Славчо Ангеловски, заменик генерален директор на „Пексим солушнс“„Пексим солушнс“ е компанија од ИТ-секторот која постои од 1990 година. Во моментот има 130 вработени и просечен обрт поголем од 15 милиони евра. Според повеќе параметри, се работи за водечка компанија во Македонија. Генерално, покрива три големи области. Првата е банкарскиот сектор со целосни решенија, како со софтверски развој, така и инфраструктурни проекции. Втората вертикала е телеком индустријата, проекти во рамки на инфраструктурата на сервер провајдери и третата група на производи се наменети за Владата и за јавниот сектор. Имаат специфични решенија, кои се строго наменети за потребите на корисниците. За моменталната ситуација во овој сектор, разговаравме со Славчо Ангеловски, заменик генерален менаџер на компанијата.
*Какво е искуството да се работи како помала фирма и да се биде член од една групација?- Додека сте помала компанија, тогаш сте пофлексибилни, побрзи, но изложени сте на повеќе удари од пазарот, како и поголема конкуренција. А, кога сте поголема компанија, станувате малку потроми, се зголемуваат потребите од известување, од правење извештаи. Од друга страна, пак, сигурноста којашто поголемата групација ја овозможува, е исто така важен фактор. Исто така, и двете веројатно, голема или мала компанија, имаат свои предности и недостатоци.
Треба да се најде балансот. Големата компанија не смее да предизивика вашата ефикасност или брзина или вештина, да се изгубат поради големата бирократија или наметнување на несуштински процеси.
* Поради која причина станавте дел од „Асеко-групацијата“?- Од крајот на 2007 година „Пексим“ е членка на Асеко-групацијата. Каде што Асеко презема околу 60 проценти од капиталот на акциите на компанијата. Значи, според наша проценка, периодот на нормален или природен раст го надминавме и ни се потребни нови начини за освојување на пазарот. Тоа го видовме во здружувањето во поголема групација, со цел прифаќање поголеми продуктни портфолија и освојување на поголеми пазари.
* ИТ-секторот во Македонија е еден од оние кои најбрзо се развиваат во државата. Како ќе ја опишете моменталната состојба или идните текови на развој?- Се согласувам. Таа констатација, секако, држи, со тоа што моментално, барем според мојата проценка, македонскиот пазар почнува да станува интересен за интернационалните играчи. Очигледно е дека сите од нив сакаат да имаат некое свое присуство во Македонија. Тоа за локалните компании е некој начин на оптоварување, меѓутоа тоа не стимулира и нас да го подобриме квалитетот, да бидеме побрзи, поиновативни и очекувам дека македонскиот ИТ- пазар ќе расте и во иднина.
Од друга страна, лично мое чувство е дека Македонија навистина има квалитетни кадри и капацитет да развива производи кои ќе излезат и на други простори. Не би сакал македонските кадри да се затворат во нашите граници. Нашето искуство покажа дека нашиот пазар станува претесен, веќе немаме простор за развој, така да на сите им сугерираме да разгледуваат малку поглобално.
* Кај нас, иско како и во регионот, има недостиг од компјутерски кадри. И покрај тоа, постои еден стереотип, според кој, нашите квалитетни кадри се извезуваат надвор од границата, со цел да се добие поголема плата. Што треба да се направи за тие да се заштитат, воедно да ги зачуваме дома?- Јас би рекол дека финансискиот аспект е секогаш важен. Нашето искуство вели дека и покрај тоа, младите сакаат предизвик, сакаат интересна проблематика на која ќе работат. Така, не е секогаш само платата причината за одење надвор. Често бараат и нов предизвик во приодот кон новите технологии.
Ние како компанија се надеваме дека ќе им пружиме доволно предизвик и нови технологии на младите кадри кои доаѓаат, така што тоа штп би можеле да го прават надвор од Македонија, да можат да го остварат и тука. И да продолжат да се дружат со своите пријатели, да се изедначат со своите врсници од другите поразвиени земји. Од друга страна, еден мој заклучок вели дека квантитетот на младите кадри не секогаш соодветствува со квалитетот кој го носат со себе.
Така, јас би предложил и образовниот дел од системот да и посвети должно внимание на потребата од квалитет, за да можеме да се натпреваруваме со развиените земји... Треба да се посвети внимание на образованието и на неговиот квалитет, како важен процес од развојот на овој сектор.
* Македонија има и Министерство за информатичко општество. Која е Вашата препорака, во контекст на подобрувањето на условите?- Сметам дека е добро што во Македонија постои такво Министерство. И, добро е тоа што помага во развојот на овој сектор. Позитивна беше кампањата „Компјутер за секое дете“, меѓутоа треба да се посвети внимание не само на квантитетот, туку и на квалитетот на образование што се нуди во државата. Треба да се вложи во квалитетот на домашните компјутерски кадри. Убаво е да имаат искуство надвор од државата, меѓутоа сакаме нашите кадри да остваруваат и дома.
* Во контекст за развој на овој сектор, „Пексим“ неодамна објави дека ќе стипендира македонски студенти кои ќе студираат на Кембриџ?- Сакаме да оставиме белег од фирмата од којашто започнавме - „Пексим“. И покрај тоа што ќе станеме дел од „Асеко“ групацијата, сакаме да остане запаметено името на компанијата од којашто започнавме – „Пексим“. Според тоа, студенти од Македонија, што ќе се запишат на еден од најпрестижните универзитетит во светот – Кембриџ, Белика Британија, ќе можат да конкурираат за стипендија од фондацијата “Пексим’.
Единствена обврска за нив ќе биде да се вратат во Македонија и тука да работат одредено време. Сакаме нашите кадри да останат и да придонесуваат за нашата земја.
* Во кој дел од регионот сте пристутни. Можете ли да направите споредба со другите земји?- Групацијата Асеко нуди информатички решенија во Полска, Словачка, Чешка, Австрија, Германија, Шпанија, Литванија, Романија и во дел од земјите на Балканот. Што се однесува до развиеноста на ИТ-секторот, можам да истакнам дека се израмнуваме со Србија, Бугарија, како и со поголем дел од земјите од регионот. Можеби, само Словенија има подобро развиен информатички сектор, меѓутоа тоа е земја која одамна презеде мерки за разој на овој пазар.
* Како светската криза влијаеше врз вашето работење?- Начелно, кризата не не погоди премногу, бидејќи, сепак, ние работиме на подолгорочни проекти, па годинава ги завршувавме проектите од минатото. Но, морам да изразам загриженост за иднава година. Всушност, се чини, кризата допрва ќе не погоди. Да се надеваме дека не сум во право. Сепак, ги превземаме сите мерки за да се справиме со потенцијално потежок амбиент за деловно дејствување.
* Кои се вашите идни планови за развој?- Засега сме задоволни со тоа што успеавме да се ребрендираме. Можеби е прерано да се каже, меѓутоа, голем предизвик за нас претставуваат земјите од Истокот, кои имаат голем потенцијал. Се надевам дека нашите аспирации во иднина ќе бидат насочени во тој правец.
О.Томиќ
Коментари
CTKOFwxT
kMbLvnv
RLuDBHonGrQULB
ddaaddc
GVyTTHDYtNrKmLkaQ