Сабота
04.09.2010










Данска убедливо на врвот

Најдобри бизнис дестинации во 2009 година

danska
Според ранг-листата на угледниот  магазин Форбс, Данска е земјата која во 2009 била најдобра за водење бизнис. Во истражувањето биле опфатени 127 држави а Данска втор пат едноподруго се наоѓа на врвот.  Зад нејзе се наоѓаат САД, нешто слично како и во 2008 година.
На третата позиција е Канада додека четврти е Сингапур а Нов Зеланд, петти, кој направил напредок од цели пет места во однос на 2008. Во првите десет земји најдобри за водење бизнис следуваат Велика Британија, Шведска, Австралија, Хонк Конг и Норвешка.

Според редакцијата на Форбс, во истражувањето не биле земени предвид економскиот раст, процентот на невработеност, растот на БДП и слично. Во критериумите за рангирањето на државите биле опфатени, критериумите кои директно или индиректно влијаат на водењето бизнис. Најчесто се споредувале, степенот на слобода, грижата за инвеститорите, нивото на корупција, сигурноста во банкарскиот систем и слично.

Од Форбс забележуваат дека во кризната 2009 година најлесно минале оние економоии кои не останале доследни на ниските даноци, слободната трговија и ограничената администрација, мерки со кои не го отежнале и онака тешкото водење бизнис.

Ранг   листа :
1.Данска
2.САД
3.Канда
4. Сингапур
5.Нов Зеланд
6.В.Британија
7.Шведска
8.Австралија
9.Хонг Кoнг
10.Норвешка


Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани