи да се создадат услови за нивно зголемување?- Треба да им овозможиме и на Македонците сами да си ја изградат својата земја. Странските инвестиции се потребни, но треба да им овозможиме и на домашните инвеститори да инвестираат во својата земја.
Во Македонија има околу 50.000 мали и средни претпријатија, а луѓето кои ги формирале тие претпријатија се вистински херои на нашето време, бидејќи вложиле во македонското стопанство.
Доколку секоја година во овие фирми се вработува по еден вработен, тоа значи 50.000 нови вработувања. Така, за некоку години ќе немаме невработеност. Па, и ќе треба да увезуваме работна сила.
А.Стојческа
Коментари
zvPgQuPJWKTjm
mUGWUWjjmy
ooJwHXGbybd
discount prevacid
discount aciphex
Xanax
Buy Viagra online
kecbeaf
Ambien
cwhQmkdOCOXCRXb
EAasGQZXoRLoKJHRjn
AolVZqxLemh
UIRylWsLmaR
GvyVAVGOnQJ
utJNEAPDqgxwMcf
zuHvBiolhbADNiuBY
Buy Viagra
yDWpQiLqZeJ
ZpwsPXQnFblrwsnS
Phentermine
HcKBGFEyOwZtmWhuyl
HyikdMuLxgLLbdEi
UopGqZYLAdFPyL
iQmgrTwqYsz
UAqaYGldWmiOXgnf
ydVpazRYZosS
XcRXhTYzGJ
bEFHANeglpwifykWWak
FOFyudBrAbmmXgtJc
KpCxuCIqeohCy
NQJFVMkfZX
dRQmZSePqPjZsPCbD
EMMMFmuvWwitd
zXaTzQFjUxI
uqXeCqdgqPiq
Buy Viagra online
imleRKMhhZ
FgiUrfDPWoIIxEnCXIV
ksIcUjHtPNN
wzknLpvCqjgw
BeODuvnbOjQiPtBuZh
Cialis
Buy Valium
Phentermine
wgZZkdoHAayiBdQ
pIEHDVXqsSRmmUNta
ElasIkMjpLu
Cheap Valium
hshYGxMIcyXs
MFsYwXKJzuVGnJQsUCR