Сабота
04.09.2010










Угостителите инсистираат на дел за пушачи во објектите

Пред стартот на целосната забрана за пушење

pusenje
Угостителите од државата бараат средби со надлежните кои го донесоа новиот Закон за заштита од пушењето, со кој од Нова година на полноќ, се забранува пушење во сите угостителски објекти, летни бавчи и тераси. Тие инсистираат на извесни промени во Законот.
„Ќе бидеме принудени да отпуштаме вработени, а 17 илјади луѓе живеат од угостителството“, рече Љутви Гили, претставник на угостителите од Гостивар. Угостителите се сериозно загрижени за состојбата која би ги зафатила по евентуалната примена на, според нив, неевропскиот Закон за заштита од пушење.

„Во најголем дел од европските земји, забраната воопшто не се однесува на терасите и на отворените простории на угостителските објекти. Многу развиени земји нашле модел како да го заштитат туристичко-угостителскиот сектор, каде во затворениот дел од објектите имаат простор за пушачи“, вели Марија Николовска, претставник на угостителите од Скопје.

Затоа, тие апелираат за разговор со надлежните, заедно со нив да донесат некое решение, кое на европски начин ќе го реши проблемот, а на угостителите да им се овозможи да не се доведат во состојба да ги затворат објектите.

„Во Охрид како туристички центар, владее голема паника, по најавата дека Законот ќе важи за сите угостителски објекти и тоа токму по полноќ на Нова година“, рече Драган Битрача, угостител од Охрид. Тој нагласи дека во Законот е направен превид со тоа што на хотелите им е дозволено да имаат 30 отсто од собите резервирани за пушачи, а на терасите не смеат да пушат, ниту во летните бавчи.

Угостителите нагласија дека примената на овој Закон ќе им нанесе штета, но тоа ќе го почувствува и државата. Тие претпоставуваат дека со забраната за пушење ќе се троши помалку и алкохол, па ќе се намали и приходот на државата од акцизата.

„Од една страна имаме добри субвенции за тутунарите во државата, а од друга ги ограничуваме пушачите“, рече Светислав Стојановски од Куманово. Според угостителите, повикот за разговор со надлежните не е задоцнет. Доколку се има слух, нешто може да и да се смени.

Коментари

bkegkgf

Hello! ggfkgdd interesting ggfkgdd site!

Став

Александар Пајковски, управител на „Дуна Компјутери“
Нашиот адут е ULTIMA® - моќен софтвер за моќна компанија
Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер?
Љубчо Георгиевски ‘‘тежи‘‘ близу сто милиони евра?

Mуабети

Анкета

Колку пари планирате да потрошите за летен одмор?:


ТОП ДОБИТНИЦИ

СТИЛ
2,27%
МПТ
1,22%
ГРНТ
0,64%
ТПЛФ
0,64%



ТОП ГУБИТНИЦИ

ЦЕВИ
-2,77%
ТЕЛ
-2,60%
КЈУБИ
-2,44%
СБТ -1,10%
КМБ
-0,52%

БЕРЗАНТ

МБИ 10 2,357 90
0,28%
МБИД 2,579 55
-0,60%
ОМБ 106 18
-0,04%

КУРСНА ЛИСТА

EUR 61.20 61.81
USD 49.39 49.88
GBP 73.37 74.11
CHF 44.54 44.99








ЗА НАС ПРЕТПЛАТА МАРКЕТИНГ КОНТАКТ

Проект на ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари

Адреса: Бул. Партизански одреди 2/16, ТЦ Буњаковец, 1000 Скопје , Тел. 02/ 3239 800 , Факс 02/ 3239 655 , email: redakcija@biznis24.com.mk

2009 © Сите права се задржани